Што после дипломирање? Да се работи што било или да се чека добра прилика?

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 17 февруари 2015.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.783
    Допаѓања:
    274.490
    Бубалче, одамна ти е мислењево, би било убаво да не апдејтнеш :)

    Вака, имам работено во неколку европски земји и во Америка.
    Седи раат, тоа ќе ти кажам, од мое искуство.

    Рачунај си ти 1000 евра неделно. Јас толку (и малце повеќе) во Америка заработував.
    Имав во кеш да си купам таблет, ама дека нешто посебно побогата бев него тука... хм, па не баш.
    Освен ако не ти е океј да живееш во кокошарник со ВЦ последен пат исчистено од рацете на некој роб, киријата е ужасно скапа. Посебно ако одиш во некое културно, убаво место. Просечен Американец нема пари за цигли да си купи, живее во барака, за сва времена.

    Храната е ретардирано скапа, телефонот кај нас е боза, ако споредиш колку е таму (околу 50 долари не ти стигаат за 1 недела умерено користење), а па облека и остало..

    И да ти напоменам, со една работа, во Америка, сонувај си дека добро се живее. Јок. Освен ако не работиш на некое убавко местенце, а нема, затоа што ти треба таа диплома да ти ја признаат, или да си завршиш таму високо образование.

    И ако си речеш, ај келнер ќе бидам, само нека се работи нешто, знаеш што? Немаш образование кај нив ни за келнер. Имаш позиции под келнер кои ќе ги усовршиш пред келнер да бидеш. Можеш во Mc Donalds да плескаш, не дека не.

    Што се однесува до Европа, работев како рецепционерка во хотел, сама си ја најдов од тука работата.
    Не ми требаше ни диплома ни бакрачи, зборувам одлично Англиски, така и ме примија.
    Заработував околу 1500 евра месечно, со тоа што имав обезбедено храна/смештај.

    Е тогаш имав океј, плус париче.
    Ама далеку дека можев да се луксузирам :) Со 1500 евра супер живеев, ама затоа што не плаќав ништо, освен цигари и телефон.
    Да требаше да плаќам кирија, храна, сметки...

    Не се споредувај со домородците во било која земја на светов, посебно ако си пребирлива.
    Само кај нас некој од Пиздец работи на убаво место, а без образование.

    Пробај без образование кај било да работиш, ќе се надеваш на келнерска работа - од опусот на работни места за недржавјани, тоа и едино градежништво се најдобро платени :)

    Поздрав, секое добро.
     
    На Olgica.bu, Gosh, butterfly33 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Незнам што си пишувала реферати,ти со својата судбина,ама за келнерка да работам - НИКОГАШ!
    А за во странство веќе не ни сакам да слушнам квази муабети,тоа што ти си се паднала во таков амбиент и таква култура таква ти е судбината.Па не е само Њујорк и Лос Анџелес по кои трчате мислите глумци ќе станете.Има и доста мали градчиња во кои се заработува добро.Си пишала телефон да купиш епа да работиш и да трошиш секој ден нема мајчиче да заштедиш.1000евра неделно тука не ги заработуваш ни со образование ни со без него.Ако тебе те плаќаат тука седи си,мене никој неможе да ме спречи. И те молам да не ме рецитираш повеќе бидејќи не сум заинтересирана за твоите мислења.Поздрав.
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    За почеток било што легално со цел да се собере повеќе разновидно искуство и самодоверба, а после станувам милијардер.
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Мислењето ми е поделено но мислам дека надвладува она да се проба човек со било каква работа па ако оди - супер ако не - зависно од ситуацијата во која се наоѓа.
    Зошто да се работи било што?
    - Бидејќи се стекнува работна навика, се учи да се распоредува времето, парите се ценат многу поинаку кога сам ги заработуваш, се запознаваат нови луѓе од кои согледувате какви (не) треба да бидете, учите како да се однесувате со колеги и сл. За жал сум видела и луѓе на 25/30 години кои не знаат воспостават комуникација со колеги, не прават разлика меѓу приватно и службено, кои немаат работа навика па станување рано сабајле им е смртна казна а за работа во смени подобро да не пишувам.
     
    На WarriorAngel, shz и toogood им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.383
    Допаѓања:
    42.010
    Ќе си се вработиш у кафич или у маркет, фино лепо.
     
  6. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Па толку нè утепаа нас со дипломи, ни Mегдоналдс нема.
     
    На parksey и Gosh им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.383
    Допаѓања:
    42.010
    Таму со средно само.
     
