Мини тушот го зедов пред неколку дена и сеуште не сум имала прилика да ставам и да го тестирам преку ден или навечер, единствено вечерта кога го зедов ставив од него, ептен да не ми биде во мисла и многу ми се допадна. Мислам дека некако и попрактично е така со малечок апликатор да се нанесува, и ми се допаѓа тоа што е како гелче и сама си ја одредуваш количината што сакаш да си ја нанесеш. Јас порано со другите тушеви имав проблем со нерамномерно нанесување, особено од оние што се како пенкалце, а вака ми е супер. Исто така кога пробав да го извадам можев да приметам дека треба убаво да се помине со памуче за да се отстрани, што значи и дека е поприлично траен и не се размачкува. Верувај дека нема да згрешиш ако го купиш, и претходно на форумов читав дека има девојки што се ептен задоволни
Девојки, ако некоја од вас има мрсни капаци и го проба тушот,пишете. Многу сакав да го земам,но во дискуција со членките во една тема кажаа не биле за мрсни капаци.
Ги обожавам тие хулахопки. Марта со проѕирни прсти. Каква боја ти се? Само црните малце ги утнуваат. Моја претпоставка е зашто не ги чекаат да се осушат убаво пред да ги спакуваат. Кај црните на картончето внатре обавезно има пуштено боја на него и тоа ги прави црните малце нерамномерни, ама сепак ми се едни меѓу најомилените, особено за тие пари (100 денари +/-).
Бубаче мислам дека јас нема да ти бидам од голема помош со оглед на тоа дека мене капаците не ми се мрсни. А кажи ми си пробала да нанесуваш прајмер за сенка, можеби тоа ќе ти помага и со фиксирање на тушот.
База за сенка мислиш? Ако е тоа, да користам редовно пред да нанесам сенка. Овој на голден роуз течен многу ми се погоди и без база го нанесувам и траен ми е.