1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што после дипломирање? Да се работи што било или да се чека добра прилика?

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 17 февруари 2015.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Никој не рече дека ќе земам кредит, ама (еве за себеси лично зборувам) со тие пари би можела бар сметката за телефон да си ја платам и да купам одвреме-навреме нешто за во фрижидер. Да си купам дезодоранс, крем, лабело (рандом ствари кои ги користам секој ден), а не да и‘ барам пари на мајка ми за тоа. Ако парите се трошат промислено и со ум, 12 000 денари воопшто не е мала сума за млада личност која нема никакви приходи. Бар за мене не би биле. Некој може ќе се чуди како, ама јас на картичка уште имам некој денар од стипендијата што ја земав како студент. Година и пол (паралелно со студии) работев хонорарно и од таму заработував нешто. Секое лето работам на пазар и добивам процент од продажбата. Двете работни места никаква врска немаат со тоа што го завршив и со тоа што навистина сакам да го работам, но парите и тоа како ми се добредојдени затоа што јас не сум побарала пари за излегување од прва година факултет, можда и порано. И горда сум на тоа.

    И што кафе е тоа ако за десетина такви плаќате 12 000 денари. Јас пијам од 60.
     
    На Espadrila, VladeMila, Mishela и 15 други им се допаѓа ова.
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    И јас имам високо образование. За брзо ќе бидам и магистер:bow:
    А знаете што работев до пред една година?
    Продавачка во маркет. За 8800денари плата.
    И сега не сум нешто поарно ама барем не кревам гајби со пиво. И што е најбитно не ми се дери над глава 18 годишна „шефица„ со завршено осмо одделение
    Ако чекав работа според образованието, ќе се изначекав8-|. Ќе треба цел живот некој да ми ги купува влошките.
    Е па не, фала. До толку на случајности не оставам
     
    На VladeMila, toogood, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Секој со своето мислење. Може ти мислиш дека вредиш само 12.000 денари т.е. твоето образование.
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Овие две работи ми го привлекоа вниманието

    1.Минимум завршено средно образование(предност ќе имаат лицата кои завршиле тој и тој факултет итн)
    2.Почетна нето плата од 12.000 до 60000 денари

    Гледајќи од работиве во огласот сфатив дека Ова не е ништо повеќе туку само владин оглас.Објавен е со намера веројатно да се даде некој лажен елан на луѓево кои студираат дека ете тие со факултет имаат божем предност,но и да се билдаат измислени работни места.
    Еве некој што аплицирал ако го викнат па и уште вработат ќе се обесам богами.:punch:

    2 точка или услов како сакате.Плата помеѓу 12 и 60к денари.Да не забегаа ептен премногу:|:bandit:
    Ај да беше од 12-17к денари ќе беше смешно.Ама ова е веќе хумор:DНезнаат ни да лажат луѓево.

    Реално платата кај нас во овој систем ништо и не значи.На еден роднина пријател со средно си работеше на царина и можда едно 200 пати му пишуваа на човеков казни и му кратеа од плата.Веројатно со намера да го принудат да си оди
    Не дека и он си беше нешто озбилен туку секој ден си каснеше човекот на работа,со никој не можел да се разбере на работа:(,али пак тежок шегаџија е и човек со Нула нервоза во себе.

    Ни кажува нас!Цитирам"На крај на месецов ми скинаа 12000 денари од плата,а jaс им викам луѓе не мора ни останатите да ми ги пуштате.Тие и онака ми стојат за заебанција и ситно.А јас и онака со средно сум па не ме бива со картициве и банкомативе,па само со кеш се занимавам.


    Во превод на човеков 20 коли да му поминат во месецот и да ги пушти преку ред т.е да не ги чепка си вади најмалку 5 плати повеќе.И вика баш ми е гајле дали ќе ми дадат или не плата.Вика да идам јас на банкомат да чекам некои старци пред мене за да си извадам пари.Не сум луд човече.:)
    Ова му е најдобро.Вика јас работам на дневница.:lol:Реално можеби вака не делува интересно кога го пишувам ама да сте пред човекот и да ви кажува едноставно ќе добиете срцев удар од смеење.
    Едноставно човеков не се замара,си зима плата,не се нервира ни 1%,а сите околу него на работа се крајно нервозни.

