1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што после дипломирање? Да се работи што било или да се чека добра прилика?

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 17 февруари 2015.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Со тие факултети, тешко.
    Со некој друг можеби би било поизводливо, но со оние неколку кои ги набројав е речиси невозможно, верувај.
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.520
    Станува збор за лично искуство и поради тоа не треба да си дадеш за право да осудуваш, можеш да дадеш само совет извлечен од сопствената ситуација.

    Еве јас на пример, после дипломирањето почнав да работам на едно место каде што позицијата беше најниска и немаше врска со мојата струка, но институцијата беше токму мојата струка. Првата година работев за само 5000 денари, а наредните година ипол за 10000. Не ми беше до парите туку се надевав дека во меѓувреме ќе се отвори позиција за која ќе одговарам со моето образование. Но, не само што не ја добив таа прилика, туку добив и прекин од работата бидејќи помина рокот за работа со договор на дело и наместо да добијам решение после толку време и на таа позиција која можеш и со средно да ја добиеш, јас добив прекин.
    И сега после 3 години од дипломирањето сум невработена, без ни еден ден стаж и со едно единствено искуство, тоа што го стекнав на позицијата која ниту има врска со мојата струка, ниту пак е корисна на било каков начин.

    Затоа реков, ако почнеш било што да работиш колку за моментален приход, нека биде тоа со рок. Зошто времето минува и многу е важно што ќе направиш со него!
     
    На tamche995, eliesaab, Olgica.bu и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    [
    Знам ,и некој што студира на тие факултети и не треба да работи,премногу ангажман е тоа,и не треба да се трошат на работење.
     
  4. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    А ти Господ си да пишеш некој заслужува да се мачи со некоја работа затоа што нема избор,можности,услови да е Господ-Бог-фриленсер.:D
    Ништо од набројаново не е криво,се си е право,само малце накриво наречниците по раѓање што не рекле ова чедо Божје ќе биде фрииии ленсеррррр.:rofl:
     
    На YoungandBeautiful и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Читам ,тоа и јас го пишав,смири се девојко! Не ти станува аргументот појак.
    Ти ќе ми кажуваш како функционира,(facepalm)јас имам 200 проекти фриленсинг ,ти колку?
    И не ми одговори пошто знаеш,а јде кажи кој успева највеке како фриленсер?
     
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Секој има избор.Но не сака секој да се потруди.
     
  7. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Ок ако ти некои други фактори ги дефинираш како не сака. Секој си има право на свое мислење.
     
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Какви проекти имаш, ако не е тајна?
    Во која област си ангажирана?
    Од тоа живееш?

    Во ред е ако не сакаш да одговориш на прашањата, но знај дека сите луѓе не се гледаат да седат пред лаптоп и со тоа да се занимаваат.
    Не е ок од твоја стана да ги навредуваш дека се мрзи и дека чекале на судбината, зашто не знаеш на никој како му е во кожа.

    Ти ако живееш од тоа и ако уживаш додека ги исполнуваш тие проекти тогаш убаво, ама не се сите исти и немаат сите дарба за проектите што се платени повеќе...Друго е да пишуваш есеи, друго е да правиш лого, друго е да креираш веб страници.
    Не се вреднуваат сите проекти исто.
     
    На tamche995, Olgica.bu, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Види ,познавам личности кои работат по продавници ,во слободно време висат на фејс,а можат да учат англиски има бесплатни курсеви на нет за учење јазик,но не, полесно е да се жалат,кога има кажав каде и како да работат и дека ке им помогнам да почнат,ми рекоа ,а не сум јас за тоа.
    На такви мислев.
     
    На eliesaab, DAngel и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ама не сите ги бива за јазици, не сите се снаодливи. Некој треба да биде и продавач, сите професии треба да се застапени.
    Секој сам си бира што прави со слободното време.

    А тие што само се жалат и ништо не прават околу проблемот и мене ме нервираат.
     