    На joy1 и Matotheja им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    Понекогаш си викаш ај ќе работам било што додека чекам добра прилика. Ама проблемот е што кога ќе почнеш да работиш било што по 8-9 саати, плус саат време у патување и остатокот од денот/ноќта го користиш да се видиш со некој, да завршиш некои обврски и немаш баш време да бараш нова работа. Затоа препорачувам доколку некој сака да работи било што додека чека добра прилика (по струка), мора строго дисциплинирано да планира време за барање работа, праќање CV, јавување по луѓе, лично одење во фирми, па дури и усовршување во струката. Пример ако си студирал програмирање, треба да си го освежуваш знаењето, па и да одиш подлабоко во материјата, затоа што со факултетското знаење си почетник и тоа у минус во однос на она што се бара на пазарот. А плус и ако заглавиш негде како келнер, па и тоа што си го знаел ќе го заборавиш.
     
    На herbst-girl, YoungandBeautiful, vendiii и 8 други им се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Ако ти е до пари, започни на почетокот било што, но дади си рок. Поработи пола година до година, што и да е, колку да земеш некој денар, а паралелно работи на случајот да се вработиш таму каде што вистински сакаш. И не заборавај, времето поминува! Немој да се оставиш во таа некоја рендом работа 2-3-4 години. Зошто ќе наполниш 27-28 години, единствено искуство ќе ти биде само од таа рандом работа и после нема да можеш да се вработиш таму каде што вистински ќе сакаш зошто нема да ги исполнуваш условите.
    Всушност, подобро е првите 2-3 години после завршување на факултет да го жртвуваш времето и себе си за пракси и волонтирање и било што што ќе ти помогне да стекнеш искуство и да идеш во насоката кон посакуваната работа, отколку да бидеш нечија работна сила за минималец. Се разбира, исклучоци се оние кои навистина им треба секој денар за да преживеат.
    Но не заборавајте, времето поминува многу брзо! Многу е важно како ќе го искористиш!
     
    На Olgica.bu, YoungandBeautiful, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Само што тоа било што, не е исто како пред 10 години.
    Сега и за диплење алишта бараат искуство и кога ќе слушнат дека си со факс муабетот иде вака "Ааа ти ќе си одиш да работиш по струка, не си за тука."
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Мислам дека некои на темава многу се испозанесени и превише си дозволуваат...во смисла, потценување на работни места, потценување на децата и на самите родители кои ги пуштиле децата да работат како келнери, или чистачи во Германија или Америка.
    Имам комшија што отиде за Америка уште како студент, на почетокот работеше на две работни места, како келнер во ресторан и кафич и се со цел за да може како прво да преживее, да излезе на крај со кирии, сметки и храна. А после остануваат другите трошоци. Некоја година подоцна, дечково сам си изгради куќа огромна, си купи кола, и си го среди животот бидејќи запознал луѓе во Америка, кои стекнале доверба во него па му дозволиле да работи на повисоки позиции со повеќе пари.

    Од ова само сакам да им поставам едно прашање на оние што мислат дека се "посебни", дека вредат повеќе и слично. Вие, што седите дома со години, секој ден ви е ист, (исчисти, измиј садови, барај пари за кафе, гледај турски серии) барате пари од дома за влошки, мислите дека вашето образование вреди повеќе од 12000 месечно, што направивте вие во вашиот живот во тие неколку години откога сте дипломирале? И дали стварно мислите дека вредите повеќе од 12000? Знам дека фирмите утепуваат со платите, ама работата е да почнеш, да научиш како се работи, да се докажеш, за да после имаш опција ти да бираш фирми и работни места, а не тебе да те бираат. Што е толку страшно да се почне со 12?
    Да ви кажам јас како размислувам. Ако сте дипломирале пред 3 години да речеме на факултет за информатика, сте чекале 800 евра почетна плата бидејќи така ви викале од дома дека ќе бидете програмер и не треба за 12000 месечно да работите, а во меѓувреме не учите ништо ново, не се надоградувате, и тоа што го имате научено го имате заборавено и вие на 30 години очекувате некој да ве вработи и да ви даде 1000 евра плата? Мало морген. При толку млади луѓе што чекаат шанса да научат, да се докажат, да творат и прават нешто и не им е битно колкава ќе им биде платата, јас не би ве вработила. Не велам дека треба да се потценувате, ама да бидеме реални, во Македонија, сите млади луѓе што сум ги сретнала се преценувале. Никој не се потценил да оди да работи во фирма за 12000, а он инженер за во НАСА.

