1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што после дипломирање? Да се работи што било или да се чека добра прилика?

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 17 февруари 2015.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Е од ова си патиме.

    Секогаш ќе ти даваат, да, ама за што? Дури станеш полнолетен комплетно ќе те финансираат и тоа е скроз во ред, иако има случаи каде средношколци подработуваат бар во лето за џепарац. Потоа дури студираш, некој работи во лето, некој не, секој со својот избор. Ако работиш, доста логично е да не им бараш пари за џепарац, ако не работиш, ќе бараш пак.
    Ќе дипломираш. Немаш никакви други обврски. Здрав си, прав си, способен да работиш. Наоѓаш нешто што би ти одговарало, не е којзнае колку платено (ете нека бидат тие 12 000 кои ги дискутираме цело време), ама нели веќе имаш 20 и кусур години, зошто да бараш дома пари за хамбургер и пиво?
    На оваа возраст ништо не ми купуваат. Од најнеопходни лични работи, шминка, облека, се‘ си купувам сама. Сама си плаќам кафе, сама си се частам пица. Моментално не работам, ама сум штедела. Си купувам влезници за концерти, здравје до на лето планирам лаптоп да си купам... На оваа возраст би очекувала родителите да ми помогнат само доколку се решам да купам нешто од типот на автомобил.

    А и крај краева... зошто секогаш да ти даваат пари? Дури пијам јас кафе, нека оди мајка ми нека пие кафе, нека одат на вечера со татко ми. Јас ќе седам дома, ќе пеглам и ќе слушам турски серии.

    Ако ти навистина си видела немаштија (како што спомна во еден од твоите претходни постови, на претходниве страници беше, да не го барам сега) и ако твоите родители навистина се намачиле и си скратиле многу задоволства за да те изведат на прав пат (ете, при крај си со студии, добра работа завршиле), баш поради тоа треба да ја цениш таа нивна мака и да ги поштедиш од дополнителни лишувања, дозволи им нив малку да поуживаат.
     
    На anina, Elena69221, sia.bella и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    Малку од контекст, ама морам да го напишам ова: НЕ заборавајте дека во Македонија стапката на невработеност е скоро 30% (не можам да најдам најнови податоци и-или да поткрепам со извор). Просечната плата во Македонија можеби статистички е околу 20.000МКД, но таа висока бројка ја дигаат луѓето кои земаат државна плата, вклучувајќи ги и луѓето на многу високи функции. Тоа 12 000 дека значат вредност на личноста, па многумина не се согласуваат да работат за таа плата е само глупост. Основна логика. Колку побарувачка толку понуда. Вие ако не работите за 12000 јас лично знам најмалку тројца кои ќе работат за таа плата само за да застанат на свои нозе. 30% невработеност значи и дека има повеќе од тројца што ќе работат за таа плата. Па ако не ти се свиѓа работата, истрпи некое време, заштеди, направи капитал земи ги парите и отвори фирма па ќе бидеш сам свој шеф и ќе си наплатуваш за твојата работа колку сакаш.

    Мојата поента е дека, ако сега не земеш работа било што, во земја во која што факт е дека во некои општини луѓе се тепаат да дојдат до некоја работа или парче леб, и каде што имаме стапка на сиромаштија алоооо 30% !!! некој треба да биде луд.

    И ова, тие што не сакаат да работат како келнер или како чистач, ќе ве молам за одговор, дали дома сами си варите кафе или секогаш им викате на родителите кафето да ви го донесат на маса и да има кафеав шеќер со него? Дали кога ќе дојде време за чистење викате служба за чистење и наплатувате за услугата? Дали? Срамота.

    И уште младите велат, работата не ми се свиѓа. Дајте бе луѓе, ќе ве молам. Ако сакаш да имаш избор за преференци на работа, направи си можност. А тоа се прави единствено со експертиза, искуство и вештини. И ова можеш сам да го научиш од различни ситуации, а не од факултетот што те учи да читаш и учиш од книги, и да заокружуваш точни прашања. Квалитет на факултетите е друга тема, ама не добиваш пракса таму, ниту пак тоа што си го учел нема да го примениш како што си го учел на ниту една работна позиција.