    На theowndemon, Nausicaa, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Да, во право си,некој треба да биде и продавач ,но нека не се жалат а не го помераат газот да сменат нешто.Токму и затоа пишав дека и толку и заслужуваат.
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Имаш многу добри фотографии,проба да ги продаваш по платформите онлине?
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.520
    Фала.
    Малку сме оф, ама да, се трудам и да ги продадам и да се "пробијам" како фотограф. Иначе, тазе ми се, така да, не очекувам ништо за толку брзо време.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.044
    Пол:
    Женски
    Znam,valjda nema da zamerat,pravi profil i probaj na shuterstock.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl

    Во Македонија живеам. Во феминското ќоше, кај што пишувам речиси секој ден последниве неколку месеци, често имам пишувано дека планирам да одам во Џамбо или Сити мол, а тоа би требало да е доволен показател дека живеам во Скопје, или во најмала рака во оваа држава.

    Јас како млада личност не можам да разберам како тоа личности кои се приближно моја генерација можат да се помират со судбината дека кога ќе добиеш отказ ќе останеш без леб? Да го пишеше ова некоја возрасна личност, која нема други познавања и нема факултет, туку речиси цел живот работи една струка, океј, би можела да разберам дека нема друга опција.
    Млада личност, која нема деца и дом над своја глава и те како треба да се обиде и со сета сила да се избори за подобро место во ова општество. Зошто? Затоа што младите имаат опции, го имаат тој луксуз да направат кикс, имаат време за втора, трета па и четврта шанса.

    "Треба да те бива" - со овој муабет не може да се оправда седењето дома. Наместо да вложуваш во себе, ти велиш дека треба да те бива. Си пробала ли?

    Кога веќе планот да се биде економист и правник не функционира, кој е наредниот чекор? Чекање на добра понуда?

    Па еве да ви кажам, знам најмалку 3 јаки фирми во Скопје кои работат во областа на економијата, кои вработуваат исклучиво личности со економски факултет и просек над 8,50, а даваат плата од 200 евра. А општо познато е дека по завршување на правен факултет, во адвокатска канцеларија можеш да одиш како волонтер со плата од 100 евра. За доктори не знам дали воопшто да споменам дека во одредени ординации ти самиот треба да платиш за праксата...

    И сега, ете вработени по струка ама платата повторно минимална?

    Во врска со болдираното, тие луѓе кои немаат воља, амбиција, желба или "талент" да работат како фриленсери, како што е кажано погоре, не заслужуваат ништо подобро од работа за која воопшто и не треба факултет.

    Па како може толку да ви се затворени погледите? Како во некоја бајка да сте, го чекате мистер Совршен...

    Да не заборавам да споменам дека познавам и луѓе кои работат добро платена работа, неповрзана или со одредени допирни точки до нивниот факултет, а сепак не се фриленсери. Всушност некои луѓе работат со години, уште пред интернетот.
     
    На tamche995, TheGirl23, Quincy и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    34.129
    Да се работи што било додека се чека добра прилика...

    Али на кој да му текне...
     
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Знам дека си од Македонија ама прашав за секој случај да се осигурам :D
    Зашто муабети од типот оди бори се за покачување, пријавувај дека не си осигуран, пријави неправилности, не се за во земјава.

    По ова што го пиша можам да заклучам дека зборуваме за различни нешта...Сосема различни.

    Ти зборуваш за луѓе што добиле отказ не треба да се откажуваат...После спомнуваш волонтерски работи по канцеларии и работна позиција во некоја фирма во која ќе земаш минимална плата

    Ова ти што си го пишала звучи убаво и јас се сложувам.
    И според мене треба да се прифати работа во некоја фирма без разлика колкава е платата...Тука имаш можност да се надоградуваш, да си во контакт со твои колеги, да учиш нови работи, иако земаш 200 евра.

