Што после дипломирање? Да се работи што било или да се чека добра прилика?

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 17 февруари 2015.

  1. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    2.243
    Морам да се надоврзам на муабетот... Да, се шират гласини дека партиското вработување е застапено и во приватниот сектор за жал...
    Но, според моето досегашно искуство (инаку сум инженер) на сите три работни места кои ги сменив, вклучувајќи го и актуелното, влегов самостојно преку интервју. Во приватни фирми. Сите работни места ги менував поради тоа што наоѓав подобра и поплатена позиција. И почнав со 15000, некоја просечна плата со која сите колеги почетници стартуваа... Платата од 20000 за почетник во инженертво е реална, но не верувам дека некој ќе ја добие, затоа што искрено, без пракса не сме ценети на пазарот на трудот.
    Супер е што луѓето се ценат и не прифаќаат било каква работа, но верувајте, сработените проекти наведени во CV вредат многу повеќе од сопственото убедување во очите на работодавачот.
    Така што според своето искуство,сметам дека добрата прилика која ја чекате би ја искористиле само со побогато резиме и работно искуство (колку и да е потценето)...
     
    На Vilince, Marossa, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    За жал, не се само гласини, тоа е проблемот во државава, да беа само гласини, ќе можело секој да се вработува.
     
    На ozbilnazena, mackica1, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    :D

    Ми се чини дека поради вакви работи многу членки кои пишуваа не го сметаат оној кој живее во странство како валиден соговорник на темата, за што има и причина, различна е перспективата.
    Велиш дека младите биле посупешни на запад, секако дека ќе бидат од материјална гледна точка. Во развиена економија каде на 16 години можат да штедат за купување на автомобил.
    Не знам како би можело да се спореди но купување кола, регистрација и осигурување со двогодишна плата од сендвичара на минималец спаѓа во доменот на научната фантастика во Македонија
    (бидејќи веќе нема Мекдоналдс во Македонија па не можеме да споредиме целосно).

    Работа за 8.000 денари месечна нема да те направи ниту поодговорен, ниту да ги цениш парите ниту ќе те залаже некако дека ``заработуваш``, но барем ќе имаш за паста за заби, кафе и цигари.

    Ако работеше во Македонија сеуште немаше да ги знаеш бидејќи прекувременото не се плаќа, ниту во работен ден ниту за викенди и празници со девизата ``ако не ти чини оди си``. :)
     
    Последна измена: 25 февруари 2015
    На НаталиЛили, Mimi123, MacenceEna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.233
    Допаѓања:
    67.739
    Пол:
    Женски
    И јас од 17 години работев како келнерка, па едвај успеав еден точак да си купам, тука во Македонијава. (Па и точакот после ми го украдоа, и од двор тоа.:() Тие се тие разлики. Кај е мала платата, па и на твоите да помогнеш, бидејќи како дојде времето не се ни во средна класа, дали образование да си платиш, што попрво. А не па кола.
    Како и да е, не е тоа темата. Работата секогаш го гради карактерот, инаку вака како бубаче ќе си седиш дома и ќе си мислиш како си добар и највреден без ден работно искуство на тие години. Па кога ќе почнеш да работиш, каде и да е, во било која земја, нема да знаеш што ти е позадината, што лицето. Нејсе, мора да има и такви луѓе, секогаш и секаде.
    И да немаш работа веднаш по дипломирање, што е речиси секогаш случајот, подобро е да се прави нешто, дали да се волонтира, дали да се работи нешто колку да имаш сопствени пари, отколку да се седи дома, да се земаат пари од мама и тато (нормално, доколку имаат да ги дадат, во спротивно нема да имаш избор да ли да седиш дома или да работиш.)
    Јас не се каам што сум работела и додека учев и после тоа, дали било по струка, дали не било, како и да е, не сум седела со прстот во уста и да чекам од моите, ама затоа искуството е незаменливо. Не мора да е искуство само по струката, туку искуство со секакви луѓе, со секакви карактери, снаоѓање во најразлични ситуации, се тоа понатаму и те како се наоѓа. И да најдеш работа по струка, да си во контакт со луѓе кои ти прават проблеми ќе знаеш како да изреагираш.
    На крајот, секој со својот памет.:)
     
    На VladeMila, Vilince, НаталиЛили и 19 други им се допаѓа ова.
  5. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам која е поентата да се чека ДОБРА ПРИЛИКА и да не се работи. Па добро чекај си прилика во мегу време работи си друго! Мене тие што чекаат прилика ми делуваат ко да сакаат да кажат , види јас сум нешто специјално и заслужувам специјален третман. Е не, не си специјален размазен си!!!
     
