1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што после дипломирање? Да се работи што било или да се чека добра прилика?

Дискусија во 'Барање работа' започната од Lilit, 17 февруари 2015.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    А што демек па овде, се чисто случајно се вработуваат? :D Затоа е зголемена невработеноста од случајности.
     
    На makedonkamak, Mimi123 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  2. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    @danichap се согласувам, ќе добиеш повеќе информации како да ги избегнеш административните препреки итн итн, на крај пак останува моментот во кој "you need to shine as a bright star" и зависи само од што ти имаш направено со тие совети и со своите можности..


    @buba4e89 кратка и јасна реплика за тебе, па сакаш секирај се сакаш не:

    when the wise man points at the moon the fool looks at the finger
     
    На Lella, Annath, sia.bella и 7 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Хахахахах
    @Robin25 еве се испосекирав јас многу,одам да се фрлам во Вардар пошто очигледно во светот владеат "најпаметните" светци.
    Ајде сега чао. Ќе го поздравам Оној горе од тебе. :rofl:
    :rofl::P:P
    Остај немој иначе ќе мораме и двете да работиме како келнерки.Пошто ако не го сториме тоа нож под грло ќе ни стават.
    Моја чудесна земјо...какви опинци те газат.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.621
    Допаѓања:
    14.065
    Де бре што толку ароганција. Еве со аргументи ти кажуваат кои се процедурите, а ти викаш гајле ми е за вашите мислења.Мене ми се допаѓа што на форумот споделуваат искуства, кажуваат како се снашле, а во живо и да прашаш познати си ќитат. Туку ај на 25 ок е човек да фантазира, ама има и на 47 се надеваат дека без јазик во тие години ќе избегаат од овде и ќе се спасат. Плачат
     
    На MacenceEna и Robin25 им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Ако побарав совет или аргумент ќе пишев сама. Јас не фантазирам. Вие за мене се фативте зашто не се согласив со вашите мислења. Па и несе согласувам. Доволно се имам изнаслушано и позитивно и негативно и си знам. Нема апла да тропам сигурно. Секој со своето искуство.
    Ако не се согласувате не мора да напаѓате. Сеедно, 3 дена треба да ви оправам криви дрини, ама гледам не вреди. Прееска реков нема да коментирам, сега навистина ќе го сторам тоа.
    Ве молам не ме преплицирајте повеќе,јас си кажав што имам и точка.
     
  6. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Не знам дали сте знаеле, Ангела Меркел има работено како келнерка во младоста. Бубаче е појака фаца од Меркел.
     
    На Hipica, tessie, makedonkamak и 13 други им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Една познаничка после завршувањето на факултетот неможеше да најде работа некое време и почна да работи во кафич како келенерка. Благодарение на тоа работно искуство денес е стјуардеса. Баш кога ми раскажуваше ми рече дека тоа искуство ја извадило, односно ја однело пред другите кои биле одбиени ете само заради тоа што немале искуство со послужување на храна и пијалоци.

    Ептен отидовме оф топик, коментарите на луѓето зборат многу за самите луѓе така да нема потреба од толку реплицирање и уништување на темава.

    Секако дека треба да се цениме и секогаш да се бориме за повеќе, но нема да знаеме се додека не пробаме. Јас сметам дека искуството е пресудно во пронаоѓањето подобра работа, ако треба да работам за џабе само за да добијам искуство тогаш прифаќам. Едно е кога аплицираш на место каде што веќе со огласот е утврдена платата, а сосема друго каде што не е наведена плата па можеби ќе те прашаат што мсилиш колку терба да заработуваш. Секое искуство е само голем плус во животот, а уште повеќе па ако тоа искуство ви е според струката.
    На претходното работно место се здобив со искуство во продажба, посетив многу обуки за асертивност, однос со клиенти, работа со основните документи, приемници, испратници и слично, а да не зборам за тоа колку контакти склопив и колку си ги подобрив комуникациските вештини. Доколку сега аплицирам за некое работно место кое меѓудругото вклучува и односи со клиенти и директна продажба сигурно би имала предност заради моето искуство. Да, ќе видат за колкава плата сум работела и сигурно ќе ми понудат толку, но сепак сега веќе аплицирам со искуство па фер би било да побарам и повеќе, а и ним би им било од интерес да вработат некој кој веќе има искуство во тоа поле.
    Ништо не ве спречува да работите било што, а истовремено и да се борите и да барате повеќе.

