1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што после дипломирање? Да се работи што било или да се чека добра прилика?

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 17 февруари 2015.

  1. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    За жал многумина мораат да работат било каква работа заради потреба од финанскиски средства. Ама навистина е болно и жално некој кој завршил ужасно тежок факултет со асален просек да застане во маркет на каса или со послужавникот во рака да служи по кафичи. Да не се разбереме погрешно, не ги потценувам работиве ама реално не се за една високообразована личност која многу вложила во тоа образование.
    Ако ептен нема работа по струка во ред е да се поработи еден период нешто друго ама да не се претера временски. Нормално, во меѓувреме упорно да се бара нешто друго. Времето лета и жалосно е некој со струка да работи нешто сосема без врска за минимална плата кое утре нема ни во cv да влезе. Па и одозгора некои неписмени надредени таму да го зафркаваат како што често се случува. Никако опуштање и помирување со судбина дека нема работа по струка туку аплицирање по сите огласи и распрашување на сите страни. За жал реалноста ни е таква да мора секаде да се бараат познанства оти без фина врска одамна е јасно дека добра работа нема.
     
    На Vip83, eliesaab, Olgica.bu и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    После дипломирање ова следи-прифаќање на било каква работа на која ќе се очекува да се прима плата како да си 10годишен:rofl:(да се насмееме малку): ВИЦ.jpg
     
    На marchi-cool, Feminka192, Zaljubena26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl одамна си ме цитирала, јас дури сега гледам, не дека не сакам да ти одговорам. :)

    Верувај муабетите се за во земјава, ама треба многу упорност и стискавец за тоа. Примери има, ама за жал ретки се оние личности кои решаваат да ја истераат работата до крај.

    На тема - работа по струка -, не знам колку можат колегите да ти бидат од корист, кога тие ти се конкуренција и немаш никакво фајде од нив.
    Убаво да го работиш она за кое си учел со години, си вложил пари, време и труд, ама за 200 евра? Не знам што е потрагично: работа со средно за 200 евра, или работа со факултет за 200 евра?
    Имаш високо образование, одговараш за секоја сработена работа, буквално вложуваш знаење во кое си вложил многу финансии, треба да почитуваш одреден дрес код кој повторно чини пари, и на крај газдата на јаката фирма ќе ти даде само 200 евра? На унапредување можеш да се надеваш после барем една година...
    Грешка во поголеми фирми каде те вработуваат со високо образование не е иста како и грешка шопска/грчка салата. Толкав притисок за 200 евра, сутра мало.

    Битна е платата и тоа многу. Не сакам да работам релативно тешка психичка работам и повторно платата да ми е минималец.

    Точно е дека газдите се крајно безобразни, ама личности вработени по струка, во сериозни фирми каде земаат високи плати се имаат жалено дека газдата е крајно безобразен и ги прави подолу од гомно, па тој дел би го изоставила.

    Пак ќе речам, луѓе со факултет веројатно можат да најдат подбра работа од конфекција или маркет. Работа како келнер е барем 300 евра месечно, што и не е така малку.
    Дури да дојде тоа "подоброто" треба да се работи некоја небитна работа за џепарац.

    Со последната реченица се согласувам целосно, ама сметам дека и пред подобра работа не треба да се седи дома. Месец-два можам да прифатам, ама не и повеќе.
     
    На eliesaab, Quincy и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  4. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Подобро да се работи нешто, отколку да се седи дома и да се чека совршена прилика.
    Разбирам си учел си вложил труд, време, финансии, си се скратил од многу нешта, но тоа не значи дека откако ќе завршиш веднаш те чека столчето во канцеларија.
    За жал сите ја немаат таа среќа.
    Познавам луѓе кои дури на 40 години се вработија по струка.
    И мислите цело време дома седеа и парите од небо им паѓаа ?
    Виделе нема фајде, не можеш вечно да чекаш, мора од некаде да се почне.
    Ем ќе стекнеш навика за работа, бонус искуство, ќе запознаеш нови луѓе, ќе научиш да ги цениш парите.
    Ни една работа не се потценува.
    Јас имам другарка која се вработи по струка со факултет и која зема иста плата со друга другарка која е вработена без факултет, а условите за работа им се многу слични. Секој со своите вештини и својата среќа.
     
    На Tanjamm, tamche995, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  5. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Ако чекав да се вработам по струка уште од дома ќе барав за на кафе да излезам.
    Сега колку толку за мене имам. Барем од дома не барам за облека, излегување и сл.
    Човек не треба да се срами од работа. Срамота е да седеме и да чекаме некој да ни даде.
     
    На Tanjamm, Oscar Lady, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    261
    Потполно се согласувам со твоето мислење, моρа да се почне од неκаде.
     
    На TheGirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    261
    Многу добаρ пост.Бρаво.
     