    А какви сме ние.Еве по мене ќе си кажам,а верувам и повеќето тука.Постојано во трчање по клиенти,објаснување вака така.Ни јас не се нервирам толку ама знае да се погоди барем еден во месецот и да ме изнервира за целиот месец.Кога ќе помислам на крај пак за глупости.
    Ете тоа ми е мана.Се нервирам оти сум се нервирал за безпотребни работи.Добро е што и јас не зимам на картица пари,па барем во нешто сум исти со човеков погоре.:)
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.996
    Пол:
    Женски
    Јас тука ќе кажам дека во нашава ни земјичка, за жал, врските се главни, дури и за пракса и волонтирање, секоја чест на исклучоци.

    Теориската поткованост што ја добиваме на факултет е ок, ама е само една основа за праксата што нè очекува. Теорија и пракса се две различни работи, праксата ќе те научи сè што не си научил на факултет. Не за џабе се рекло, цел живот се учи. Затоа го поддржувам работењето дури и за време на средно училиште и факултет, со цел да се стекне работна навика и самостојност од мали нозе. Знам дека детето ќе го форсирам да работи штом ќе може, оти така најдобро се учи, и за животот и луѓето.

    Кога завршив факултет почнав да работам доброволно, волонтирав во приватна ординација. Имав искуство стекнато преку вежбите на факултет и практичната работа преку лето. Да се разбереме, учев по старата студиска програма, кога на крајот на секој семестар требаше да имаме исполнето одредена норма во практичната работа, а ако го немаш тоа, потпис не добиваш, па мораше да се помачиш (читај да работиш повеќе). Прифатив да волонтирам затоа што сакав да работам, немав оформено семејство, пари капнуваа кога тогаш, ама бев задоволна затоа што учев низ праксата, во тој момент тоа ми беше најважно. @mims-89, за тоа што сакаш да работиш за да стекнеш било какво искуство, палче нагоре, направи го тоа ако ти се даде шанса. Млада си, полесно ќе ти биде. Колку си постар, потешко е, факт. Потешко се справуваш со кризите, проблемите и новите работи што треба да се учат. Плус, ако чекаш, се заборава и тоа што си го научил за време на студиите, оти животот те гази, не те чека.

    Како волонтер терав три години и почнав да се разочарувам. Имаше работа, имав лична сатисфакција, ама престанав да имам мотивација. И тука доаѓа оној финансискиот момент - сфаќаш колку вредиш, почнуваш да бараш, ама не добиваш. Дојдов во Ск, барав работа, најтрагично е што никој не ми го признаваше искуството како волонтер. Џабе ми беа потврди и сертификати. Четири години останав дома, бидејќи не сакав да работам било што, а не е дека не барав, само не исполнував услови. Сегашнава работа ја најдов преку пријатели (признавам, нема што да кријам), работам колку да не седам дома, искуството ми е многу важно, фала му на Бога има работа, а платата... не мора ни да ја спомнам...

    Факт е дека тешко се наоѓа добро платена работа. Мм, исто како @kolovoz, ми вели ако се ценам самата, и да си побарам колку што вредам, ќе добијам. Ама еве, што дека се ценам, што дека побарав колку што мислам дека треба да земам - не добив. Си барам јас и друга работа, исто во струка, или па макар и поврзано со мојата професија, ама тешко оди.