    На elimkd, crazylady, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Јас дефинитивно ќе чекам добра прилика или сама ќе си создадам.
    Фантазирам дека ќе си направам сопствен бизнис.
    Еве веќе 3 лета сум одела во странство и моите заработени пари дел ги трошам за одмор, партиципација, облека, подароци, но само за најблиските, а дел нема ни да ги извадам.
    Мојата заштеда ќе оди во сопствен бизнис, здравје боже.

    И мислам дека ја измешавте темава, поентата е што после дипломирање, а не додека студираме и можностите за надвор ни се отворени секое лето.
     
    На Hipster и Elena69221 им се допаѓа ова.
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    17.891
    Во договор со моите родители одлучивме за време на магистерските студии да не работам и да се посветам само на учењето. Зошто поентата не ми беше ради реда да завршам со некоја 6ка туку да се изборам за повисок просек. Така сум воспитана да бидам што подобро ва тоа што го правам.
    Сега ми остана уште некој испит до магистрирање и почнав да барам работа.
    Не планирам да сум пребирлива. Подобро да сум на работа и да барам подобра прилика, отколку да седам дома да спиам до 12 и да дремам на пц.
    Ги знам условите во државава и не се преценувам.
     
    На b.u.tt.e.r.F.L.Y и galapce им се допаѓа ова.
  8. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    И јас сакав да работам додека студирав моите ми викаа прво факултетот стави го на прво место. И еве има 6 месеци одкако го завршив, барам работа и спрема струката и без, ама ништо без врски и книшка во државава. Не се преценувам дека имам факултет, па еве де сега не работам ништо ама најмногу ме Провоцира тоа што кај нас не се гледа трудот туку само врските и некој што си го знаел дека врска нема се шлепа така цел живот седи во канцеларија, а ние другиве за кај сме? И тука ти паѓа се во вода. Си викаш зошто јас да работам било што а тој се перчи само затоа што имал врски? :doh: Затоа заминуваме од државава. Зошто не и требаме. Или кога ќе ми речат има работа само на вас младите не ви се работи :^) сериозно? Или пак немате искуство. Како да имам кога никој не ми пружил шанса да го стекнам тоа искуство? За секој е индивидуално и секој со среќата!
     
    На mila89, Night Rider и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  9. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    6.115
    Пол:
    Женски
    Од мое искуство дефинитивно да се работи што било. Дипломирав 2006 од тогаш па наваму имам работено неколку работи, волонтирано, хонорарно работење и слично а стаж имам само 6 месеци. Сепак се чувствувам по корисна кога работам кога имам мои пари за тоа што ми треба па за понатака здравје. Еве платата сега ми е 11 илјади работам работа за која е потребно средно образование И што би било доколку чекам работа по диплома?
     
    На tessie, crazylady и imelda им се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Ne sum ja videla temava porano. Kasno palam.

    Da mi izvini chistachkata moja, ama ke ja spomnam, ogovarajte ja site diplomirani, deka za chistenje ja plakam po 15 GB funti od saat. Kaj mene raboti po dva saata nedelno, a vo istiot den znam deka odi na ushte dve mesta, i ne prifaka novi ponudi oti nema vreme. Znachi minimum zema neshto od okolu 100 evra na den vo kesh. Sram ja bilo shto mi ja riba sholjata.
    Koga se zboruva za trudot se ceni, magichno se sporeduva so krivenje kichma so sednje vo fotelja vo drzhavna administracija.

    Lutete se. Slobodno.
     
    На tessie и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.540
    Допаѓања:
    13.877
    Мора многу да се работи. Трудот не се цени доволно. Јас во текот на работното време немам време кафе да се напијам. Турбо секој ден. Во мојата професија влегуваат многу млади со завршен факултет, ама без талент, љубов кон професијата, креативност. Таквите често менуваат работни места и многу често без плата остануваат. Угледот и почитта од луѓето воопшто ги немаат.
     
  12. Quincy

    Quincy Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2015
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    8.009
    Јас моментално сум невработена со завршен факултет. Искуство никакво,само едно со волонтирање. Барам работа и со дипломата и без. Ми се пружи сега шанса да работам во фаст фуд ресторанче како келнерка. Навистина се двоумам дали да одам. И сакам и не. А мора да заработувам и да се осамостојувам веќе. Што мислите вие? Би прифатиле ли да сте на мое место?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.432
    И јас имам завршено факултет еве скоро 2 години и досега немам работено на струката , а во блиска идина тешко дека ќе најдам работа на мојата струка, бидејќи живееам во мал град каде што да се најде обична работа е многу тешко....
    Jaс искрено да, би прифатила што и да е, за да бидам малце независна, а сепак и искуството е многу важно во животот.
    Мислам редно време е да почнеме сами да зараобтуваме, бидејќи не може вечно да чекаме од нашите родители .
     
