Си направив добар шопинг со парите од спортска.Си купив кремасто плетено фустанче со кафеав појас,две прслучиња (едно црно со чипка а другото исто црно со црвена машничка), фустанче кое планирам да го носам за Нова година (битно со чипка е како што си барав ), темни цевка фармерки, машничка за во косата и три стегачиња, неколку интересни шнолки, лакови за нокти, две марами Е после кај ми отидоа парите..е каде де
Шал со интересен дезен, на кафено е, пудра, маскара, и чипс од домат, ке ми никне во стомакот како ми е бендисан периодов
Тесни, препретесни темни фармерки. Се искефосав зашто досега сум немала фармерки толку припиени за мене
Чевли и што е најбитно, на попуст, дека беа уште мојот број-40 јееес, елегантни се ептен Заборавив Четки од аура. Сесилија, ги најдов таму кај што ми кажа, во Хит парфимерија, многу се меки и убави. Фала уште еднаш