1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што после дипломирање? Да се работи што било или да се чека добра прилика?

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 17 февруари 2015.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    На okcenzi, Pinafan, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ајајаа, баш и јас го гледав пред малку, ептен си се израдував спремна да праќам ЦВ и да работам и 9 часа и на крај читам Прилеп, wtf? А баш добра платичка. :)
    Башка што прв оглас од септември навака во кој се спомнува машински факултет... (facepalm)
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Плата од 12.000 до 60.000, рачунај дека е 12.000. :D
     
    На okcenzi, anuskaNESTLE, Hipica и 6 други им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Иначе мислев на 12000 топ платичка :lol:.
    Ама почетна, која би траела да речеме едно 6 месеци зависи на колку ќе се потпише првиот договор, а после ако имаат среќа да се продолжи договорот сигурно би биле повисока едно 2-3 илјади денари.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Абе ни за почетна не е нормално со факултет 12 000, не биди будала. Какви 12.000.
    Какви 2000-3000 денари плус, па уште викаш понатака зголемување.
    Ако почнеш со 12 000 да знаеш дека ќе бидат толку во наредни 2-3 години ако успееш да се задржиш на работното место. Тоа е македонската реалност.
    Цели кон повисоко и биди попребирлива, платите се ниски буквално заради тоа - дај шта даш систем кој работодавците убаво го увидоа.
     
    На okcenzi, girl1985, MissSpark и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Лилитке не сакам да мрсам бубрези, ама ова е толку нормално у целиот свет, само кај нас не фукцинира така. У Америка со над 6 часа работно време според закон е задолжително пауза од 30 минути и тоа неплатена. Значи нема сакаш неќеш, МОРАШ ДА СЕ КУЦНЕШ.
    Само ние македонци/балканци се буневме, другиве сите беа зачудени зашто реагираме.

    Мене сега тоа ми е сосема нормално на пример, поненормално ми е што ми викаат неплатена пракса, а кога у полла свет се подмируваат основни трошоци на практикантот, како храна и превоз и тоа не се 2000декари месечно, туку барем 80 евра. Ненормално како со 200 евра мислат дека е нормално да зимаат правници и економисти и остали....
     
    На CameliaMiller, Lella, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    И тука се куцаш, над 30 минути ти одбиваат или мора да имаш доообро оправдување зошто касниш...
    Само за 12 000 плата претерале.
    Патем во Америка е така, во Европа не е... чак што више и го намалуваат работното време на 7 часа со вклучена пауза, што би се рекло - со све.

    Малку бараме, малку добиваме, мислиме дека не заслужуваме.
    Откако видов како делат пари и како се договараат на твој грб на едно работно место, си ветив дека реално ќе си ги држам очекувањата ама дека никогаш нема да прифатам работа испод 300 евра и тоа ќе биде минимумот за кој би работела било кога во животов во оваа Македонија.
    Не дека јас се преценувам, туку одбивно ми е ова однесување на македонските газди. Кај бара со високо образование, па уште и 200 евра плата, ги девалвираат оние кои завршиле средно. Што би работеле тие?
    Извини, ама техничка секретарка, со високо образование за 12 000, пардон 11 000. Си стигнал да бараш секретарка, а не си стигнал да го обезбедиш бизнисот да нуди барем пристојни плати или намали го критериумот и дај шанса на некој со средно образование.

    Сешто се изнагледав и тоа од внатре по фирмиве од друг агол... ќе ви се повраќа од меѓучовечките односи, тука труе македонската економија, па и политика.
    Газди кои лажат вработени, газди кои перат пари, газди кои уценуваат... и ти вика, абе не иде и не иде бизнисов, не знам зошто? И како да му кажеш - зошто си ненормален и себичен на пример?!
     
