1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што после дипломирање? Да се работи што било или да се чека добра прилика?

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 17 февруари 2015.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Нормално дека државата е крива прво што дозволува 98% од матурантите да се запишат на факултет, а после што нема работа за сите.
    Не може СИТЕ млади да се створени да учат факултет...Некои си сакат одма да се фатат за занает и работа, ама од дома ги форисраат дека сите останати учеле (facepalm)
    Приемни му е мајката.

    Кога не си пробал на своја кожа многу лесно е да кажеш дека со факултет би работел во маркет и конфекција, каде газди ти се луѓе со 8мо одд и ти вршат психичка тортура.
    Познаник има 2 факултети завршено и работи како келнер, со колеги што имаат средно образование.

    Не е понижување да работиш како келнер или продавач и не е понижување да имаш основно или средно образование, ама психички е тешко дека си се трошел и мачел да завршиш факултет, а некој си се зезал цел живот и сега ти е колега со иста плата.
    Боли.

    Пример, имам завршено правен или економски или за стоматолог, ама моментално нема работа...И? Ете ќе одам да работа во парфимерија како продавач...Какво искуство е тоа за мене? Какво знаење ќе стекнам? Што има заедничко помеѓу продавницата и мојата диплома на правник?

    Според мене дефинитивно треба човек да си даде време од неколку месеци (па дури и година дена), отколку да почне одма со каква било работа.
    Да, ќе им бараш 50 денари за кафе на твоите, ама после кога ќе ти излезе твојата шанса, ќе им се оддолжиш.
    Ако нема и после цела година никаква работа, тогаш колку да не падне човек во депресија може да побара било што, додека го чека бугарскиот пасош за станција.
     
    На warrior, eliesaab, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Извини немој погрешно да ме рабереш ама со оглед на год. и почетното искуство те разбирам,само сакам да те прашам ете ти како што си се доживуваш успешно вработена-платена со англискиот ете напредуваш и се вработуваш навистина како програмер и таму по некое време шефот ти нуди непристоен предлог? И што понатаму а? Ќе прифатиш или за секунда губиш се од тоа твоето успешно. Да не се лажеме знам многу касиерки што се среќни да земат чиста плата 12000 без одбитоци од грешки на работа и секоја од нив е на повик за секс услуги по потреба на газдата. Парно е да седи дома!?
    p.s.Општо за сите дајте не летајте во облаци,нашиов пазар е ограничен,ограничени се можностите и работните места. Се знае кој каде може да си го напика газот а другите трошките ќе ги збираме за просечен живот. И да не се лажеме Р.М. нема некој карактеристичен препознатлив производ за огромен извоз,нема преразвиена индустрија. Кај нас се е купи-продај работата,трговија и угостителство. Другото е за кој како си може по заслуг на мама/тато ако дале акции во јаки фирми на менаџментот да вработат свое дете или кој со книшката и партијата кај успее да се напика. Да не се лажеме,нажалост дно на дното сме од непотизам и се останато. Така да кариери и успеси тоа во странција ако си волен и спремен да го потиш газот.
     
    Последна измена: 4 декември 2017
    На Quincy и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    @Asistentkа не те разбирам точно што сакаш да ми кажеш со овие претпоставки и не знам што ти е поентата, ама ќе пробам да ти одговорам што би направила ако шеф на фирма во која јас работам како програмер ми понуди нешто такво. Ќе си дадам отказ, и ќе си барам друго чаре. А тоа што сум го научила од таа фирма да го работам, јас пак ќе си го знам. Јас ништо не губам од моето успешно и од моето знаење бидејќи сметам дека ако во таа фирма не можам да напредувам, ќе си отидам во друга т.е. јас нема да бидам неуспех ако си дадам отказ. Сметам дека нема да изгубам ништо. И да останам без работа месец, два, па и година, ќе си најдам нешто.
    И тие касиерки што ги знаеш ти и кои работат на такви места, никој не ги обврзува таму да работат, туку сметам дека ако не им одговара такво нешто треба да си отидат од таму бидејќи јас никогаш не би прифатила такво нешто.
     