    Секој од некаде почнува. Дури и да седиш долго без работа ако во тој период се надоградуваш и учиш ново за да ја најдеш работата од соништата во ред, оправдано е затоа што лично верувам дека секој трд се исплати кога тогаш. Но, тоа е луксуз кој ретко кој може да си дозволи долго време да остане без приходи.
     
    На Hipica, Elena69221, sia.bella и 9 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.369
    Допаѓања:
    78.106
    Пол:
    Женски
    Во држава со огромна невработеност, каде што секој втори има факултет веќе, треба да си луд да не прифатиш работа. Било каква. Ако веќе планирате да живеете таму, од што планирате да живеете. Кој ке ви ги плаќа сметките, купува храна и облека? Мама и тато? До кога ке е така? Додека не се омажам. А после?
    Е после ке се жалам како свекрвата и свекорот не чинеле.
    Па според мене, тука е проблемот кај македонците. Што од дома не издржаваат, научени сме ништо да не работиме. Средна школа се завршува на 18-9 години. Одма на факс одиме. Додека да допломираш, веќе си станал 24-5-6 години. Е некој што се научил да биде издржувано лице 25 години, тешко дека сега ке сака да се промени. А постарите генерации се научени на работа. И на нива работеле, имале работни акции за време на Југославија, аргати за безпари оделе.
    А ние сакаме се да ни е платено, преплатено. Погледнете ја реалноста. Работа нема, нема многу место за бирање. Ако ти не сакаш да работиш за 12, ке се најде некој и за 10 да работи. Па и за 8 илјади
    макар веќе искористување, ама не е тема на муабет. Зборевме дека ви е испод чест да работите како келнерки.
    Баш ме интересира на кој златен факултет студира @buba4e89 и од кој град е
     
    На anina, Elena69221, Sunshine.Sunshine и 4 други им се допаѓа ова.
  4. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    еве јас си правев пресметки, онака лабаво, колкава плата би ми требала за да имам за себе, да давам за дома, и за сметки ми испадна 16 000, оноа кнап. а кога ќе ми текне дека 3 месеци имам работено за 16к ми се плаче по малце :)
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Првин да ти кажам нешто. На каков родител ќе се паднеш тоа ти е.
    Моите не ми даваат да работам како келнерка или било која друга работа, зошто знаат дека можам повеќе.Зашто во позадина да ми стои искуство како келнерка. Не сакам ни сама да си имам минато. Ти ако сметаш така за себе си, тоа е си твое право. Друго моите не уживаат во материјални нешта. Моите уживаат мене да ме гледаат среќна и јас да напредувам ниво погоре, за да не ме гледаат како се мачам.Не дозволиле да ми фали нешто, нити да се понижувам да работам како келнерка. Ако твоите уживаат да ти грабаат пари тоа е друга работа.
    Јас си имам златни родители, тоа што го добивам од нив никој не го добива. И да, сме поминале многу низ немаштија и се. Па еве не од сиромашни станавме ниво погоре. Не се преценувам едноставно си имам такви родители кои подруго од твоите гледаат на нештата. Твоите можеби се млади, па ако работеле тие на млади години, зашто тебе да те поштедат зашто да не работиш и ти.
    25 години имам, живеам со моите и додека сум во оваа куќа секако дека ќе ми даваат пари, зашто да ми е срам? Нема срам тука твоја крвна група се. Срамота е од свекор и свекрва да бараш пари, од дечко.Тоа е срамота. Јас сум среќна што сум се паднала во фамилија каде не ме тераат да работам на млади години, до крајот на животот ќе бидат тука за мене.
    Понатака дискусирај си што сакаш. Мене не ме интересира.
     
    На Aleksandarreal му/ѝ се допаѓа ова.
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 deka tvoite se besprekorni roditeli,toa nikoj ne go osporuva.
    Velis deka tvoite uzivaat da te gledaat kako napreduvas nivoa pogore.Kako ke go vidat toa ako da receme prodolzis da sedis doma,od kade ke dojde napredokot?
    Da go ostavime kelnerstvoto na strana.Ima i drugi profesii.Toa e za tebe i rvoite ponizuvanje,go prifakame i go trgame na strana,sto so drugite profesii?
    Da receme kasierka vo prodavnica,slatkarnica,vo knizara..Ne znam sto ti e diplomata pa da posocam drugi primeri za rabota koi ne bi bile ponizuvanje za tebe ako ne se zeme vo obzir goleminata na platata.
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Галапче јас кажав горе дека јас завршувам и одам во странство. А кој мене ќе ме прими и ќе ми плаќа сметки итн. тоа не е ваша работа. Кој си има блиски роднини по странство ќе си оди зошто да не. Ако некој те сака и цени ќе те прими во куќа, додека си најдеш сам свое пребижиште. Тоа е мојот напредок.
    Јас мојот напредок не го гледам во земјава нити планирам да останам. Туку темата не е отворена за мене, туку што после дипломирањето. Јас си кажав за себе мое мислење, ако не се согласувам со вас не значи дека ме прави проста.
     