    Исто и во некоја адвокатска канцеларија....Не е битна платата, битно е да почнеш од некаде.

    Но, јас зборувам за рандом работи...Работа во маркети, во конфекции, келнери...Каде што немаш шанса да се надоградуваш, да учиш нови работи, да запознаваш колеги од твоја област....Туку си заглавен со 10.000 денари плата, без слободен ден, со газда што те прави подолу од гомно.

    Зошто да одат на такви места, кога веќе имаат диплома и можат да почекаат нешто подобро?
    За искуство? Какво е тоа искуство? Знаете колку е тешко да работиш во маркет? Да не смееш да излезеш на 5 минути пауза? Грб и нозе да ти паднат?

    За тоа учеле?

    Што е со луѓето што завршиле за учители/педагози што ги има со лопата да ги ринеш?
    Тие немаат шанса да работат во фирма, и што да прават додека чекаат работа во школо?
    Да работат во конфекција? Да се изживува некој со нив? Грбот да им падне од шиење?

    Едноставно ако имаат можност може да ризикуваат и да отворат свој бизнис за нешто, или може да почекаат некој месец за работа по струка.

    А луѓе што чекаат со години и години за совршена работа, и мене ме нервираат.
    КОга гледаш дека не бива по струка, или почни повеќе да се бориш или замини од земјава....Зашто од небо не паѓа.
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Зависи од какви семејства доаѓате, како сте ситуирани.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Баш ова го зборувавме вчера со професорка на факултет: што после дипломирање?
    Дискутиравме како би користеле година- две додека сме дома да волонтираме, стажираме за да има што да ставиме во CV, па после тоа би работеле било што додека да најдиме работа по струка - доколку можеме. Можам да кажам дека да, оваа идеа ми се допаѓа најмногу од повеќето, иако до сега поради средно имам волонтирано, стажирано и присуствувано на пракса, ама во поглед на факултет сем праксата и немам нешто многу, па би сакала да го збогатам искуството пред да влетам во некоја работа која не ја знам целосно, за кое ми треба одредена обука зошто едно е теорија, сосема друга е пракса.
    Чекање за добра прилика - никогаш не е опција во мои очи. Прво зошто таа прилика можи да излези многу касно, тоа никогаш не е поволно. Не е срамно, ни долно да се работи некоја друга работа, која не е по струка доколку носи доволно пари за живот, а уз пат се стекнуваме со ново животно искуство.
     
    На Weird0 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Братучетка ми како дипломиран економист, прво нормално си бараше работа по струка, ама кога виде колку тешко оди, се обиде на огласи за работа со средно. Сосема случајно, на истиот оглас за работа во фабрика се пријавува и една наша познаничка која е со завршено средно. Нејзе ја примаат, братучетка ми не. И тоа не беше единствениот таков оглас. Ете, желба имаше да работи било што, ама и до тоа тешко доаѓаше. Обично работодавачите се со став дека луѓето со факултет ќе им избегаат во првиот даден момент, па не ни сакаат да вложуваат време и пари за нивна обука.
    После пушташе „осиромашено” CV, без завршените студии, стипендиите, обуките и слично, по извесно време најде работа, ама еве веќе 7-8 години поминаа откако дипломираше, а она нема ниту еден ден стаж по струка. Кога ќе се насочиш кон нешто сосема друго, некако губиш контакт со она што ти е професија, забораваш некои работи, па и немаш многу време за да бараш работа по струка, а годините си поминуваат.
    Ако веќе нема работа, јас сум повеќе за тоа да волонтираш, да одиш на некаква пракса или обука што ти е во доменот на професијата, зашто така најлесно се учи и е голем плус покрај дипломата. „Било каква работа” единствено ако се мора и ако е на определен период, без притоа целосно да си ја запоставиш професијата и она што вистински сакаш да го работиш.
     
    На theowndemon, Olgica.bu, mynameislove и 5 други им се допаѓа ова.