    Мм е пример за тоа колку тешко се наоѓа работа во Мк дури и со минимум 10 години работно искуство. Кон крајот на 2013 година остана без работа, ја напушти фирмата во која работеше повеќе од 10 години, неповрзано со неговото образование. Искуството што го стекна во тие години е непроценливо, посебно затоа што работел и во животозагрозувачки подрачја. Кога бараше работа, ретко го викаа на интервјуа, а кога ќе го викнеа и ќе им кажеше колкава плата сака, в лице му се смееја дека ќе најдат некој што ќе го работи тоа и за трипати помалку од она што тој го бараше. За среќа, постои нешто како LinkedIn ;)
     
    На Espadrila, danichap, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  6. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Твојот е најпресен ваков пост па тебе те цитирам ај.

    Никој не го интересира колку вреди твоето образование. Реално, образованието во државава не вреди ич. Зошто? Затоа што, да ми простите на изразов ама и глуп и будала сега има диплома од факултет и тоа не е ништо посебно. Да, плата од 12.000 денари е мала плата ама попрво би работел за 12.000 отколку да изигрувам Surivivor во Скопје со 8.000 месечно. Односно и тие 8.000 ми беа доволно за мои основни потреби како интернет, јадење, пасти за заби и слично. Во основни потреби не го бројам кафето во Тренд од 100 и нешто денари како некои. Да, убаво е да излезеш на кафе со друштво и за тоа имав пари, само не излегував толку многу како некои.

    Срамота е на 20 и кусур години да седиш дома и да се расправаш со твоите дека ти дале 100 денари, а тебе ти биле малку за излегување, а не е срамота да работиш за пониска плата од таа што ТИ мислиш дека вредиш, а без искуство, како што кажаа погоре и не вредиш којзнае колку. Јас не мислам дека тоа што сум работел како келнер ме прави да имам помалку самодоверба или дека се ценам помалку од некој друг. Ми требале пари за да живеам како што сакам, без да барам пари од дома и сум успеал во тоа со платата од 13.000 и ич не ми е срам да кажам дека сум работел ко келнер, некогаш и по 12 саати во ден ако требало.

    Во скоро секоја поголема фирма/компанија каде што нудат повисока плата бараат и искуство. Досега не сум сретнал оглас каде што се нуди плата од 40.000 без никакво искуство. Не е реално да се очекува тоа не само кај нас, туку и во било која друга земја. Во огласот за Микросам што е, платата најверојатно ти се определува врз основа на тоа, затоа можеби и стои од 12.000 до 60.000. Некој кога би аплицирал без искуство, платата ќе му е 12.000-15.000 затоа што таа личност воедно и учи како да се работи таа работа и не е толку ефективна како некоја особа што би се пријавила со, да речеме 3 години искуство. Затоа и оваа 2рата особа би имала почетна плата од 20.000 и нешто илјади. Останатото се добива со тек на време, што е и многу нормално. Напредок во кариера.

    Крај краева, да се префрлам на друго еве. Зошто, ако не сакате да работите за помала плата не пробате да почнете некој свој "бизнис", односно самовработување. Ако сметате дека сте толку продуктивни и сте сигурни дека знаете да го работите тоа што сте наумиле, зошто не го пробате тоа? Ништо не губите и воедно никој нема да ви кажува колку вредите, кога да идите на работа, а кога не. Познавам и такви случаи што од ништо постигнале нешто али да не навлегувам сега и во тоа.
     
    На Espadrila, Lella, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти кажам што е срамота. Она што боде очи најмногу, Ако родителот сака да те изведе на убав пат да не се залетуваш да работиш како келнер, да не те гони искуство и да не те тера сам да преживуваш ( во овој случај ако студирате - не е срамота ), а ако сака да остави и да не му е грижа за тебе ондак работи си како келнер. За мене срамота е да работите како келнер на 18 години како демек видиме мене многу јак сум леле работам како келнер. Зашто ќе дојде време кога ќе бараш убава работа во резимето ќе ти пише "работно искуство - келнер".Не се залетувај многу, во ова држава не гледаат што сакаш ти да работиш туку гледаат што си работел претходно. Не се надај на поголема работа од келнер.
    А последното што го пиша за самовработување тие твои луѓе се некои тајкуни што спијат и јадат на пари па успеале да отворат фирма ама пази фирма што треба да плаќаш се од здравствено осигурување, придонеси итн, што за просечен човек со мали примања што ќе остане за него? Едно кафе да се напие еднаш месечно. Така да не ми збори ЈАС вака така онака. Зашто јас си знам колку вредам, а ти знаеш?