    Почнав да заработувам сама од трета година на факултет. Тоа не беа некои пари (5000 месечно), ама за мене и за мојата фамилија биле супер и биле помош. И горда сум што ќе кажам дека од јуни месец годинава сум потполно независна. Живеам во друг град, не живеам со моите и сите трошоци, како кирија, сметки, храна, доктор, облека и многу, многу други работи сама си ги плаќам и ми остануваат некогаш да и дадам на мајка ми да си има бидејќи е невработена.

    Он топик, испити немам, ми останува уште дипломска за да завршам со факултетот. Не работам баш по струка (информатика), пак е поврзано со компјутери ама не е програмирање. Ама да ви кажам, баш ми е гајле што не ми е по струка, бидејќи секоја недела јас добивам плата. :D Моја, на 22 години. И знам дека работава ми одзема време и немам време да седнам да ја направам дипломската, ама ми се нудеше шанса да дипломирам навреме ИЛИ да почнам да заработувам и јас ја одбрав втората. Си штедам за кола, после тоа ќе си штедам за стан и за се што ќе ми текне, а вие што мислите дека сте превише паметни за да работите било што, размазени и пазени од дома, вие нема да мрднете од таа мртва точка во која моментално си седите. И не е дека нема да ми дадат пари, не е дека не ме сакаат од дома :D ама поубаво е вака. Зарем тие се родени цел живот мене да ме мислат? Сакам да видат малце раат мајка ми и татко ми. Едвај чекав да почнав да заработувам и ми се чини дека никогаш не сакам да престанам.
    А тие пак, што чекаат вработување од партија тие ми се сосем друго ниво на ментална заостанатост. Поарно ќе имам 12000 во џеб отколку 20000 ама нема секое сабајле со страв дека ќе ме избрка новиот градоначалник од другата партија да одам на работа.
    И друго нешто. Може многу да се научи од било каква работа. Јас научив како да комуницирам со луѓе, научив како да решавам проблеми во најмал можен рок, како да бидеш точен до секунда, како да бидеш професионален, што јас би платила за некој да ме научи оти ова на факултет не те учат. И затоа, верувам дека кога ќе аплицирам во фирма, би имала голема предност баш поради ова.

    И на крај, кој постигнал повеќе во животот? Тој што седи дома и си чека совршена прилика, или тој што засукал ракави и сам си створил иднина?
     
    Последна измена: 4 декември 2017
    На Tam4yy, joy1, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  12. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Bravo za tebe, super stom uste mlada si se osamostoila I im pomagas na domasnite plus, ama pred da degradiras nekoj vrz osnova na toa dali e vraboten ili ne da ti kazam deka ne site imaat zavrseno informatika/ elektro, pa da mozat da rabotat za americhka firma od doma I da zemaat plata. Kolku za informacija, jas sum odamna diplomirana I vrabotena, rabotam vo moja kancelarija, ama fakt e deka so elektro ili informatika kaj nas najlesno se naogja rabota I toa dobro platena, spored mene informaticarite ne se merilo deka kaj nas ako se saka sekogas se mozhe, za zal
     
    На Olgica.bu, YoungandBeautiful, Asistentkа и 7 други им се допаѓа ова.
  13. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Многу ви е лесно да кажете, еј ама ти имаш информатика, лесно ти е тебе. Не мора да значи дека ако си информатичар по дифолт ќе имаш добра плата. Имам другар архитект што зема повеќе пари од мене бидејќи се потрудил многу повеќе од мене и се позамарал, а имам и друг другар со електро завршено, запишан на магистерски кој во Скопје зема 12000. Зборуваме за Скопје, каде киријата нему му е само 5000. А потоа идат другите трошоци...
    Извини што погрешно си ме сфатила, ама најмалку што сакам е да деградирам некого. Не потценувам ниедна работа на светот.
    Свесна сум дека не сите имаат електро или информатика ама од многу луѓе имам слушано како еј демек, лесно ти е на тебе сега се бараат програмери. Ама факт е дека во градот во кој што сум на програмерите почетна плата им е 12000. Не добиваме посебен третман воопшто за разлика од другите. И најлесно е сите да се жалат, што имаат завршено било кој друг факултет, еј јас требаше да се запишам на информатика, најлесно ќе ми беше ама воопшто не е така. А многу луѓе што воопшто ни не се способни тоа да го учат и работат ми го имаат речено тоа - дека нам божем ни е најлесно.