    Имам амбиции и сериозно размислувам за заминување во странство. Имам роднини каде што можам да отидам и да ми помогнат во наоѓањето работа ама немате поим колку е тешка административната постапка за вадење работни визи, треба милион документи, треба пари да приложиш во банка дека нема да бидеш на товар на државата, патните трошоци за таму ми се многу големи. Платата на инженерите е околу 3000$ почетна, имало и работа ми кажуваат. Моите роднини живеат баш во град поред индустриска зона, има доста фабрики и за инженери е рај таму. Еден од условите е прво да најдеш работа за да имаш основ за заминување таму, а како ќе најдам? Огромен трошок ми е да одам таму на месец дена со туристичка виза и да барам работа, а прашање е кој би ме примил мене со ова државјанство и оваа диплома таму и без ден работно искуство како инженер па би потрошила огромна сума за џабе што се вика. Предност секогаш ќе си имаат нивните граѓани. Повеќе се надевам да направам некое искуство и капитал тука па да си заминам, одколку вака, практично невозможно ми е.
    Се надевам дека во скоро време ќе најдам нешто по струка за барам 20.000 почетна плата. :angel:
    Времето ќе покаже кој е/бил во право затоа што нема правило, се е до среќата. :)

    Еј па пола и више од глумцине во Холивуд почнале како келнери, чистачи и незнам уште што па еве денес се меѓу најбогатите и највлијателните луѓе во светот.
    Never give up on your dreams, а во меѓувреме излези од зоната на комфорот и прекини да зависиш од твоите родители.
     
    На anuskaNESTLE, Hipica, MacenceEna и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Многу нормално дека никој не очекува одма да го стават за директор и се знае како се започнува да се работи и што има толку тука да се објаснува како тоа треба се почне, додека не се најде соодветната работа.Секој го знае тоа.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Многу тешко прашање бидејќи и двете опции се лоши. Почетните плати се срамни и под секое достоинство на луѓе во Европа во 21.век. На претходните страни прочитав споменување на паста за заби, цигари и кафе. Тоа е она што е тажно, ужасно, млад човек или жена да има такви ``мотиви`` при вработување со завршен факултет за кој што потрошиле години и години и сигурно над 10.000 евра а на некои може и 20.000 за да завршат.

    Но од друга страна е точно и дека не е добро да се чека од родители или да им се прави дополнителен притисок со овие одвратни времиња. И не само тоа, фактот што факултетски образуван човек зависи од родители сигурно не е најдобар психолошки момент.

    Има трета опција, а тоа е заминување во странство каде што најголем дел од овдешните дипломи и неискуството ќе го направат влезот на тамошниот пазар на образувана работна сила невозможен, но и најобична работа би била подобра отколку да се работи тука за паста за заби, кафе и цигари.
    Тука се тргува работа по струка се продава за ``обична`` работа за пристојна плата.

    Ако тргнам лично, сум работел и за помалку од 200 евра, ми е срам и да ја наведам сумата и знам дека кога со задоцнување од недела-две ќе ми беше исплатен месечниот износ се чуствував ефтино и мизерно, ми беше мака од самиот себе, 10 часа во просек на ден, 50 неделно за горе долу 130-140 евра месецот.
    Знам еднаш сакав да купам подарок за една (тогаш барем) драга личност, и цело време се мачи човек дали да ги даде тие 500-600 денари, калкулации во главата што и како со тие пари, дали ќе стигнат за ова или она, дали може да се скрати од некаде за што бре, за да купам подарок за роденден?

    Иако тоа сега е далечно минато и работите се сменети неспоредливо подобро, никогаш нема да ме напушти тоа чувство.

    Секој со својата сметка како што велат, дилемата е никаква и не верувам дека треба да се суди било едниот или другиот избор.
     