    На okcenzi и Quincy им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    2 месеци после отварањето на темава да си кажам каде ме однесе патот.
    Се вработив, секако не по струка - оти тоа е научна фантастика.
    И повеќе од одлична работа и работна позиција на хиерархија на која не ни очекував ете така си дојде, платено тродупло одколку што би зимала доколку се вработам по струка, а и позиција на која не би стигнала ни по 20 години стаж без врски.
    Што е она што најмногу ми помогна да ја добијам работата како и да се докажам и добијам повисока позиција и на крај да можам да ја задржам? Тоа е секако искуството од претходното работно место како и обуките и курсевите кои ги посетив исто така благодарение на тоа работно место кое исто така немаше врска со мојата струка. Добро да не лажам многу, клучно е и да ги познаваш вистинските луѓе како и да се најдеш на право место во право време, но без искуството мислам дека ќе беше џабе или ќе си бев онака само уште еден вработен и ништо повеќе.
    Повеќе не ни сакам да работам по струка, дури и не ме ни интересира ништо повеќе од областа од која завршив кога ќе си ја видам платичката. Одсекогаш сум сакала работа во која има вклучено комуникација со клиенти, убедување, проджба, стратегии зашто на тоа поле сум ајкула.

    Заборавив да пишам дека првично не ми беше работа од соништата или приликата што требаше да ја чекам, ми улета онака ко да видам за што се работи па ај да чепкам нешто додека да најдам нешто по струка, нешто сериозно демек...
     
    На 1209, Trnche, slavica999 и 16 други им се допаѓа ова.
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Na site ni e jasno deka vo Makedonija da baras rabota i da najdis po struka e naucna fantastika...
    Toa pocna da go sogleduva sekoj i nasite roditeli i na kraj site krenaja race i pocnaja da velat POCNETE DA RABOTITE BILO STO TOA E...
     
    На Nausicaa и okcenzi им се допаѓа ова.
  16. bim00

    bim00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    93
    Од тоа „работете било што“ тие со факултет и со знаење земаат минимална плата и се задоволуваат со малку, а оние без знаење и факултет се разбира, уживаат високи позиции
     
    На okcenzi, kjukli, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.046
    Пол:
    Женски
    Ма каква работа по струка !! Во МК непартиска и без список работа е само таа за келнерки и готвачи кои се најтражени и за кои не требаат врски. Ма каков факултет и кој ти го цени образованието тука ? А сакаме да ни го признаат надвор ?? Е затоа и протестираат младите, поради хаосот кој го создадоа и наметнаа овие на власт со нивните инфантилни и маркетиншки потези.
    Па погледнете ги нашиве сегашни политичари како репер за тоа какви типови доаѓаат на видни раководни места. А тие истите ти ја уредуваат државата.
     
    На Nausicaa, kjukli, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.577
    Допаѓања:
    140.083
    Јас одамна дипломирав, па се надевам дека моето искуство ќе му помогне на некој помлад :)
    Завршив средно, со ниту една четворка во целото образование. Слободно време попонето со курсеви по англиски, компјутери, француски и државни натпревари.
    Кога сакав да се запишам на факултет, имав неколку професии во кои се гледав. Имаше неколку предмети во кои уживав. Ама, на крајот сфатив дека ако одберам нешто од тоа, нема да можам да се вработам со години. Одбрав факултет кој можеше, според мене на мои 18 години, да ми донесе повеќе можности. Положив приемни, нормално со максимум поени и јас не би била јас кога не би била прва на листа за упис. Со уште 800 колеги од генерација.

    Бидејќи живеев надвор од дома, а моите беа и двајцата без работа, избркани после приватизацијата, и се прехранувавме со заеми и почетничко земјоделие, решив да работам некаде. Најдов неколку места кои се сложија да ме вработат, со платичка колку да си платам за студентскиот дом, 4000 месечно. Кога кажав дома, за малку избегнав ќотек. Ставот на моите беше дека можат да ме издржуваат додека завршам, бидејќи ако почнам да работам, нема да имам време за учење и нема да дипломирам. Знаејќи ја ситуацијата, завршив меѓу првите на факултет. Не гледав оцени, гледав само да положам и да најдам работа.

