Многу убави работи. Конкретно ме интересира што е тоа на 3 слика и цена,многу е убаво. И чизмите од каде ти се и цена. Со здравје да си ги носиш.
Ти благодарам. На третата слика тоа ти се сијалички во пластична кутија со фолија. Е сега фолијата незнам каква е, ама прави да изгледа како да светат зведички, инаку внатре се обични леб сијалички во боја. На батерии е, 258 денари во Mr. Bricolage. Чизмите ми се купени во Престиж продавница за чевли во Кисела Вода и Драчево - 1700 денари.
Од последниве 2-3 недели: Решив да го пробам лабелово на Мелем и не згрешив. Мириса на нешто бебешко, а е меко на уста. Не остава сјај. Геровитал шампон и спреј против опаѓање на коса - да видиме дали ќе има некаков ефект, зашто косава моја го претера ептен. И Ердалот е спреј за секаков материјал за обувки и би требало да овозможи водоотпорност на истите. Јакнава од еко-кожа ја зедов пред некое време на попуст од Њу Јоркер. Убедливо најниска цена на ваква јакна што сум сретнала до сега. Материјалот е фин, со нормална дебелина и мек, а внатре има постава. Сега едвај ќе чекам да се стопли за да ја носам.