    Што ќе си посееш брате мили, тоа ќе си жнееш. Јас за плата од 12.000 не работам и нема да се продадам за некоја си бог знае фирма што инвестирала во Македонија и мисли ние сме глупави незнаеме колку плати даваат во други земји.
    Сметам дека што подалеку од тука, тоа подобро.
     
  8. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Вие што чекате да се вработите според вашата професија а до тогаш не работите ништо да ни ви се сроне бисерот,тритнете ко ке се вработите според професијата .
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Имаме доволно бисери не се секирај. Мед и млеко ние. :D Но, не сакам да се расправам, секој со својата среќа. Ако вас ви се свиѓа и ви одговара работете си.
    Познавам многу другари кои во странство што работеа тука направија вили, купија станови и коли. Додека Македончето со 12.000 денари плати не може тоа да си го овозможи.
     
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    од работа нема страм ,и плус си ствараш работна навика што е најважно ,е па сега неможи да си го овозможи македончето тој луксус со тие пари како што кажа вили станови коли ,ама поарно да работи нешто отколку ништо и да чека од неговите како паразит ,зошто?Затоа што тој не бил за таква работа е па нека причекаат тие со такво мислење ама да не му мине животот само од чекање,а и мене ми тече мед и млеко ние што работиме било што не дека немаме да преживееме ,ама зошто па и така да седиме и да делиме правдини кога можеме да го мрднеме газот
     
    На VladeMila, Lella и omg92 им се допаѓа ова.
  11. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Види вака, нема потреба од мешање на моите родители во сето ова. Ако не биле тие јас немаше ни да студирам кај што сакам ни ништо. Сум побарал да студирам во Скопје и ми дозволиле, колку што имале пари ми давале и никој не ме натерал да преживувам сам. (ако некој преживувал во тие години тогаш се тие). Немаат сите да им дадат на децата по 15.000 месечно, посебно со 2ца студенти во фамилија. И никогаш не сум се фалел за тоа што сум келнер, за тоа што сум работел на нива од 14 години или што и да сум работел друго. Само сакам да кажам дека подобро е да работам нешто отколку да седам со скрстени раце на 25 години и да џаболебарам.

    А тоа последното нема никаква врска со тајкуни и никој не спие на пари од почеток. Туку и тие работеле нешто пред тоа, си ги зачувале парите и си почнале нешто свое. Некој успева, некој не. Барем пробале. Никоја фирма не почнала со милионски профит, ако мислиш така, тогаш живееш во заблуда.
    За крај, ти продолжи да си знаеш колку вредиш, сигурен сум дека ќе се најде некој оглас што ќе прашува да се процениш самата себе и одма да ти даде фотеља. Јас барем имам 12.000, ти ни со тие неможеш да се пофалиш, што е тоа што викам јас дека е срамота. Ама да не се навредуваме сега без причина.
    И за крај, ако сметаш дека одење во друга земја ќе ти ги реши проблемите, каде што те гледаат како ти овде што ги гледаш циганите, ако мислиш дека работењето по 16 саати во ден е излезот од сето ова, среќен ти пат кај и да одиш и имај многу среќа таму.
     
    На Espadrila, VladeMila, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Да ги разрешиме дилемите: јас не сметам дека моето образование вреди 12 000 денари. Според МЕНЕ, моето образование во рамките на она што ми го понуди факултетот е бесценето затоа што јас знам колку учев и колку вложив во материјалот што го поминав тие четири години. Знам колку ЗНАМ.
    Ама, да бидам искрена, не знам колку сум СПОСОБНА да го применам тоа што го знам затоа што факултетот не ми пружи некоја посебна шанса за пракса.