    На Espadrila, CameliaMiller, okcenzi и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Може се менуваат ете јас не сум знаела, фала на информација, ќе барам работа во Еу од сега :D
    У право си со за ова 200 евра плата па уште и 9 саати на работно место. Што е многу многу е.
    Мислам дека имаше некои научни истражувања колку може човек продуктивно да работи во континутитет, и мислам дека не беше повеќе од 6 часа, после тоа опаѓа квалитетот на работата. Зашто не е само буљај и компјутер нели, треба тоа што го работиш да биде асално сработено.
    Верувам европејциве поише се инфомирани, во Америка ги интересира само ПАРИ и ништо више, ма да они се научени да работат ко коњи и по 12 саати.

    Во Шведска има за време на работа масажа за вработени и вежбање во фитнес сала во склопл на зграда.
    Данска ме фацинираше исто за работни удноси и права на работникот. АМа и свеста ни е друго ниво нас и ним.
    Кај нас покрај паузата голема иаме и 200 пуш паузи. Идиоти сме малку и ние.
    Газдите кја нас се понашаат ко робовладетели, тоа е неспорно.
     
    На Espadrila, crazylady, Candid и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    И јас размислував слично како Мимс, се додека вработената во АВРМ кога се пријавував како невработена не ми одржа добра лекција т.е. ми го кажа горенаведеното со други зборови.

    Нели се пријавувам прв пат и ме прашува за колкава плата би прифатила работа. Искрено, не знаев што да кажам, не сакав да се преценувам, плус и никакво работно искуство немам, освен некои пракси по институциите, па кажав 200 евра за почеток, малку повеќе од просечната плата.

    А таа ми го кажа истото што и Лилит, дека со високо образование и покрај тие сертификати е нон сенс таа сума, па ми додаде уште една стотка плус. Кажа дека секојдневно ѝ доаѓаат млади како мене и ретко кој е свесен и реален за своите квалитети и цели повисоко. Дека ние младите сме биле криви што се задоволуваме буквално со трошки, дека ние младите сме таа движечка сила која може да предизвика промени... Потоа почна и политика да меша, но ја сфатив поентата и благодарна ѝ сум за кажаното - ќе го имам секогаш на памет.
     
    На Espadrila, CameliaMiller, girl1985 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    @Lilit јас иронично го кажав тоа демек 12.000 супер платичка. Ма да кога ќе размислам во моментов добро би дошло и тоа само да мрднам од дома.
    Свесна сум како и сите дека условите за работа во државава се мизерни за сите тазе дипломирами, кај немаш искуство, а сегде ти го бараат па немаш ни можност за бирање.
    Никој со факултет несака да работи за таа плата, реално ни јас, повисока плата зимав на пертходното работно место каде што бев пријавена со средно.
    Работа барам веќе од септември, секој ден ги листам огласите, до сега не сретнав некој оглас каде што бараат лица за вработување со мојата струка - машински факултет. Аплицирам на се и сешто, повеќето каде што бараат со средно, а моето средно - економско го бараат доста и поголема ми е веројатноста дека со средно ќе најдам работа. 90% од огласите се за државна администрација, таму бараат со технички факултети ама знаеме дека тие луѓе веќе си ја трошат платата, третите огласи се за во големите компании во кои очигледно е дека само за џабе испраќаат мејлови луѓево. Нудат стварно големи плати над 30-40.000 денари за кое мора да имаш искуство повеќе од 5 години во струката, а оние кои не бараат работно искуство не те ни повикуваат на интервју, еве веќе 2 месеци поминаа од кога пратив во МЕПСО, и во ЕЛЕМ пратив, Телеком исто, немам никаков одговор два месеци. Па 1000 кадидати да имаше пријавено ќе ги прегледаа до сега... Како и да е зборот ми беше дека веќе престанав и да се надевам и дека би прифатила да работам било што само да излезам од дома, дури и да најдам било каква работа и за минимална плата да е само да излезам од дома ќе бидам пресреќна. Тоа не значи дека ќе престанам да си барам по струка или поплатена работа ама од некаде мора да се почне.
    Затоа и ми се допадна овој оглас, нека биде и 12.000 денари, за почеток колку е-толку е, не сум во состојба да се преценувам затоа што немам ни ден работно искуство како инженер, а во компанијава работното искуство ќе се брои. Подобро 12.000 одколку 0 + седиш дома, се нервираш, бараш од твоите 100 денари за да излезеш на едно кафе на 25 години што за мене е срамота искрено да ви кажам.
    Јас неможам да си дозволам да седам дома и да чекам да ми дојде работата од соништата, несакам да работам за 200евра, вредам за повеќе, знам за повеќе и заслужувам повеќе и еден ден ќе го постигнам тоа, ама мора да почнам од некаде, никој нема да ме вработи одма без искуство и да ми даде 500евра плата. Може ќе поминат години додека добиеш унапредување, години додека не мрднеш малку од платата, ама зашто да не си работиш и за тие 200евра, а во меѓувреме да си бараш и друга работа, којзнае ќе ти се посреќи може. Предноста е што искачаш од дома, имаш обврски, запознаваш нови луѓе, нови контакти, а што добиваш со тоа што седиш дома и пребираш работа? Ништо.