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Jas nikade ne upotrebiv takov zbor za tebe.Tokmu taka,temata e sto i kako so rabota ovde posle diplomiranjeto i toa i komentiram.Ti imaj si pak i rodnini i daj boze uspesi i von drzavava i ovde,site do eden ovde go komentiraat ona sto se diskutira niz temava.
    Ajde so sreka,moze pa i ke ti ja uvazat diplomata nadvor od ovde.Ako ne,daj boze da si najdes nesto sto nema da go "sramoti"ponatamu tvoeto sivi.
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Галапче претеруваш... непотребно реплицираш. Јас никаде не реков дека дипломата ми важи во странство девојко. Врати се на првото мислење каде дипломата можеме едноставно да си ја урамиме на ѕид. Тебе очигледно не ти одговара ништо. Како и сите други "ајде да ја нападнеме".
    Епа од тоа си патиме. Секое добро на сите. Понатака нема да коментирам.
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Леле Бубаче ништо лично, ама се изнасмеав.:rofl::rofl:

    25 години, тек допрва ќе завршуваш, тек допрва ќе одиш во странство, тек допрва ќе работиш за првпат? :clap:

    Лелелеле, па прво прашање што ќе ти го постават е зошто дипломираш по 8 години,:?: дали си работела измеѓу па студиите ти биле отежнати и како ти ќе допринесеш во фирмата со твоето искуство и знаење.

    Браво за твоите, еве не знам, моиве позатуцани се изгледа.:P :rofl:

    Леле дај стварно кажи ми каде планираш и што планираш да работиш, во странство, еве те бришеме од системот во Македонија. Имаш ли план, во која земја сакаш да одиш и каде се гледаш, си била ли претходно таму, да видиш како функционира системот, се имаш ли распрашано за колку почетен капитал ти треба, цени на кирии, на транспорт, на храна, како функционира здравството, кое осигурување ќе ти треба, дали ти е призната дипломата..... Дали ќе ти треба виза, дека без виза само 90 дена можеш во ЕУ, во другиве не можеш ни да штрапнеш без виза..... остај ја ти тетка ти во Мадрид, она си знае како стасала до златото. Дека на пример, келнерка во странство со сиот бакшиш ќе прави минимум по 100-150 евра ДНЕВНО. Друг пример од мое искуство, во Германија и Австрија нема да штрапнам и да ме молат, едноставно не кликнав со тој тип на народ и начин на живот, ладни, се чувствував недобредојдено, одвај чекав да си дојдам. Во Америка се осеќав како дома, па сега знам дека иако пола Македонија се надева на бољи живот во Њемачка, ни половина нема да преживеат таму.

    Ако не се лажам си на економски факултет:?:, еве кажи ни го планот, најозбилно те прашувам, зошто пробувам да ти ја разберам логикава. Дека ние според тебе не чиниме, дома нашиве не чинат, сите понижени, омаловажени, напатени, ептен сме, еве сите до еден. Еве плачам и додека ти пишувам, навираат сеќавања.:rofl:

    Леле немој да не коментираш, ме занима одговорот на моите прашања. :D
     
    На Arthur, kim.k, Lella и 21 други им се допаѓа ова.
  11. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Да кажам само ,тетка и јас имам во Австралија која работи како хигиеничарка во факултет таму работи 15години вози најскапи коли купува многу злато да спомнам и за златото:DИако златото лично мене не ми е некој тренд:DНа мене ми праќа пари да се почестам два сина има на факултет таа си е модерна сака да отиде на фризер на масажа на депилација најскапа козМетика користи,и да хигиеничарка е и ништо не и фали ни пак се страми од работата
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  12. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Значи девојче, мислам дека никој нема проблем ЛИЧНО со тебе. Еве јас прв те нареков проста ама не поради тоа што го мислиш за работата. Туку поради тоа што го кажа дека ако не си во партија, нема работа пристојна (не дека си проста, таквото размислување мене ми е просто). Не те напаѓа никој тебе лично, само дискутираме и сакаме да знаеме зошто мислиш така како што мислиш па според тоа се реплицира. Во многу теми кога ти одговара некој на прашање, го сфаќаш премногу лично. Не се нервирај толку
     