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Точно,се сложувам,патот со фриленнсингот е отворен и не зависи од дипломата туку од вештините,а вештините се учат,постојат и преквалификации па наместо да работат во бутик за 8000 можат да научат нешто и да ги заработуваат тие пари неделно.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Се убаво,ама дали разбираш дека немаат избор?Оние женичкине од кај што потекнуваш ти кога си патувала со бус до ск кога си ги гледала во зори во 6што се собираат бус до конфекција да ги вози и да рмбаат по 12 саати тоа сакаат да го прават? Иди на такви речи им дека имаат избор и не да им речеш да им најдеш саглам работа. Ама 22си имаш време,многу време пред себе. На тие години и јас мислев се што лета се јаде.
     
    На Olgica.bu и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Муабетот се врти околу кафе и влошки, ами други потреби немате? Еве мене приоритет во животот не ми е да испијам едно кафе по центар, иако кафето не е баш 50, туку најмалку 60, плус превоз, јер ако сте дипломирани - нема муфте со ЈСП.

    Океј, ајде да речеме дека тие 100 денари на ден не се проблем, ама другите потреби? Не е срамота да барате пари и за дезадоранс, гаќи, фармерки, јакна...? Да не зборам и за луксузи како парфем, пудра, кафана, да не набројувам уште еден куп ситници кои го прават животот поудобен.

    На крајот на краиштата, со една плата плус ќе покриете една сметка или ќе наполните фрижидер.

    Прочитав погоре за непристојни предлози. Луѓето кои гледаат низ призмата на сексот ќе ви дадат непристоен предлог, небитно дали сте касиерка во маркет или дипломиран правник кој волонтира кај некој адвокат.

    Ваше е да се борите. Изборете се за почит, за поголема плата, за пристојно работно време. Дајте отказ, пријавете насилство или малтретирање, барајте доказ црно-на-бело дека сте пријавени, не давајте пари на рака од платата пуштена на сметка.

    Секое работно место е искуство, како треба или како не треба. Ќе среќавате секакви карактери, секакви гнаси од луѓе, луѓе кои прават услуга и по автоматизам им стануваш должник па некогаш ќе треба да вратиш со некоја услуга, луѓе кои едноставно ќе ти направат услуга јер им е чиста душата, луѓе кои ќе ти наметнат дел и од својата работа, луѓе кои ќе те покријат пред газдата јер знаат дека секој може да има проблем, ситуации колку сакате.

    Од седење дома и пишување на форум фајде нема, ниту искуство а ниту пари нема да видите.

    Животот не е фер, ама која опција е подобра? Да венеете дома или да стекнувате искуство?
     
    На eli25, Quincy, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Ќе одам оф да се нашалиме и насмееме малце.
    Има еден виц за газдата,маздата и работникот.
    Работникот-Газда ама убава мазда си купил.
    Газдата-Епа поработи ти уште така добро како досега да и купам иста таква мазда и на жена ми.
    Така да супер да работиме сите се и сешто за да газдиве си возат мазди.:D
     
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    @Asistentkа чекај малце, ти што се обидуваш да направиш и да ми докажеш? Се обидуваш да ми кажеш дека државата, партијата, факултетите, газдите не ги бива? Верувај дека го знам јас тоа веќе и не чувствувам револт спрема никој. Имав колеги кои цел факултет завршија со врски, истите сега и ќе се вработат со врски и совршено ми е јасно дека така функционираат работите. Нека ги стават асистенти, после истите ќе станат професори и директори на фирми. Ама не ми е гајле. Затоа, се борам и правам нешто сосем друго во животот и нема да бидам должна ниту на партија, ниту на врски.
     
    На eliesaab и Asistentkа им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Да, и јас им се чудам што седат по бутици за малку пари а можеш да си седиш на плажа, лаптопот до тебе и на сметка ти стигнуваат илјадници евра....Бајка.