    Приказнава има и друга страна, ама тоа најверојатно зависи од среќата која те прати. Морам да ви раскажам се работи за една другарка. Знаете за онаа изречица дека глупавите луѓе имаат повеќе среќа? Да, она е смотана и многу наивна, онака глупава ама на сладок начин:). Дипломираше што дипломираше, на филолошки факултет и дојде време да бара работа. Арно ама во школо неможе никако да влезе и бараше по фирми, секретарка ова она... Преубава е и шармантна, многу се преценува за своите способности ама ете и упали. Секогаш на интервјуа кога ќе ја прашале колкава плата очекува, таа им кажувала дека за помалку од 500евра не би работела и секогаш го добиваше тоа. Дури како секретарка во една фирма замислете пренапорна и беше работата па си даде отказ. Затоа што шефот ја терал и да запишува рипорти од состаноците, а не само да договара по телефон. Нема врска тоа, сега си работи во друга фирма и покрај фиксната плата од 500евра добива и процент од продажбата па така си стига и до 1000евра месечно кога како ќе и се погоди месецот:lol:. И симнувам капа за тоа.

    И сега јас што да кажам? Како прво ни до интервју не сум стигнала, а не пак да ме прашаат што мислам колкава плата би требало да зимам. Реално ако ме прашаат би кажала околу 20.000денари почетна, ако збориме за струката. Од прилика знам како се платени почетниците инженери во поголемиве фирми, а ни во помалите не е воопшто лошо. Тотално реална плата би било тоа, за почетник без искуство!
     
    На Espadrila, Mimi123, anuskaNESTLE и 31 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Мимс, не е само искуството во прашање, во тоа е работата.
    Ставот на другарка ти е сосема на место. Може и да е приглупа, но да има став за себе кој ќе ја донесе во вистинска насока кон успех и во тоа што го работи таму.
    Обично оние кои да речам скромно се оценуваат себе си, најчесто и имаат пониско ниво на самодоверба што влијае на интегритетот при работењето што е пресудно за да биде една работа сработена. Не е правило, но е обична психологија на успех.
    Тоа е тој клучен фактор.
    Колку се цениш самата, толку ќе те цени и работодавецот, а толку и ќе прогресираш, со толкаво ниво на самодоверба ќе преземаш активности. Блив ми, сум го видела и тоа од другата страна, како евалуатор во група за истражување. Во тесна корелација е и нивото на емоционална интелигенција наспроти логичката интелигенција, почесто се обратнопропорционални кај луѓето и е нормално. Тие тн приглупи и смотанки пореално се оценуваат себе си и имаат повисоко ниво на EQ бидејќи се поприсутни во моментот и побрзо ги оценуваат моменталните ситуации, него ли логичарите со висок IQ кои најчесто бараат причини во минатото, а последици (најчесто со негативен исход) во иднината и испуштаат многу важни информации кои не се лингвистички од околината, потоа прават движења со телото кои сигнализираат ниска самодоверба, а со тоа ниска доверба од работодавачот. Се се случува во дел од секунда, но е софт скил кој се развива.