    На Viktorijaaa5, elisabeta и mirandaa им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Само тебе ќе ти одговорам дека тоа е вистина ( за партиската книшка ) прашај кого сакаш.
    А за тоа што сум правела во текот на 8 години и што ќе завршам...нека не ве брига.
    @Doozy сигурно си во ПМС што толку саркастично одговараш. А тебе неморам да ти се правдам. Јас си кажувам вистина што сум видела со свои очи, па кој верува ок, кој не ќе си ламоти.
    И не продолжувај да провоцираш и да ги повикуваш другарките да зборат за тебе. Бидејќи е форум, секој си пише мислење какво сака. Не си светица :lol:
     
    Последна измена: 22 февруари 2015
    На Aleksandarreal му/ѝ се допаѓа ова.
  14. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Абе јас се согласувам во тоа со тебе, ама не целосно. Многу души се вработиле преку партија ама има и многу што се вработиле без врски. Тоа сакав да кажам. Ајде да не забегуваме сега оф-топик со ова :!:
     
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    10.409
    Да си жива и здрава Hipica тоа дојдов да го кажам. Тоа е проблемот на ова поднебје и на оваа генерација. Цел живот ранети со лажичка, тато носи - мама меси, цел живот зини - на, најголемата обврска во денот им е леб ако евентуално отидат да си купат, а мајка им ако не им ја суреди собата веројатно змии ќе ги изедат. Тоа е проблемот што од дома им пикаат во глава колку се најпаметни, умни они мајкини, ги учат да не се мачат, да бараат повеќе, да целат високо, ама најтрагичното е што не ги учат како и уште од мали им ставаат ете такви мисли дека има некоја чесна работа што е срамна и дека не секој треба да се спушти на тоа ниво некому да слугува туку дека за тоа е задолжена некоја друга посебна група на бедници со понизок сталеж од нивниот.
    Е така и на таа килава младина што се создала со таков третман додај ја уште и силата што си ја имаат земено со завршениот факултет и добиваш самобендисаност и преценетост без покритие.
    Кога ќе се сфати дека дипломата е само пола пат до успехот веројатно само тогаш очекувањата ќе се намалат и ќе биде појасна визијата за иднината, наместо да се сонува за работни позиции од соништата само што излезени од клупите. Не дека тоа не се случува, не дека такви шанси не се пружаат, ама најчесто треба да сте се издвоиле претходно од толпата, да умеете да покажете нешто поинакво, нешто дополнително, да види некој дека сте излегле од рамките на она што се бара и на она што веќе сите го направиле...Затоа што постојано се бара нешто ново и нешто плус. Веќе дипломата, англискиот и компјутерите се нешто најнормално, а не нешто што ве одвојува, од причина што сите ги поседуваат тие вештини.

    Да си кажам за мене јас лично работам од првиот ден од кога завршив со предавања на факултет и до ден денешен сум се пробала на неколку работни места, меѓу кои и краток временски период сум била келнер и сум немала проблем со тоа, ниту имам. Еден ден повтоно ако треба и повторно ќе го работам истото. Без разлика што имам милион препораки од професори и претходни работодавци, без разлика што имам исклучително висок просек, во ниту еден момент не се преценив и не помислив дека сум премногу квалификувана за да работам таква мизерна работа според некој.
    Не сметам сум се потценила, едноставно во тој даден момент тоа ми била единствената можност за приходи, а од кога веќе еднаш сум го осетиал вкусот на самостојноста што се вели, не ми паднало повеќе на памет да барам пари од родителите. Не станува збор тука дали можеле, дали сакале, ЈАС не сум сакала да си играм играчки, денес сум ви на грб, утре не сум ви, денес ќе си играм работа, утре ќе си прчам дома со нечии туѓи тешко заработени пари.
    И друго нешто, не работев секогаш по струка, ама искуството и социјалниот капитал што го стекнав за овие неколку години никој не може ниту да ми го оспори ниту да ми го земе.