    Само баш штета што сите луѓе немаат волја, ни желба, ни амбиција, ни пак доволно можат да ја сфатат работат како фриленсер.

    Терба да те бидува, и да имаш желба за такви работи....треба перфект да знаеш јазик и компјутерски вештини.

    Го немаат сите тоа во крв, а не дека не им текнало досега.

    @Rebecca_R не знам дали во Македонија живееш или во некоја развиена земја.
    Да пријавиш дека не си осигуран на работа, да пријавиш дека немаш доволно плата, треба да си паднат од Марс....ако зависиш за леб од тие пари, каде ќе пријавиш?
    Оди пријави и одма секако отказ добиваш.

    Работници чекаат на секој чекор, а газдите тебе ќе те чуваат да ги пријавуваш.
    И кое искуство ќе го стекнеш во кинеска продавница ехеее има да знаеш да продаваш со затворени очи.

    Сите знаеме како функционираат приватниците во земјава.
    Без осигурување, без бонус, еднаш на два месеци слободен ден, не смееш да седнеш 8 саати.

    Ама лесно е да се пише... Не боли на туѓ грб.
     
    На YoungandBeautiful, Someonespecial, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Моето искуство, кажува нешто сосема поинакво од ова споделено од други членови. Работев во приватна компанија, неколку месеци. Беше права лудница, психолошка тортура, помала плата од ветената. “Колку да се работи нешто.“ Ми заврши договорот и едвај чекав да заминам.

    Колешка од факс, почна да работи како келнерка, друга како продавачка. Ниту едната, ниту другата го завршија факултетот. Едноставно, со осум часовно работно време се нема мотив за учење. И двете се откажаа.

    Мислам, убави се тие мотивациони говори од Ted-Ed ама ова е Македонија.
     
    На Asterion, YoungandBeautiful, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Јас уште од седумнаесет години работам, ако чекав на факултетот досега ќе немав за леб да јадам. Особено во Македонија ова не можеш да си го дозволиш. Ова не е Холандија па утре ако изгубиш работа да најдеш за брзо време нешто друго. Нема избор, сиромаштија демнее на сите страни едноставно е, ќе работиш што ти дојде при рака и ќе гледаш да напредуваш, да одиш на подобро.

    Лоша е во секој случај тактиката да чекаш да ти испадне добра прилика па да почнеш нешто да работиш.
     
    На Asistentkа и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Тогаш нека останат цел живот во бутик,бидејки тоа и го заслужуваат.
    Да немаш волја,амбиција,желба, да се помериш од мртва точка , значи ги мрзи ,ништо повеке,,компјутерски вештини не требаат за се,има работа за секого,а и се може да се научи ,не мора да го имаш во крв,а англиски не е потребен перфект,доволно е разговорен и тоа може да се научи,но само ако сакаш,ако не,не, цел живот ќе ти бидат криви државата,хороскопот,судбината.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Учеле за правник и имаат желба и амбиција да се правници, а не да прават лого за фирми.
    Ни пишувам за луѓе што ги мрзи, туку кажав за луѓе што се приморани да работат нешто што неќат, нешто што не ти е во крв.

    Има работа за секој ама се знае најмногу кои успеваат како фриленсери, да не се правиме глупави со сила.
    Ако било така лесно како што пипуваш сите ќе уживавме сега на Хаваите и ќе правевме проекти, а немаше да работиме за 200 евра.
     