    Јас сум силен противник на - џабе работи, џабе не седи.
    Барај повеќе, ќе добиеш повеќе. Подобро инвестирај со потпора од твоите во неформално образование за доедукација да стекнеш персонални вештини, не само технички, отколку да се фрустрираш и да си ја набиваш самодовербата уште толку на некое вакво место. Трагичното е што владее само едно правило - ај бе, па ќе се смени ситуацијата, ќе напредувам. Вистинското прашање треба да се формулира вака - што точно сака личноста да работи? Најконкретно на целиот свет.
    Мојата генерација на факултет беа со една визија - да работам во банка... или да работам било што само да е голема компанија. Тие што беа во ВМРО се вработија во Тутунска и Стопанска, останатите фатија врски за други банки, другите уште се по дома затоа што немаат целосна визија каде сакаат да се видат. А работата во банка беше работа со најнизок отпор, учиш обична операција која ја повторуваш милијарда пати на ден, ако имаш среќа ќе станеш шеф кој ќе ја контролира истата таа работа и тоа е тоа. А тие што точно знаеа каде сакаат да работат и што сакаат да работат, НЕ работат во банка и НЕ работат во големи компании, а работат за плати поголеми од 500 евра...

    Ретко кој помисли што ќе работи и при тоа да има зошто го возбудува таа работа и е среќен, речиси никој не помисли што добро ќе донесе за него и за тие околу него со тоа што го работи. Сите мислеа каква-таква работа, за каква-таква плата, каква ќе ми се погоди среќата, какво-такво искуство колку да стекнам.
    Е сега едино ако е работата од соништата, тогаш ќе оправдам и 200 евра плата... онда нема збор.

    Уствари ако се запрашам проблемот започнува многу порано. Се оди на факултет за да се најде работа, со претпоставки - ова бараат, она бараат, за овие има работа, за оние има работа, а не се оди да се учи тоа што се сака... туку тоа е веќе друга тема.
     
    На Espadrila, okcenzi, Mimi123 и 15 други им се допаѓа ова.
  12. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    100% се сложувам со @Lilit . Штета што јас тоа го сфатив откако го поминав првичниот пат што го опиша @mims-89. Мимс верувај дека освен разочарување, нема ништо друго да најдеш на тој пат.
    И знам дека ке помислиш дека лесно е човек вака да коментира од страна, кога незнае колку е тешко... верувај дека знам.
     
    На MissSpark, mims-89 и Candid им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    @Lilit @kolovoz свесна сум дека тоа е точно, свесна сум дека така функционира ама што да правиме тогаш кога на самиот оглас ти е означено колкава е платата? Во тој случај бидеќи си се ценам себе си не треба ни да аплицирам?
    Лилит кажа дека не излегуваме како готов производ од факултетот, токму така, и баш затоа посебно во мојата струка само 10% од она што треба да го знам го научив на факултет, другите 90% ми лежат во искуството. Па неможе штотуку дипломиран инженер кој со свои очи нема видено производствен процес да се секира повеќе за платата одколку за искуството кое треба да го стекне па макар била и неплатена работа.
    Барем според мене е тоа побитно. Мене ми треба искуство во моментов, многу повеќе одколку што ми треба плата. Зошто, затоа што секаде каде што повеќе плаќаат сакаат луѓе со искуство, несакаат да трошат време и пари на тебе додека да те обучат, на нив им треба веќе готов производ. Затоа според мене е многу попаметно да се вработам било каде во производство (бидејќи тоа е тоа што сакам да го работам) за било колкава плата, за да можам да стекнам искуство во производни процеси па да можам после комотно да си аплицирам по огласи кај што ќе видам „56.000денари плата за машиснки инженер со минимум 3 години искуство во производствен процес„, а не вака да се фрустрирам што не сум ни пробала да влезам во фабрика кај што плаќаат 12.000. Значи сакам да кажам дека од некаде мора да се почне, барем мојата професија го бара тоа, буквално јас сум никој и ништо без искуство, а нашиве компании многу малку инвестираат во едукација на вработените и дополнителни обуки, сите те сакаат како готов производ, оние кои се подготвени да те платат повеќе.
    Пак дојдов до она, како да побараш пвоеќе плата и да кажеш колку заслужуваш да зимаш доколку во огласот си стои плата 12.000? :)
     