    На MacenceEna, Sky-butterfly, kolovoz и 3 други им се допаѓа ова.
  10. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Не е само проблем што не сакаат да работат како келнерки, проблем настанува кога треба да се волонтира/праксира по струка. Немало зошто да работи со факултетска диплома за превоз и храна.
     
    На Hipica и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.193
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до келнерството, а некој кажа дека демек лошо влијеало врз CVто, и ви се намалени шансите за работа ако порано сте работеле како келнер, можете потполно да бидете сигурни дека не влијае воопшто.
    Покрај славните личности, би дала и еден реален пример. Татко ми работел како келнер во Англија пред да се вработи тука како инженер и да зема пристојна плата колку што треба да зема еден инженер.
     
    На Annath, Marossa, Sunshine.Sunshine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Море остајте тоа што не е ништо срамота, него навистина е напорно да си келнер! Како прво, грбот боли затоа што ајнцерот тежи, а мораш со една рака да го носиш. Кај нас можеби и нема многу бон тон, ама кога платата ти зависи од бакшиш, да видиш колку ќе бидеш љубезен и насмеан и фин. А само да знаете колку истоштува комуникација со луѓе цел ден, да се смееш додека ти се плаче, да бидеш фин со сите и итн. Јас од такво слично искуство, цел ден услужуваш, се смешкаш, а на крајот од денот бев емоционално истоштена, одам на варијанта да чистам, психички поубаво ми делува. И таму имаш хихи и хаха со гостите, па оп вади банкнотчиња плус како фала, ем расположена, ем не бев толку психички истоштена. Еве тие што им е таква работата, без разлика, од келнери до банкарски службеници, можат да потврдат колку е само напорно со луѓе.

    Затоа никакво потценување на професии, посебно не на тие каде што има многу работа, а малце пари. Нешто кско лекција број еден е ова.
     
    На eliesaab, imelda, Hipica и 12 други им се допаѓа ова.
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Со останатото се согласувам , ама кога прочитам некаде дека факултет (зборам за државен) кој нели и повеќе се вреднува, чини 10000-20000 евра ми се смачува. Не знам, можеби не сум упатена и сум студирала на најефтиниот факултет, ама студирањето не ме чинело повеќе од 5000, па и тоа е многу.
     
  14. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Da, ne se tolku skapi fakultetite vo mk osven neli privatnite, ama za tie od strana sto doagjaat vo skopje da studiraat ako presmetas i kirija i smetki i drugi trosoci za prestoj i toa kako se doagja do 10.000 evra pa i poveke, i toa ako go zavrsis fakultetot vo rekorden rok.
     
    На Chemical, Hipica, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    А бе, што се чудите? Има и такви на 25 години кои заработуваат океј и пак зимаат пари од родителите за обавезниот зимски и летен одмор и слично, додека своите пари си ги трошат за облека и козметика.

    Како студент имам работено некоја хонорарна работа, стипендијата ми помага колку толку да не барам пари од моите за моите патувања. Чат пат ќе направам некоја тетоважа или постер за дечко ми доколку му треба помош и се' на се' не сум нешто задоволна од себе. На мои години какви ги има одговорни алал да и е.

    А после димполмирањето, хмм, сега за сега имам поголеми маки од парите, а тоа е прашањето дали ќе работам работа што ја сакам? Пошо не сакам да работам работа која нема да ме предизвикува и исполнува. Моментално баш во таа криза сум. Се трудам да работам на себе и да се креирам во она што сакам да бидам на професионален план за еден ден кога ќе излезам да се претставам како што прилега.

    Да работам како келнерка за некое време искрено не ми пречи. Ама мислам дека ќе станам ужасно фрустрирана личност ако еден ден не успеам да си најдам работа каква што ми прилега.
     
    На eliesaab, Hipica и anina им се допаѓа ова.
  16. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Тука мислев на целосните трошоци а не само админстративните, можеби грешам но не верувам дека може да се пројде со 1000-1200 евра годишно ако се земат во предвид сите трошоци.
     