    Можам да се тупам в гради со дипломата, ама ќе ми верува ли некој?
    Секој еден денес има диплома. Сите ли вредиме исто? Јас знам каква беше ситуацијата меѓу моите колеги, но со оглед на тоа што сите кога-тогаш ќе дипломираат, на еден работодавец ќе му бидеме исти.
    Кога јас би била работодавец, мене дипломата на апликантот нема да ми каже колку тој вреди, затоа што ќе има уште 50 такви како него.

    Не мисли дека секој што би работел за 200 евра плата не си го цени образованието, а вие што не работите за помалку од 20 000 денари многу повеќе си го цените. Секој кој се окозил на факултет си го цени образованието, ама не секој е заслепен од тоа окозување да си зема за право да не работи нешто што му е „испод части“.
    Моите родители би биле пресреќни кога би се вработила по струка затоа што тие ми ги финансираа студиите и животот во Скопје и знаат дека тоа е она што сакам да го работам. Но, исто така би биле уште посреќни кога нивната ќерка би имала некаква секојдневна одговорност, би излегувала од дома и би се мешала со луѓе, отколку вака како мене да седи дома, да запали оган наутро, да ја нахрани мачката и да пие кафе дури да дојдат од работа.

    Брат ми е дипломиран стоматолог. Две години по полагањето на државниот испит седеше дома зашто не се наоѓаше работа. Не излегуваше од дома зашто му беше срам од моите да бара пари за кафе, цело време лежеше пред компјутер, слабо комуницираше со сите нас, потполно се затвори во себе. Ужасно беше чувството да го гледаш таков.
    Работата што ја има сега му е поврзана со фармација, промоција и многу возење со автомобил - значи врска си нема со стоматологија. Ама брат ми е друг човек. Насмеан, излезен, придонесува во домаќинството, покрива трошоци дома одвреме-навреме, се чувствува корисен. И вели дека воопшто не жали што ја прифатил работата (верувај, на почетокот не му плаќаа 20 000, а ни сега).
    За мене знаеш ли што е срамота? Срам ми е да го помислам ова што ти го напиша.
    Ниту една работа не е срамота ако ја работиш чесно.
     
    На Espadrila, VladeMila, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ако знам дека за тие 16 саати ме плаќаат 1000 евра неделно, епа со среќа и нека ми е. Искрено, кога можам повеќе зашто да не, да гледаме реално, кажими ти дали со 12.000 тука без помош од твоите ќе плаќаш кирија, сметки, плус за јадење евентуално ако ти остане да си купиш нешто или да излезеш некаде? Не, така? Абе уште верувате дека ќе се врати времето на Тито и ќе работите како порано. Нема да се врати, тоа е факт. Тука среднобразованци со кецови на сведителствата стануваат министери. А дипломата можеме да си ја урамиме како што кажав на првиот пост на ѕид едино. Така да, во ниту една држава колку што знам јас не се работи по 16 сати. Максимално 8 сати дневно е доста. И тоа ако те плаќа некој добро. Да не одам сега подалеку од темата, само ќе кажам живеачка тука нема. И никој не може да ме убедува дека тука е добро да се работи кога не е.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    На 18 години ја работевте на црно - па и не е баш чесна работа.За мене е срам да работам како келнерка.
    Зашто не се пронаоѓам во таа професија. При крај сум со студирањето и да ви кажам искрено едвај чекам да фатам магла од тука. За сиве овие години знам која голгота и кој просјачки стап го имам поминато, така да не некој друг да му солите памет да се седи тука и да се трпи и да стигнеш да платиш се. Тука со 200 евра тоа го нема. Сакаш верувај, сакаш не. Немаштија невидена.
     
  15. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Од гордост и преценетост не се живее, ах кави не се љуѓе има
     
    На Viktorijaaa5 и omg92 им се допаѓа ова.
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Од каде знаеш дали јас работев на црно или дали сите кои работат на 18 години - работат на црно? Коментаров ти е бесмислен и неоснован - нема да го коментирам повеќе.