    На Espadrila, VladeMila, Kala22 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Работното место неможе да зависи само од ставот на личноста, тука има мал милион други коинциденции и ситуации кои го предодредуваат нашето работно место, се разбира зависи и колку ти е наклонета среќата.

    Преголем број дипломирани студенти, а недоволно работни места, па тука се и врски плус, па дали ќе го погодиш моментот да аплицираш пред другиот, па дали имаш некој телефонче да ти сврти, многу тешко е само со ставот да дојдеш до добро работно место и добра плата, иако се подразбира дека самодоверата и визијата се клучни за било каков успех не само во кариерата, но тоа е само еден критериум од сите преостанати, плус ситуации кои мораш да ги начекаш за да успееш.

    Ако збориме за професија кај што треба да се докажеш на лице место тогаш дефинитивно самодовербата не ти е од корист туку знаењето што си го стекнал на факултет и работодавците тука не гледат врски туку бараат квалитет, а доколку се работи за администрација и слично многу е лесно и со врски да се влезе, тука можеби и можеш да манипулираш со самодоверба.

    Сепак проблемот тука не се наоѓа во нас и нашите ставови, самодовербата и визијата можеби успеваат во некои посредени држави, а кај нас се знае партиска книшка, врски или евентуално да ти е наклонета 100% среќата па да имаш навистина добро работно место. Во секој случај никако не треба да го потцениме нашето знаење и секогаш да се бориме за она што мислиме дека го заслужуваме, тоа да, но колку успева тоа тука? а времето не не чека, на крај краева попрудуктивно ќе се чувствуваш кога работиш нешто, па онда различен сплет на околности, различни контакти, можеби и шанси за унапредување од помала на поголема позиција итн.

    Мислам, ретко кој успеал веднаш на директорско место да се закачи, во секој случај подобро е некакво работно место нормално солидно, отколку безделничење по дома. Eте и Хенри Форд како еден од поуспешните рекол "И когa мислиш дека можеш и кога мислиш дека неможеш во право си" еве ова се однесува на сопствениот став и визија, и тоа е точно но тоа само може да помогне во унапредувањето, а тешко дека од дома можеш да успееш со визија, на крај краева сигурно нема некој да ти дојде дома на врата и да ти понуди директорска плата.
     