    И како за информација, не се само информатика/електро тие што може да работат од дома и да земаат добри плати. Отвори upwork, има за преведувачи, архитекти, економисти, правници, за било што, за некои работи е доволно и само германски или некој друг јазик да знаеш за да фатиш добар проект.
     
    Последна измена: 4 декември 2017
    На Annath и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  14. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Vo red e se, nitu jas ne go potcenuvam tvojot trud, sekako I fakulltetot ne vi e lesen, zborot mi bese deka za programeri mnogu polesno se naogja rabota za razlika od opstestvenite struki, pa od vasa perspektiva mnogu polesno izgleda toa deka ako sakas ke najdes rabota
     
    На Asistentkа и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    @mila89 јас не работам програмирање, јас работата ја добив бидејќи знам англиски. Така да, се што сакав да кажам на кратко, водена од својот пример и од оние во мојата околина, е дека сум за работење било што после дипломирање со цел да се дојде до тоа што навистина се сака и кон кое се стремиме, а тоа е работа по професијата.
     
    На edenandrej и mila89 им се допаѓа ова.
  16. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Буквално, нема тема на форумов која не поминува со благи навреди и сарказми кон членови кои не делат исто мислење со некого. И веднаш потоа, bragging about “како тоа некој успеал во животот.“
    Copy-paste коментари. Sick and tired of this shit.

    Оставете ги членовите да си имаат свое мислење и право на избор во животот.
    Ако се невработени, нивни проблем. Ако не сакаат да работат за 12.000 повторно, нивна одлука.
     
    На Olgica.bu, macka91, YoungandBeautiful и 7 други им се допаѓа ова.
  17. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    @Aquamarine93 ако мислењето ти се однесува на мене и мислиш дека I'm bragging, многу грешиш. Само си пишав мислење и спрема никој не упатив никакви навреди. Баш изненадена бев од членката што имаше напишано дека да се биде келнер е срамота и дека е ниска класа - тоа е навреда, и баш заради тоа и си пишав мислење. Не се фалам јас од ништо, бидејќи немам успеано се уште, туку само кажав како размислувам и што правам сега, после завршување на факултет.
    И јас никој не терам да работи, многу ме гајле. Ама ме нервира тоа што истите луѓе потоа се жалат на државата, на факултетот на кој што студирале дека ништо не ги научил, и буквално сите им се криви затоа што не го оствариле тоа што го сакаат.
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.152
    Допаѓања:
    81.660
    Пол:
    Женски
    Ама сепак забораваш една многу битна работа: не е исто да работиш за странец и да работиш било што некаде во Македонија.

    И тоа едноставно не може да се споредува затоа што работењето од дома и работењето во кафич, маркет, продавница, бутик, колку да не седиш дома не е исто.
    Сметам дека сосема нефер е таква споредба, впрочем знаеш и сама, затоа и доби такви коментари затоа што споредбата е невалидна.
    Никој не може да ме убеди дека фриленсинг и некоја од наведените професии се сосема иста работа, многу добро знам како функционира тоа и дури смешно е да се споредуваат вакви сосема спротивни работи и заработки.

    Од денешна гледна точка, не знам дали јас би работела било што, затоа што не гледам никаква реална можност за некакво напредување ако почнам да работам како шанкерка и да си го губам времето со изговор дека „барем работам нешто“. Не го кажувам ова во никаков понижувачки контекст спрема наведените професии - едноставно сметам дека не би ми вредел финансискиот влог во моето образование.
    Можеби ако се наоѓав во некоја поинаква ситуација ќе имав поинакво мислење, но повторно - сметам дека гранката со која се занимавам нуди широк спектар на работни позиции во кои би можела да се вклучам, па сè дури моето „работење било што“ е тесно поврзано со нешто од ова, би била задоволна.
     
    На Olgica.bu, Annath, YoungandBeautiful и 9 други им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    подобро на 22+ години со завршен факултет да работиш било што отколку да бараш пари од мама и тато и да ја чекаш шансата на врата да чукне
     
    На Quincy, joy1, +++ и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    @Mishela да останев во родниот град, и да немав опција да работам како фриленсер, а во исто време и да не можем да си најдам работа како програмер или ќе се отселев или ќе работев продавница, бутик, конфекција, фабрика. Тоа спаѓа под било што и јас лично, ќе го работев тоа било што. Пак повторувам, мое мислење. И исто, секој што знае англиски, може да се снајде фриленс да работи транскрипции, дата ентри и слични работи и тоа не зависи од факултетската диплома.