    Како и да да резимирам, не дека секој мора да работи од кога ќе заврши со студиите, секој различно си размислува на тоа поле, но во секој случај дома да се денгуби во никој случај не е решение. Ако не се работи, тогаш треба да се оди на некакви обуки, курсеви, да се бараат стипендии, пракси, неуморно да се чука по врати на фирми и да се праќаат документации за да ве примат барем на пракса и што е најважно да се биде спремен да се работи за малку или за џабе...тоа значи и да се прошират малку видиците и да не се пробува само по државни институции и оние фирми каде би сакале да ја градите кариерата. Затоа што факултетот меѓу другото треба да покажува дека тука не застанува вашето образование( не мислам на магистрирање) и дека сте спремни да учите, да се надградите и да врште научна работа во склоп на вашата професија. Затоа што за се друго потребно е само средно школо. Празното резиме никогаш нема да ви упали во тој куп резимеа што пристигнуваат секој ден низ фирмите и за тие работни позиции кои сметате дека ги заслужувате. Ни тука, а уште помалку па во странство. А тие вицови што ги читам тука и што ги гледам секој ден, дека во странство тече мед и млеко и дека вас ве чекаат да работите таму, мало сутра. Еве имате доста примери низ форумов и што пробале и што живеат таму, па прочитајте за трлнивиот пат до успехот. За да добиеш, прво треба и да вложиш, ете толку е просто, а со текот на времето критериумите се зголемуваат, затоа што секогаш ќе се појави нешто ново и нешто што отскокнува на тој пазар на труд.

    п.с. Гледам во неколку теми сте и се фатиле на Дузи за врат и постојано и го плескате моментот што чистела во странство, го кажувате тоа со некој потсмев и омаловажување ко којзнае каде да сте ја спуштиле со тоа. Еве ако на неа и е срам да ви каже, јас да ви кажам...онака најпростачки, скинете и се с курца и запотете малку газовите пред пак да истрескате некоја глупост и да се покажете колку сте плитки и прости. Работете што сакате, живејте како сакате, ама ве молам немојте да вреѓате некој што неуморно работи и се труди да се надгради себе си, некој што за разлика од вас има идеја за што и како понатаму.
     
    Последна измена: 22 февруари 2015
    На Mimi123, malerozna, Grungie и 22 други им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја темава, морав да кажам нешто - мене ми се чини дека има многу млади луѓе кои сѐ уште не се свесни за моменталната состојба на нашиов пазар на труд. Знаете ли која конкуренција ја имате откако ќе излезете од факултет, особено ако не сте од некој дефицитарен кадар? Работодавците можат комотно да ве бираат како лубеници! Треба да се истакнете, да се издвоите од толпата, да покажете зошто треба да ве одберат токму вам. Факултетската диплома тука не ви врши работа. Таква диплома имаат сите што ќе ги видите околу вас додека чекате за интервју.
     
    На herbst-girl, anina, Hipica и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.621
    Допаѓања:
    14.065
    Приземјете се млади и невработени луѓе. Доаѓаат се потешки времиња, а ако сте неконкурентни, ако не сте вредни, брзи, професионалци ќе седите дома. Не сте свесни со какви јаки факултети седат дома. А братучетка ми е келнерка со средно, зема 15000 и со години е независна. Иста генерација со неа едвај факс
    завршија на 27, неспособни и скршен денар немаат во џеб. Што е важно што е келнерка? Си оди 2 пати годишно на море, средена, независна е одамна. Јас познавам жена со средно стручно трет степен работи во приватна странска компанија и зема над 20000. Останала таму и напредувала затоа што е вредна.
     