    Последна измена: 18 февруари 2015
    На Tanjamm, Lella, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    @mims-89 многу е важен самиот оглас...Еве во случајот да го земам овој што го имаше постирано од Микросам. Тие бараат продавач. Батали ти, што тие додадиле пред тоа продавач. Тебе утре на визит картата (ако се вработиш овде) ќе ти стои продавач. И се друго ти паѓа во вода. Ќе имаш 3год искуство ама пак нема да бидеш м.инженер. И пак ќе бидеш во истата ситуација како и сега. Со таа разлика што веќе еднаш си се потценила себе си и секаде каде што ќе аплицираш ќе го имаат тоа во предвид- дека ти ќе работиш се за малку пари.
    Во Македонија сеуште важи правилото со колку ќе почнеш со толку и ќе завршиш- особено за помалите фирмички.
    Ако мене ме прашуваш, што јас би ти дала како совет, е да чекаш и да не аплицираш секаде. Знам дека е ужасно чувството да седиш дома, да бидеш непродуктивен ....ама верувај дека е далеку подобро од чувството да работиш, се да знаеш (затоа што ти ќе научиш многу побрзо за разлика од другите), да бидеш ментор на помладите а да не бидеш платен за тоа и да немаш звање.
    Колку за пример...За разлика од моите другарки кои чекаа 2- до 3 год.за да си најдат работа, онаква каква што тие бараат , јас почнав да работам четири месеци по моето завршување на факултетот. Го имав истото размислување како тебе. Чувството на секој што завршил и што нема работа му е добро познато, па така ќе ве поштедам сите од неговото депресивно опишување...
    Додека јас работев и ги внесував сите сили за да бидам најдобра на своето работно место, моите другарки беа дел од толпата која бара работа...По три години едвај стигнав до она што се вели просечна македонска плата. Претпоставувам на ова ќе речеш - Ете си постигнала...
    Но во меѓувреме моите другарки почаа да се вработуваат и да земаат почетна плата иста колку мојата сегашна плата.
    Па моето прашање до тебе е, што постигнав јас?
    Денес веќе не сум на тоа работно место ...да не беа моите другарки, немаше да знам колку сум се потценила.
    Ќе речеш имам работно искуство...
    Па и тие ќе се здобијат со истото за неполн месец. Секој кој сака да научи, за неполн месец ќе научи.
    Освен работа од 7 до 19ч, без никаков исполнет приватен живот, постојано докажување (затоа што нели млад си треба да се докажуваш, ти можеш се),тапшање по рамо ...А дополнително и на заслуга на својата гордост да бидам самостојна не отидов ни на добар летен одмор (зошто имав пари само за до Грција). Е да ти кажам, тоа ќе го постигнеш. Со таа плата, толкави ти се способностите.
    Ова е моето искуство, ако ти сеуште мислиш дека е добро да работиш за 12000 тоа е твое. Да те потсетам само, моментално никој не зависи од тебе. Ти можеш да чекаш подобра можност...
    .. Ех што не си го слушав татко ми кога ми велеше ...-Ти сакаш да бидеш магаре, јас не те терам. ...Така и јас тебе ќе ти кажам...
    Да имаше фамилија, друг ќе беше муабетот.
    Не сме Америка, ова е Македонија, за добра работа потребно е време. А ако мислиш дека напоредно покрај оваа работа ќе можеш да бараш работа ...се лажеш. Ќе имаш интервју ама нема да имаш слободен ден/час за тоа. А и недај боже да дознаат дека бараш работа]:)
     
    Последна измена: 18 февруари 2015
    На okcenzi, MissSpark, omg92 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Se soglasuvam so Mims 89 .Ne gledam nisto loso vo toa djabe raboti samo djabe ne sedi.
    Toa ne znaci deka ne se cenime samite sebe si dovolno.
    Malku da ne izbrzuvame so precenuvanje?
    Na koe rabotno iskustvo ke barame nekoj da ne ceni?
    Na godina,dve,pet?
    Pa makar i nie samite?
    Ima odreden termin sto treba da pomine?
    Ne deka e plata,platata od 12000den,no da bideme realni za situacijata vo nasata drzava.
    Primer,edno diplomirano mlado lice,bez den raboten vo zivotot(bilo sto,nemora po struka),za da pocne vo edno knigovotstveno biro,so mislite kolku im davaat?
    Ako ne znaete,6000 denari.Ke receme,koj im e kriv?
    Pa ne im e nikoj ama bez gram iskustvo?
    Kolku plata ocekuvame da se dade na rabotnik,pocetnik vo uslovite na nasata drzava?