    Е тука дојде тешкото. Сега веќе немаше работа по струка. Аплицирав на куп огласи, може сте ме читале по другите теми. Не можев ни да се сетам каде се. Правев табели со места каде сум аплицирала. Почнав да работам без пари кај адвокат, кај нотар, во суд. Во суд само што влегов, ме избркаа по 2 дена. Требало син на некоја судијка да дојде, јас сум била дете на земјоделци, немало што да се мешам во високата фела. Синот на судијката беше глуп ко магаре, сите испити со бубчка во уво ги минеше, а кај што беше усно, одеше со мајка му. Ден денес е глуп и е волонтер на истото место. Јас отидов без пари да работам кај нотар, па кај адвокат.

    Ме викаа на тестирања, интервјуа, одев шверц со воз до Скопје, немав пари за карта. И на којзнае кое аплицираање, поминав околу 4 тестирања и интервјуа на едно исто место (наводно имало 200 пријавени па се правела селекција) ме виканаа на работа. Плата 10 000, непознато што ќе работам, веројатно преведувач :) Ми виделе во ЦВ дека имам меѓународна диплома по англиски, а и тоа што на интервјуто пред шефон (не ни знаев дека е шеф) сум рекла дека многу сакам да работам и немам мака ни со 15 работни саати на ден. Мутава. 10 000 беа врв, не ми се веруваше дека толку многу ќе земам. 3000 за кирија, 1200 за сметки, 1000 за автобус и цели 5000 за мене и јадење. Ако ништо друго, не бев параит и не чекав од моите.

    Работев многу, ептен многу, преведував ко блесава, лекторирав, преформулирав, усогласував со наше законодавство. Абер немаше од право работата. Се додека по 6-7 месеци, не ми дадоа работа што требало да ја заврши некој од постарите колеги, ама отишол на боледување. После толку преводи од темата и искуството во адвокатската канцеларија, се знаев, и наместо за еден ден, за еден саат реферирав и однесов кај шефот. После ми даваа и таква работа. По некое време сфатија дека работам добро и решија да ме вработат на неопределено, а не со договори на дело, месечни. На огласот пуштен за мене конкурираа 350 луѓе. Меѓу нив и моите колешки, другарки, комшиката. Па уште и луди се правеа дека не знаеле каде скапувам дење ноќе. Не ме примија, пред мене на листата беа деца од ФОН со 10 просек. Со тажна неписменост.
    Уште една година работев за 10 000. Исто надвор од струка, цело време.

    Дојде ново раководство и решија да ме вработат, оти ќе сум си отишла. Пуштија оглас и по некоја луда среќа, ме примија. Од радост, цел викенд од дома не излегов од плачење. Имав пари и за да им давам на моите, за долговите од моето студирање.

    Денеска, земам мннннннооооогу повеќе плата од тие 0 во првата година, 10 000 во вторите 2 години, добив 2 пати унапредување, ангажирана сум и на други места за викенди и заработувам страшно многу во споредба со малиот волентер, судското дете. Со мои пари магистрирав, со мои пари живеам, уште работам по 12 саати на ден, ама не ми смета. Работам на нешто комплетно неповрзано со мојот факултет, сосема нова област која не беше позната кога дипломирав, ама сега сум стручњак во истата.

    Сега да ми речат дали жалам што не останав во суд, ќе речам, не. Заработувам скоро како млад судија, а со моите години немаше да можам ни да припарам да бидам судија.

    Затоа, не барајте работа по струка, не барајте одма да сте шефови, да земате плата колку што сакате. Прво се оди низ калта, а после на асфалтот. За да ја имам оваа работа денес, жртвував многу, ама сега ја уживам. Затоа, дајте се од себе и не се откажувајте. Не се преценувајте, денес секој може да заврши факултет. Не секој може да работи како што треба.

    За оние кои не ни пробуваат, оти се било партиски, да ви кажам. Мојата најдобра другарка заработува дупло од мене, веќе си купи и куќа и сега ја уредува. Член на опозиција уште од дете, со родители членови на опоозицја, со сестра советничка на опозицијата во едно градченце. Стана адвокат, има предмети милион. Многу е барана. Првата години никој прагот не и го поминуваше, ама сега има и дете вработено за да прима странки. Некогаш не е до државата, некогаш е до вас. Кога ќе ги исцрпите сите ваши опструкции, тогаш барајте кај друг вина.
     