    А зошто е за тебе срам да работиш како келнерка? Дека треба да служиш некого? Зошто? Просветли ме зашто мојов себепотценувачки ум не може да го процесира тоа.

    Едит:
    Тоа што не се пронаоѓаш во професијата - тоа е друга работа. И јас не се пронаоѓам како келнерка затоа што сум крајно несмасна, но тоа не значи дека сметам дека е срамота тоа да се работи.

    А за голготи и слични чуда.... tell me about it.
    Прва година факултет. Брат ми петта.
    Мојата партиципација 200 евра годишно. Неговата - 1 000.
    Живеевме со трет цимер и тројцата делевме кирија од 200 евра, што значи дека јас и брат ми заедно плаќавме некои си 135 евра.
    Покрај овие пари, од дома добивавме само плус 10 000 денари (за секој по 5) од кои требаше да издвоиме за сметки (обично 2 000 ми одеа таму, и неговите 2 = 4 000), јадење, книги и слични глупости, како и автобуска карта за дома. Еднаш во месецот си одев дома зашто картата ми чинеше 700 денари. Ако не ми останеа пари, не си ни одев.
    Татко ми немаше плата земено со години. Мајка ми зема 20 000.
    За да успеат да не донесат на прав пат, се занимаваа со земјоделие и триста други глупости.
    Знам како е кога ти се броени парите, кога нема да јадеш на факултет за да можеш скрипта да си купиш, кога пешачиш четири пати дневно по половина час за да заштедиш на автобус... И поради тоа што моите родители гледале на секаков можен чесен начин да извадат некој денар, токму поради тоа сум научила да не потценувам ниту една работа.
     
    Последна измена: 20 февруари 2015
    На Espadrila, VladeMila, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Незнам колку години имаш, јас кога имав18 години сите мои врсници работеа како келнери со 500 денари дневница, не беа пријавени во заводот за вработување. Тоа беше за мене работа на црно, на ризик. Тогаш немаше којда те фати, не се водеше евиденција.
    Срам ми е. Јас сум така воспитана, ако ти смета тебе тоа е твој проблем.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Баш имаш право, ама и од негативци не се живее ;)
     
  19. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Кога правам ваков муабет се осеќам како да му зборувам на ѕидов. Значи јас пишав погоре дека во Скопје живеев со 8.000. (заедно со сметки и кирија.) Сметките и киријата ме коштаа отприлика 4200 просечно. Другите 3.800 беа за мене, за јадење, за излегување за се. И не сум ослабел ни едно кило, не се чувствувам пониско од никој. Ама мене не ми беше приоритет, како што реков, кафе со френдиците во тренд, туку да се најадам, да имам да си купам паста за заби, и слични работи кои стварно се потребни. Тоа го правев со тие 8.000. Ааааа да, и на факултет одев пешки колку да се знае. Кога почнав да работам како келнер, никогаш не им побарав пари на моите. Со 13.000 горе долу си плаќав стан, сметки, и 8.000 за мене остануваа. Тогаш имав и месечна карта, пиев кафе секој втор ден и пак си задржав линија и не ослабев ни едно кило од нејадење.
    И кога ќе одите во својата Утопија (за многу тоа е Германија и Америка или пак некој рандом брод) пробајте да работите една работа, па живеете. Не бива нели? Затоа што тие 1000 евра за тие стандарди се ништо. И 1000 евра само ако си на нешто повисоко. И овде да работиш 2 работи во ден, ќе земаш еве 25.000 и ќе имаш плата колку што "заслужуваш"
     
    На toogood и elisabeta им се допаѓа ова.
  20. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Јас ако сум тука со негативен став што тебе ти смета не значи дека сум негативна личност ,мене на пример ми е негативно тоа што викаш дека ти е страм да работиш во кафич
     
    Последна измена: 20 февруари 2015