    Ne zboram za toa kolku treba,tuku za realnata pocetna plata vo nasata drzava.
    Eden rabotnik koj ke prifati za pocetna 12000 toa ne go cini ponesosoben od nekoj sto nema da prifati,da receme pod 20000den.Toa ne ukazuva deka toj ne se ceni dovolno,kako sto i toa koga nekoj ne prifaka za 12000 ne go cini po sposoben zaradi svojata preceneta samodoverba koja itekako moze da mu pretstavuva golema kocnica ponatamu vo zivotot na poleto na svojata kariera.
    Kolovoz,so celosna pocit i dobra namera deka sakas mims da ja posovetuvas posocuvajki go tvojot primer.
    No ne e sekogas taka kako vo ovoj primer.
    Jas pak ke posocam za primer od tipot"djabe raboti,djabe ne sedi".
    Ne se soglasuvam deka toj sto saka da nauci naucuva i za eden mesec.
    Nisto ne se uci za eden mesec,nisto.
    Toa sto ete tvoite prijatelki zaocnale so podobro platena rabota za razlika od tebe,ne e samo zaradi toa sto poveke pocekale.Ete del od moide drugarki desetici godini ja cekaat taa "podobra sansa".
    A godonite i vremeto si vrvi.
    Se zavisi i od kapacitetot na klikerot od samata licnost.
    Vlijae i ksmetot,ama iskustvoto nikoj nemoze da ti go odzeme.
    Samo prasanje na vreme e koga ke treba i kade ke treba covek da presece.

    Zosto mislime deka prifakanjeto na pomalku platena rabota ke e za nas crna damka?
    I toa e individualno i zavisi em od rabotodavecot em od samiot aplikant.
    Od djabe sedenje ne znam nekoj da se ofajdi.
     
    На Doozy, danichap, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    @kolovoz многу од моите пријатели и роднини ме советуваат за истото кое го напиша и ти, да ја чекам вистинската прилика, да не почнувам со било што, да не прифаќам помала плата од она што мсилам дека залсужувам и слично.
    Јас имам друг став, јас добро ги знам капацитетите на фабриките во Македонија, барем на поголемиве и знам дека баз никакво искуство да влезам да работам таму шансите се многу мали, да речам никакви. Да не се фатиме за огласов што го коментиравме, видов дека бараат продавач, а не инженер и не би сакала да продолжам да коментирам за тоа туку ајде ќе ги спомнам платите на инженерите почетници во Џонсон Мети и Контролс. Условот е да потпишеш договор на 6месеци за плата од 15.000денари, после им ги зголемуваат ама не многу.
    7 месеци не видов оглас каде што се нуди голема плата за машински инженер без работно искуство, наспроти тоа видов многу огласи, со навистина солидни плати ама си бараат работно искуство од 3-5 години па и више. Како и да гледаш мораш да почнеш од негде, од дното да кажам.
    Е сеа за сите професии не важи истото ама за мојава и те како важи и затоа мене не ми е во интерес да седам дома и да ја чекам вистинската прилика.
    Многу ти благодарам за најдобронамерниот совет и што го сподели твоето искуство. Јас ако денес чекам, утре пак онаа вистинска можност што ќе ја видам во оглас ќе ми ја земе некој што веќе се стекнал со некакво работно искуство во таа област. И баш поради тоа што сега никој не зависи од мене и немам фамилија за гледање можам да си дозволам да се стекнувам со искуство за никаква пара. Искрено верувам дека секое искуство ќе ми се исплати повеќе одколку седењето дома и чекањето на совршена прилика, тоа е мое мислење.
    Секако сето ова е за огласи на пример каде што во нив е утврдена точната висина на платата, онаму кај што ќе те прашаат колку мислиш дека треба да бидеш платена сигурно нема да им кажам 10.000 денари туку ќе кажам 20.000. Во 90% од огласите е напишана висината на платата така да тоа е тоа.
     