    На Rebecca_R, VladeMila, 1209 и 28 други им се допаѓа ова.
  19. NajMila2

    NajMila2 Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    22
    Веќе некое време ја гледам темава, денес конечно сите 11 страни ги исчитав ^_^ и не зажалив. Ќе се обидам да ја пренесам мојата приказна, и ќе бидам среќна ако некој најде инспирација или му послужи некому од било каква корист.
    Цел мој живот живеам со мајка ми, никој не не помагал, баба ми и дедо ми не беа во можност, нити останатите роднини. Мајка ми работеше професија во која доминираат мажи ама беше таков експерт што ретко кој можеше "камен да фрла" со неа :muscle: така што успеваше да заработува за кирија, сметки, курс по англиски, велосипед, гардероба за двете. Не се расфрлавме со пари, не ни имавме за тоа, ама солидно живеевме. Јас бев дете од книга. Секогаш со носот во книгите. Ниту еднаш во животот не ме видела да учам, или ми рекла седни напиши домашно. Одев по натпревари, пишував поезија, проза, организирав школски настани... И во тој период на моето среќно детство ни на крајот од паметот не ми паѓаше дека ќе имам ваков живот. Проблемите започнаа кога работата на мајка ми нагло опадна, а јас бев средношколка во Битола. Едвај врзувавме месец, неколкупати и исклучуваа струја, што е најмалку важно во споредба со нервозите и солзите што ги леевме зошто сме во безизлезна ситуација. Прв пат почнав да работам на 15 години. Како келнерка преку лето. Дали ми беше срам? Многу. Затоа што реалноста ме удри толку силно в лице, што си паднав на дебелиот задник и уште не можам комплетно да застанам на нозе. Секое лето го правев истото. Ми беше срам од себе, не од работата. Едвај завршив средно школо, како одличен ученик, немав фустан за матура да си купам. Ми се срушија сите соништа. Немав никакви надежи да се запишам на факултет и да се школувам. А ако нешто сум сакала во животов, тоа е науката. Сосем случајно дознав дека на еден млад доктор му треба забен асистент во мојот град. По две недели пробна работа, тој ми понуди да работам кај него. Прифатив зошто морав. На 19 години ја добив првата фром 9 ту 5 работа за плата од 6.000 денари. Јеп. Едвај храна купувавме со тие пари. Подоцна се запишав на дисперзирани студии со мала партиципација, сменив уште две работни места за повисока плата, понекогаш работев и како хостеса каде што ќе ми се понудеше, сеуште сум студент и работам во истовреме, се изгубив и се најдов себе си неколку пати, се самосожалував и се гордеев, правев грешки, учев, едноставно ми се случи живот од онаа помалку сјајна негова страна. Школскиот на кого му пишував состави по македонски денес е инжинер во "Бетон", дипломираше навреме и паралелно со работата е на магистерски студии. Живот пише романе. :D
    Извинете ако малце го тупам и не ја посочувам јасно поентата.
    Сакам да кажам дека понекогаш ќе треба да се сложите да работите нешто што не ви одговара. Ни со карактерот, ни со образованието, ниту ви обезбедува материјална сатисфакција. Ама мора да бидете силни, понекогаш не толку за себе, колку за некој друг. И не се срамете од тоа. Мене работното искуство ми донесе само корист. Никогаш досега не сум имала штета. Ме направи силна и ми даде способност да изградам став кон проблемите. Да не се откажувам. Да си поставувам цели и да работам да ги остварам. Не, немам висок просек. Ама никогаш не сум спремала испит со недели. Имам прочитано повеќе дополнителна литература отколку било кој од младите професори на факултет.
    Како се калеше челиокот,знаете? :)
     
    На Rebecca_R, 1209, stiki18 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.776
    Допаѓања:
    274.404
    Јас само на кратко :)
    Работам во државна институција, без роднини и партии зад мене.
    Како?

    Ни јас не знам, да се утепам сега нема да знам.
    Аплицирав, ме викнаа на разговор, ме викнаа на работа.

    А аплицирав затоа што немав веќе друга попаметна опција, приватниов сектор е срање.
    И ајде ме убедија од дома, ништо не ме коштало.

    Ете, бидна, не дека работам којзнае што, ни по професија ми е (сосема друго имам дипломирано).

    Најлесно е да плачеме, не дека не е за плачење државава, ама генерално во животот бирам да се борам, наместо да се самосожалувам.

    Дм има своја фирма (исто како мене не е пратиски и роднински обезбеден), веќе подолго време ја има и супер му оди, а од 0 почна.

    Ништо на светов не е лесно, ама тој не директорува, и по 12, и по 15 саати е на работа.

    П.С. Со диплома во рака, сум работела и како келнерка (и тогаш заработував дупло повеќе него сега, ако си ги бројам бакшишите и бонусите), и како промотерка по маркети, итн.
    Само без работа не сум била.
    Кога аплицирав ваму, имав 5 страни CV за читање, сосе препораки. Од кафич, од кафич, препорака си е препорака :mm:
     
    На Giovanna, Jordanovska-K, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.