Периодов (минатава недела де) се изнакупував работи), ама ајде само од вечерва: 1. Вода за чистење на шминка, се надевам дека вреди за парите (беше на попуст во ДМ 245 денари, колку е редовна цена не знам) 2. Моите омилени и незаменливи шампон и регенератор (169ден. секој) 3. Си купив и памукчиња (туферите ми се мене памукчиња) релативно ефтини (за разлика од тие на Нивеа) 105ден. за 140 парчиња 4. Бикчиња, 4+2 за 189 денари И денес од Орифлејм нарачав: The One Velvet Matte камена пудра, потемната (450 денари) Антибактериски гел (за на работа - 200 денари) Серум за коса (280 денари) Спреј (лак) за коса (150 денари) и шампон за суво миење (мхм, кога сакам да лажам дека сум ја бањала гривава ) 299 денари И така, ќе ме стрелаат ако ги кажам сумите по дома
И јас така тргнав да барам пудра по совет на @Mishela, ама се вратив со 2 кармина: GR Velvet Matte Lipstick 16 и GR Velvet Matte Lipstick 14, и моливче за уста Aura 56 И ќе ја позајмам сликата од @poenta
Колешка од на работа многу ми го пофали затоа и го купив. Задолжително ќе пишам како ќе ми се допадне мене, само да го пробам.