    На Espadrila, VladeMila, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Галапче твоите другарки кои немаат ниту еден ден работно искуство, денес да побараат работа повторно како почетна би ја добиле платата од 9000-12000ден. Помалку нема да добијат. Но разликата помеѓу @mims-89 (извини што те земам како пример) студентите кои само што завршиле, е огромна. Мимс има поголем капацитет побрзо да научи, и да ги учи новите технологии што доаѓаат. Дел е од генерацијата која за се е информирана, а ако не е, знае како побрзо да се информира. Лесно ќе се приспособи на нивниот кодекс на работа и ќе биде желна за напредок- да се докажува, затоа што ова за неа е само отскочна даска.Твоите другарки за разлика од неа одамна излегле од факултет, потешко ги прифаќаат новостите и технологиите а дополнително се изморени од животот ( стрес, деца, беспарица исл.) И тоа ги прави нив далеку потешки кандидати.
    Но сепак ако Мимс не ја прифати работата, и останатите како неа или пак воопшто не се пријави за таа позиција тие сепак работата ќе ја доделат на некоја од твоите другарки, затоа што реално и тие во целост ги исполнуваат условите за вработување.
    Што значи онаму каде некоја како Мимс не се пријавила е примена некоја како твоите другарки. На крај сумираме дека и Мимс(ако прифати) и твојата другарка ќе излезат ИСТО а не биле.
    Што значи Мимс се потценила, -поради младоста и способноста за учење.
    Еднаш си млад во животот. И само еднаш го имаш тој капацитет и желба за учење на нови нешта. Со староста тоа се губи. Затоа кога си млад треба да бираш работа. А кога си стар таа тебе те бира (со огромна почит кон постарите).
    Извини Мимс што не те извадив од уста и што те земав за пример.
    Се надевам дека ќе бидам сфатена. И се надевам дека не навредив никого.

    А во однос на капацитетот, кликерот и времето на чекање не те разбрав баш најдобро. Ако мислеше да споредуваш кој колку има познавање... во времето кога јас аплицирав овие фирми и не постоеја во Мк, ...
     
    Последна измена: 19 февруари 2015
    На CameliaMiller, Candid, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    @kolovoz Se ubavo kazuvas,nema navredi.
    Ubavo potenciras koja erazlikata pomegu stotuku zavrsen aplikant so fakultet i nekoj sto odamna ceka.
    Tokmu toa e edna od pricinite za koi potenciram deka ne treba djabe da se sedi.
    I toj stotuku zavrsen,doma sedejki ke go gazi vremeto,ke go izmoruva zivotot.
    A dokolku od negde barem nekolku godini zapocne nema sto da izgubi,osven da dobie.
    Ne se gubi kvalitetot na rabotnikot,rabotejki.
    Se gudi dokolku se stoi vo mesto,dokolku se stagnira.
     
    На Espadrila, VladeMila, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Галапче јас не го оспорувам работното искуство...
    Прашањето беше : -Дали плата од 12000ден е добра почетна плата за некој кој само што завршил факултет и бара работа по струка?
    Јас затоа одговорив дека таа плата не одговара на младиот амбициозен ум, на изгубеното и инвестирано време за надградба и усовршување кое што секој студент го поседува. Тие 12000 ден во животот секогаш ќе можете да ги добиете како почетна прва плата. Работата е да не почнете со нив. Затоа што еднаш сте млади. И затоа го дадов својот пример. Пример како со таа плата најлесно се крши малдиот и амбициозен дух. Затоа велам, не го следете мојот пример и барајте повеќе. Затоа што и на 40год без ни еден ден работно искуство пак ќе ја добиете таа почетна плата, ама годините и трпението нема да ги вратите назад. Тогаш поради семејството ќе морате а сега ја имате слободата да барате. Затоа барајте.
    Не велам седете 10 год дома и чекајте. Велам, дајте си година, две, три. Ова е Македонија, за добро работно место без врски, овде се чека.
     
    На sasaSasa, Annath и mims-89 им се допаѓа ова.