Дали се вкусни овие на Вердино ? И од каде ги купи? Многу често купувам вакви работи зошто лесно се прават ама не секогаш можам да погодам нешто вкусно.
Од продавница од Ск за вегански производи, маж ми ќе го прашам вечер од која точно како се вика. Инаку многу се убави. Штета што ги нема секаде .
Да додам, ги има и во Веро, јас нагетите ги зедов од Кам. Често наоѓам Кам само плескавици и нагети ама по пониска цена. И арно ме потсети да ги напрам денес ионака немав идеја за ручек. Исто Футура ги има секогаш пред било кој маркет. Ама Вида Верде е дефинитивно најдобро снабдена (веганската продавница). Сакав да те прашам, дали имаше од шницлите шо се во вреќичка? Случајно да не забележа? Исто од Вердино. Утре сакам пак да поминам, претходниот пат немаа. Можда најпаметно ми е да им пишам да знам дали воопшто да врвам. Уште то не ми е пробано. Исто @Eunoia Вердино од ко се појавија кај нас, целосен game changer во без месо исхрана станаа. Пред то работи шо ми биле вкусни не можам да ги смислам од ко пробав Вердино. П р е вкусно е.
Од Вида Верде ги зел. @theowndemon ги имало овие шницли само, пред некој ден ги зема. Знам дека кажуваше дека од Кам ги земаш Вердино, кај нас ги нема во Кам, па кога оди мм во Ск обавезно прави набавка. Дали дека сме помал град ама скоро и да нема ништо од веган кај нас, многу слаб избор. А ептен избегнувам месо. Исто пак ќе кажам мене ми се превкусни. Имаше некои веган производи кои ги нема цела година како путерот на Мегле кој беше од кокос и беше преубав, ептен ми е мака што го нема. Цело Ск преобрнавме дефинитивно го нема веќе во Мк.
@anggell @theowndemon фала ви најмногу на двете. Ги најдов во Веро, многу ми се допаднаа. Прв пат да не ми е тешко во стомак после нагети
Вегански производи се, составот им е од грашок и пченица. Мене ми се многу вкусни. Само виршлите ги немам пробано, она другото се ми е убаво. Јас ги печам, пржено не користам така да не знам каков вкус тогаш би имале. Е само бомбиците од слива и урма ми се преценети, јас домашни поубави си правам, ама мм ги видел знае дека сакам вакви работи па зел за проба.