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    @Aquamarine93 мислев дали да реплицирам или не бидејќи пак ќе ми речат дека солам памет ама ќе го напишам уште ова.
    Тоа што работам фриленс не значи дека работам само со добри, паметни и супер луѓе од странство што се расфрлаат со пари. Летово работев со тип што мразеше жени, ми рече дека не вработувале жени бидејќи тие биле слаби и емотивни (јас се пожалив дека начинот на кој работи ми е стресен), беше расист (мразеше фриленсери од Индија), навредуваше луѓе и што уште не. Ама, не се откажав и нема да се откажам да работам вака бидејќи не се сите како него. Исто како и тебе, и јас едвај чекав да ми замине договорот. Ама пак тоа беше ново искуство за мене бидејќи научив како да се справам со такви и научив што може да се случи во иднина. Не се обидувам да ти држам мотивационен говор воопшто.
    А кога станува збор за твоите колешки, жал ми е, ама ако факултетот им бил само занимација и немале мотив за учење, не им е криво работното време бидејќи работев трета и четврта на факултет и факултетот не го запоставив. Ако стварно имале намера да учат, ќе го завршеле.
     
    На Rebecca_R и Cosmi им се допаѓа ова.
  15. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    На фемина треба да постои орден за искажување реален став и ти треба да го добиеш истиот, според ова болдираново. Браво асистентка :clap:
    Ако не знаете како функционира пазарот на трудот, прочитајте го коментарот.

    Ps Пишував и јас за случаите на сексуално вознемирување на работно место, никој тоа не го сфаќа сериозно. Не се муабети луѓенца, реалност е.
     
    На eliesaab и Asistentkа им се допаѓа ова.
  16. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што ја препозна искреноста во мојов коментар. Таква е каква е состојбата.
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    И заборавате дека кај некои факултети е сосема невозможно да се туркаат паралелно и студии и работа, без разлика на желбата за да се балансираат и двете нешта.

    Медицински, архитектонски, градежен...да не продолжувам да ги редам другите.
    Со задолжителни вежби кои траат по речиси цел ден, пази да не ти остане вишок време за работа. Ќе бидеш среќна ако ти остане време за да каснеш некој залак од нога колку да ти работи желудникот.

    И мене не ми страдаа студиите дури се ангажирав хонорарно, ама пак заборавате дека фриленсинг не е исто што и работа некаде каде што „удостојуваш“ со физичко присуство и работиш со муштерии.
    Вака и моето звучеше фино ко од приказна; си доаѓам дома, ладам мозок со хонорарни проекти и продолжувам со работа на проекти од факс и редам одлични оценки - абе бајка, а уствари сама си знам колку тоа било „прекрасно“.
    Хорор е да бркаш термини (низ кабинети на професори за предавање програми и собирање оценки), па и дедлајнс за хонорарни проекти и постојано и да си го гаиш стресот. За здравјето да не зборувам.
    Не е во прашање лошо менаџирање со времето, туку едноставно со тој натрупан дневен распоред и со 24ч дневно на располагање - толку се може.

    Но, дека е исто со некоја која треба после предавања да оди втора или трета смена во ресторан, кафуле или што и да е, да не се лажеме - не е исто.
     
    Последна измена: 4 декември 2017
    На cresa-jagoda, Olgica.bu, Antolinaa и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Пишуваше за луѓе кои немаат желба ,волја,амбиција.
    Немора да прави лого има работа и проекти и за правници! Замисли .
    Кој најмногу успева како фриленсер ,ајде кажи?
    Ако незнаеш,не пишувај напамет!
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Се сложувам,нема време за работа ако си на тие факултети,но некогаш е полесно со физичко присуство,и со фриленсингот бркаш термини,и немаш фиксно работно време,па многу работи не можеш да ги планираш.
     
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Еве што пишав претходно:

    - Само баш штета што сите луѓе немаат волја, ни желба, ни амбиција, ни пак доволно можат да ја сфатат работат како фриленсер.

    Читаш сега, или со уште поголеми букви да ти пишам?

    Имало проекти и за правници, и за доктори, и за ветеринари, и затоа сите пливаат во пари.
    Нека се затворат сите фирми, нема потреба да се отворени.

    Кога немаш појма како функционира нештото, не пишувај.

    И оди откачи се од мене, не мора по сите теми да ме цитираш со извичниците!!111!!1