Ќе може ли да напишеш впечатоци по некое време? Во некоја од темите за козметика. Уште се мислам дали да го купам, страв ми е да не ја иритира кожата. Тагни ме кога ќе пишеш.
До сега сите вака од Рамстор што сум ги земала ми се фини. Си ги перам на 40 степени, не се синтетика, не се непријатни, не ми избледеле и фино ми примале мирис на омекнувач. За тие пари се супер. Дуплава е 4 купони+800 денари, единечната е 100 денари поефтина. Во дуплата доаѓаат јорганска постелнина, 2 јастучници и долен чаршав кој искрено не го користам зашто имам од оние со ластик, ама му наоѓам друга примена.