    На Ivanna23. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Јас сум за тоа да не се работи било што додека се чека работа на струка. Оти кога веќе еднаш ќе се оддалечиш од твојата професија тешко дека ќе се вратиш во колосек. Не треба да се задоволуваме со било што кога себе сме се дале во тие 4 години студии. Јас сум повеќе за опцијата волонтирање, додека се чека работа. На тој начин ќе се стекнете со искуство кое нема да го најдете во книгите и ќе го збогатитете вашето CV. Разочарува фактот што некои со години волонтираат и не можат да се вработат... не знам тогаш што, едноставно трпение или пасошот во рака..
     
    На Ivanna23., Victorian, Animali и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Не мора било што, и јас не можам се да работам, но малку да се прошири дијапазонот на работи. Некои чекаат по струка, ма немој, а пари од каде? Од мама и тато на 30 години чекаар по струка, а мама и тато работат по струка, тие задоволни се од работата нивна за ти да можеш да уживаш пошо ти е испод части да работиш не по струка? Барај си во меѓувреме по струка али мора да се заработува
     
    На Purplelilac и Victorian им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    21.270
    Ни едно, ни друго. Со други зборови додека не започнеш да работиш по струка ако тоа е тоа што сакаш, работи нешто друго. Но било што? Не. Зошто не? Бидејќи можеби никогаш нема да работиш по струка, години ќе поминат, а сето твое работна искуство ќе биде било што, што во иднина нема да ти помогне да најдеш подобра работа. Желбата за работа по струка можеби секогаш ќе биде присутна, но во меѓувреме внимавај на што ќе го потрошиш времето и кое искуство ќе го стекнеш. Не сакаш да се најдеш на 30+ години со натрупано работно искуство како келнер и продавач на мнозинство места. Големи се шансите дека никој нема да ти пружи шанса во нешто друго и ќе заглавиш во тој круг на избор.
     
    На eliesaab, Purplelilac и drugarka им се допаѓа ова.
  11. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    5.308
    Пол:
    Женски

    Ама не сакаш ни да бидеш 30+ години, без никакво работно искуство додека чекаш работа по струка. Океј, работи како среднист некаде, ама никој не те спречува во меѓувреме да бараш работа на друго место.
    Ама не можеш да седиш и без пари и да чекаш од некој друг.

    _______________________

    Јас завршив факултет пред две години, ама да најдеш работа како правник, кога секој втор е правник малку потешко.
    Имав други планови во животот, сакав да се запишам на мастер меѓународно право и потоа да работам во некоја амбасада. Но магистерските се скапи и мора да се плаќаат, а не сакав да бидам на товар на моите. Поради тоа отидов на интервју за работа во приватна компанија за работно место - референт (работа со средно и покрај тоа што имав факултет).
    За некое чудо, ме примија и после една година работа добив унапредување.

    Денес се уште не работам на струка, ама веќе ни не сакам. Работата што ја работам сега ми е многу поинтересна и многу повеќе ме исполнува отколку да се бавам со право.
    Моментално спремам магистратура, исто на правен факултет, ама ја поврзав со она што го работам и супер излезе.

    Поентата ми е не чекајте. Бидете отворени за нови искуства, некогаш излегува многу подобро од што сте го сакале и планирале.
     
    На Tanjamm, IRBBB, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    21.270
    Токму тоа и го кажав. Треба да се работи, но притоа да се внимава што ќе се работи. Многу е важно работното искуство што ќе го стекнеш, бидејќи тоа те носи понатаму до подобри прилики.
    Патем, изборот кој ти си го направил е далеку од лош, всушност е убав исклучок. Таа работа која не ти била по струка од факултет што си започнал да работиш бидејќи во моментот тој ти бил изборот и ти пружиле шанса е убава работа. Не си келнер, ниту касиер во маркет, на пример.
    Во секој случај, без никаков обид и труд нема ни развивање и награда.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    8.422
    Пол:
    Женски
    Темата е доста широка, ама ќе пробам да одвојам неколку точки.

    1. Во држава каде треба да се прашува човек дали воопшто ќе најде работа (зборам за најобична, не според струка), влијае психички.

    2. Познавам и такви ситуации каде од дома не го пуштаат детето на фах, се труди, работи, студира. И ете, последна година иди - работа нема. И? Ќе се фрлаат претходните години што само се трудело, па нормално ќе го стави факултетот во мирување. Во меѓувреме се фрустрациите, искуство се има, целта е неостварена. Прашањево е дали после Х време од кога ќе се заврши факултетот, мотивацијата ќе спласне? Оти тоа е индивидуално.

    3. Мора нешто да се работи, ама не по секоја цена. Платата е битна, ама битни се и луѓето со кои се работи. Ако се впуштиш во средина каде што треба да си флексибилен/на во крајности пиши пропало.

    4. Колку и да се трудиш (е плус, ама сепак не е знак) не секогаш имаш избори. Секој со својата позадина (може некој константно аплицира на огласи дури и за келнер, а го одбиваат, некој можеби потекнува од дом за деца без родители и сл.), секој со своето - сигурно нема некој да дојде и да те праша дали сакаш да работиш онаму оти ете - чисто му/ѝ текнало на тебе бидејќи видел/а оглас?


    Џабе калкулации, секој/а си има свој пат.
     
    На Victorian и Feminka192 им се допаѓа ова.