    На omg92, mackica1 и galapce им се допаѓа ова.
  17. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Јас кога студирав мои колеги плаќаа 1000 евра кофинансирање (значи 50 % од студентите, оние што не успеале да се запишат со партиципација од 200 евра). Плаќавме станарина минимум 50 евра месечно затоа што нели не сме сите од Скопје, тоа подразбира дополнителни 600 евра годишно. Ако на тоа се додаде книги, скрипти, превоз јасно е дека бројката надминува 2000 евра годишно. 2000 евра х 5 години = НАЈМАЛКУ 10000 евра. Инаку студирав на УКИМ и во трошоците не ги пресметав казните за секој презапишан испит што се движеа од 20-50 евра.

    Сега он топик: Јас би ја чекала вистинската прилика кога би имало кој да ми ги плаќа сметките и другите трошоци, но кога на глава ти стои кредит и дете во најава немаш баш многу избор и ја прифаќаш првата понуда. Мојата прва плата беше неверојатни 13000 денари. ПО шест месеци се зголеми на 18000 и таква остана две години. Дури по две години постепено почна да достигнува достоинствена бројка.
     
    На Annath, omg92, anina и 2 други им се допаѓа ова.
  18. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    се слагам, на државен викаат 200 евра партиципација а со се пропратни трошоци и глупости уким, муким, казни за испити, па сеа почнаа и за семинарски да наплаќаат уплатници од по 400 ден. :fubar: се на се фаќа 1000/1200 евра годишно само за уплатници на факултет башка книги и други за*банции а да не зборам за тие од внатрешноста што учат у ск, па плаќаат кирии, сметки итн.
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Неколку работи да кажам.
    Прво, сите доаѓаме од различни семејства и средини. Секое семејство си оди според своите убедувања и не треба да биде гледано со осуда на никој кој на 25 нема работно искуство како келнерка.
    Второ, јас ако му речев на татко ми дека ќе одам да чистам wc-а за да си ги платам судиите ќе ме напикаше во најблиските го*на. Келнерка - не доаѓаше во предвид. Казино - ни под разно. Зошто? Затоа што имаат пари. Така ме израснаа, со такви сфаќања, и сосема нормално е јас да размислувам како нив. Мајка ми смета дека е должна да се грижи за мене и сестра ми се додека е жива. Ај убеди ја во спротивното... Побрзо цела Земја ќе ја испешачиш отколку да и ги смениш сфаќањата.
    Јас се уште не би прифатила да чистам некаде. Не велам дека нема да дојде ден за тоа. Никој не си ја знаеме иднината, ама се додека имам барем за леб не би прифатила таква работа.
     
    Последна измена: 24 февруари 2015
    На kjukli, GirlLove, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  20. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Не е во прашање само егзистенцијата туку е мегаломанството за свои пари од мали нозе. Јас сметам дека повеќето имаме/ле пари за леб меѓутоа свои пари и еден вид независност од 18 години е многу продуктивна ствар.
    Јас првиот факултет го завршив со вршење на шанкерско/барменски ствари. Не бев келнерка, бев шанкер и тоа добар шанкер, а работев паралелно со студии и завршив навремено без никакви проблеми.
    Меѓу двата факултети вршев разновидни работи, предавање, пракса во банка, сметководствени услуги, пишување на едукативни трудови (дипломски и магистерски) што дури и сега ги правам.

    Со вториот факултет исто така паралелно работам што не е воопшто страшно бидејќи на 25 години сум го испекла “академскиот“ занает, па испити се премногу лесни за поминување, а мојата плата не ја трошам само на мои луксузи туку живеам како цимер, се` е на пола буквално - сметки, јадење, финансиски издатоци, а плус ми остануваат доволно пари за искачање, шминка и облека, односно секој месец подновување.

    Со тоа јас сум комплетно независна од мојата мајка и реално драго ми е кога ќе видам дека ќе и остане секој месец по некое илјадарче што може самата таа да го потроши на што сака. 20 години пожртвуваност на еден родител се доволни за да истера дете на правилен пат. Со завршување на студиите треба секој да се обиде да биде што понезависен од неговите. Во време на студии е нормално да се работи било што бидејќи немате квалификации, а со завршувањето мора да се почне со волонтирање/пракса за да се добие еден круг на луѓе што ќе ве известуваат кога има интерни огласи во некоја фирма.
     
    На Robin25, Annath, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.