    На SnowWhite8 и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  18. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    @buba4e89 може да напишеш каде ќе одиш во странство, каде што имаш блиски роднини, оти јас сакам да се посреќам. Малку slap to reality да ти направам и за во странство, дури и да живееш кај пријатели или роднини:

    Еве, одиш на 25 години да живееш кај вујче од Америка или Германија небитно. Живееш кај нив те гледаат како душичка и разбираат низ што се треба да поминеш за да успееш оти и тие осетиле на нивна кожа како било кога дошле сами без никој и ништо во странство, и знаат како е да почнеш од нула. Еве те гледаат така. Јазик може не знаш може знаеш, диплома допрва ќе земаш. Што е следно? Имаш притисок од дома да не работиш ниско класни работи, а од роднините што те хранат во странство побрзо да те стават на свои нозе оти боже сачувај малку трошоци имаат во странство нели, па можат да ранат уште една уста доживотно. Настрана тоа, нека не биде така.

    Пробуваш да најдеш работа. Аплицираш, одиш на интервјуа. Гледаат дека имаш во Македонија завршено и имаш нула работно искуство. Што мислиш, ќе те примат некаде? Еве дури и да те примат да речат многу сме воодушевени од твоите способности, знаење и профил дојди да работиш било што во нашата компанија. И треба работна виза да ти извадиме. Гледаат дека си од Македонија. И стоп. Фактот што се заборава е дека Македонија не е членка во ЕУ и за да те прими фирмата или треба многу мито да плати на службеник (што не е возможно) или треба по нормална процедура да докаже дека на огласот што го распишале на која ти си се пријавила и те примиле, не постојат соодветни кандидати од матичната земја, ниту пак од останатите земји од ЕУ. Оти тие земји имаат предност. И освен ако не си супер експерт кој е дефицит во земјата (на пример доктори во Германија) нема правна основа зошто некој со твојот профил би го примиле, без искуство и пресно завршен млад дипломант. Тука приказната за позиција со фотелја, ајде не мора фотелја, нека биде "пристојно" столче, завршува!

    Ова е ралноста во странство. Имам другарки кои со висок просек и работни искуства во топ 500 Фортуне компании не успеаја да добијат виза, само затоа што Македонија во очите на Европа и административните тортури е на ДНО! Жалам дека е така, но што побргу тоа сите ние го сфатиме, толку побрзо може да ја смениме ситуацијата. Од овие, дел се вратија во Македонија и како што кажа некој погоре беа преквалификувани за да работат во фирми-банки во Македонија, дел се запишаа на додатно образование, а дел мораа да работат било што каде што како што викаш им беше срам и испод чест (а тоа не вклучува келнер или чистач, туку административни работи за кои никогаш не учеле и никогаш не ги исполнува).

    Во секој случај, 25 години без искуство во Европа е срамота! За врсниците во Европа срамота е да денгубиш и безделничиш кога гооолем број се организираат, работат и се активираат. За жал, во Македонија е обратно, а ти и твоите родители не се единствените со такви размислувања, за жал. Затоа Македонија е таму каде што е, а Европа е понапред.

    ПС. Работните навики, интегритет и дисциплина се учат од мали нозе или во контекст на темава од рани искуства. И од сите работни активности овие три работи се заеднички и се битни за било што да работиш во иднина, и да, можат да се научат и ако работиш како келнер или чистач.
     
    На Arthur, omg92, Lella и 11 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.526
    Допаѓања:
    288.872
    @Robin25 Без разлика дали е германија, англија, австралија, канада, америка....за сите овие земји се наоѓа по некоја девојка на форумов која со задоволство ќе сподели искуство и совети.
    И сигурна сум секоја ќе го стори тоа низ примери(најчесто од сопствено искуство), објективно и добронамерно.
    Прашањата од типот добивање виза и работна дозвола, неопходно ниво на познавање јазик и потребни сертификати при аплицирање во некоја академска институција, здравствено осигурување, даночни стапки каков тип на работа те чека ...се многу поважни од легло и топол оброк за некој кој долгорочно се гледа во таа средина.
    Ама тоа ако сакаш совет и ако мислиш дека не си знаеш веќе се.
     
    На Tanjamm и Robin25 им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Леле @Robin25 многу искусна ти?
    :lol::lol::lol::lol::lol::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Ај пак ќе си речам баш ме брига за вашите мислења.
    :rofl::rofl::rofl:

    Јас немам никаков притисок од дома, нити ќе имам. Јас не ни сакам да работа како келнерка,а нити пак ти ни било кој друг нема да ми кажува што да работам.
    И смирете си страсти, колку пати ќе пишам СЕКОЈ СИ ИМА СВОЕ МИСЛЕЊЕ!