Здраво драга коловоз ако ми дозволиш јас да ти одговорам. И двете масла се одлични за коса и длабоко го хранат влакното, ја зајакнуваат косата, даваат сјај и спас се за сува коса и испукани врвови. Значи ако косата ти е безживотна ќе ја препородат. Спаѓаат во групата на лесни масла. Е сега кое е подобро тоа не би можела да ти кажам затоа што за секого е индивидуално. Мене на пример ми се допаѓаат и двете за маски и третмани кои ги држам на косата, а аргановото ми се допаѓа и како серум за врвови по миењето на косата. Резултатот горе доле е ист. Затоа ти препорачувам да си пробаш и кокосово па сама да увидиш како твојата коса ќе реагира на него какви резултати ќе видиш и секако ти самата ќе заклучиш кое повеќе ти одговара. Запомни само да ги нанесуваш на благо навлажнета коса. Се надевам успеав да ти одговорам. Поздрав