1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што постоело пред Big Bang?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 4 јануари 2018.

  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Јас тоа не го реков. Го почитувам твоето мислење секако. :)

    Ни јас не сум меродавен да давам теории и ред други работи, пред сè зошто не сум научник. :D
    Али убаво е да се разменат мислења на темата, така се учи на крај крајава. Како и ти така и јас не сум сезнајко. :D

    Немој да мислиш дека со коментарот те обвинувам нешто и сл. Поентата ми е дека можеби нема никогаш да дознаеме што имало пред тоа, така да, колку што имаат можност теориите на Брајар или пак на други научници кои застапуваат мислења слични со тие на Брајар толку се можни и тие на Хокинг. :)

    Поздрав
     
    На Lianna Anna, Briar Rose и Outlook им се допаѓа ова.
  2. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    ЕвАнгелос не знам зошто ме сфативте дека јас упорно ја бранам теоријата на Хокинг или Ајнштајн. Јас тврдам дека сè е можно, само сакав да ѝ укажам на членката дека има научници кои тврдат нешто сосем спротивно. А за овој настан сè е можно. Дури и поставив видео од теорија за тоа дека настанал од црна дупка и тоа супермасивна.

    Што се однесува до ова со тврдењето на теистите, искрено истражував малку повеќе и дознав дека ова всушност го изнел како тврдење Св. Августин, човек кој од страна на католиците е прогласен за светец а од страна на источната црква па не е. Но и двете цркви имаат нешто заедничко, а тоа е дека цела црквена филозофија се потпира на неговото творештво.

    Јас додуша знаев за човеков од порано ама не знаев дека тој го изнел ова тврдење.
     
    На Lianna Anna и EvAngelos им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Можеби Августин пишувал за тоа, ама тврдам дека секој разумен човек, од кога постои човештвото, знае дека зад дизајнот мора да постои дизајнер. И тоа не само за вселената и биг бенг, туку и за најобични работи. Еве се шеташ по кеј на Вардар и читаш графит: „Никој ништо не ти може Никола“ :D и автоматски разумот ти вели дека некој вмровец го напишал тоа. Само луд човек ќе помисли дека дувнало ветер и прашинките се залепиле на ѕидот и го напишале тој графит.
     
    На blonde_supergirl и +++ им се допаѓа ова.
  4. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Јас тоа мислење го немам изнесено а не сум богами и кадарен да тврдам што имало пред тоа. Секој си има свои ставови, мојот е дека колку што треба да се земаат за веројатни теориите на Хокинг толку треба да се земаат за веројатни и теориите за тоа дека Универзумот настанал од нешто.
     
    На blonde_supergirl и EvAngelos им се допаѓа ова.
  5. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Ајде, да не „умре“ темава решив да ја освежам.
    Еве еден прилог од ESA. Станува збор за „Планк“ сателитот кој бил лансиран од Европската вселенска агенција во 2009 година. Сателитот се наоѓа на 1.8 милиони километри оддалеченост од Земјата и се врти околу својата оска со цел да може да направи целосна слика од сите зрачења во вселената, кој универзумот ги шири но главната цел е анализата на таканаречените космички микро-бранови кои се сметаат за „фосили“ од Биг Бенг. Испитувањето е секако одлучно за разбирање на тоа како била поделена материјата во универзумот како и за нејзиното настанување. Научниците тврдат дека сепак тогаш се случил развој на настаните со помош на темната материја. На почетокот таа била мека и таа со помош на гравитацијата се трансформирала во „конци“. Настанале слични на пајакова мрежа структури. На најгустите точки на овие структури настанале галаксиите а галаксиите се градат од нормална материја. Најголемиот дел од материјата се наоѓа сепак во гигантската структура на темната материја. Најголемиот проблем за научниците е тоа што сакаат да стигнат на индиректен начин до „планковиот“ ѕид и сакаат да направат таму „дупка во ѕидот“ и да земат материјал од таму. Еден од научниците сепак тврди дека кога ќе се направи дупка во тој ѕид дека законите на физиката кои што ги знае човекот ќе паднат во вода.

    Еве, за да не велите дека ги вадам овие информации од ракав, си земав време да го преведам најважното од видеото во спојлерот:

     
    На Lianna Anna, Briar Rose и Outlook им се допаѓа ова.
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    П.С.
    Сега проверив подобро, сателитов бил исклучен во 2013 година. Не е веќе во употреба, али добро, важно ги објаснив неговите функции дур бил во употреба. Прилогот од видеото е сепак од 2011 година.
    Сори. :rofl:
     
    На Briar Rose и Outlook им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Општата релативност вели дека кога простор-времето се протега околу масивен објект, светлината што патува низ тој простор простор исто така се протега.

    Значи, светлината која започнува со една боја завршува малку поинаква (подолга бранова должина) бојата по патувањето низ растегната времетраење.

    Оваа промена на бојата се нарекува космолошка црвена смена (црвена е бојата со најдолга бранова должина) и степенот на црвено поместување во нивната светлина ни овозможува да измериме колку далеку се наоѓаат другите галаксии.

    Набљудувањата на Хабл за космолошкото црвено поместување во далечните галаксии покажаа дека тие се оддалечуваат од нас со голема брзина - што доведе до откритието дека универзумот се шири.

    И белгискиот свештеник / астрофизичар Леметр успеал да ги пронајде оние галаксии што се прошируваат назад кон една единствена точка на потекло за универзумот, мала идеја што стана позната како теорија на Биг Бенг.

    [​IMG]
    This image represents the evolution of the Universe, starting with the Big Bang. The red arrow marks the flow of time. [COLOR=rgba(0, 0, 0, 0.87)](NASA)[/COLOR]
     
    На Lianna Anna, EvAngelos и Outlook им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    А дали сателитот е сега сместен во гробишната орбита или е вратен на Земја? (иако за второво чисто се сомневам...)
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Пред откривањето на Биг Бенг теоријата во научната заедница доминирале два светогледи:

    Натурализам - Универзумот си бил таков каков што си бил од секогаш, немал почеток, steady state theory
    Теизам - Универзумот имал почеток и Бог го создал.

    Кога Леметр излегол со теоријата за Биг Бенг, првите реакции на тогашните атеисти биле негативни и против теоријата на Биг Бенг затоа што алудирало на „почеток и создавање“. Дури и Ајнштајн се противел на оваа теорија. Уредникот на научното списание Nature, John Maddox, напишал дека идејата дека Универзумот има почеток е неприфатлива и им дава подршка на оние кои веруваат во библиското создавање на светот.
    Интересното е што како што во 15-16ти век Римокатоличката црква ја кочела науката затоа што се плашела дека ќе биде под закана за „вербата во Бога“, така некои атеистички научници од 20ти век биле кочница за прогрес на науката затоа што се плашеле дека тоа може да биде закана за „атеизмот“ :)
     
    Последна измена: 10 јануари 2018
    На Outlook, +++ и Briar Rose им се допаѓа ова.
  10. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Според германската википедија бил на 14 август 2013 година после 1554 дена оперативност од некоја си точка Л2 повлечен и во една орбита донесен која осигурува дека сателитот во наредните 300 години нема да биде повлечен (фатен) од Земјата. На 23 Октомври „Планк“ бил конечно исклучен:


    Am 14. August 2013 wurde das Teleskop nach 1554 Tagen Betrieb vom L2-Punkt abgezogen und in eine Bahn gebracht, die sicherstellt, dass es für die nächsten 300 Jahre nicht durch die Erde eingefangen wird.[3] Am 23. Oktober 2013 wurde Planck endgültig abgeschaltet.[4]

    https://de.wikipedia.org/wiki/Planck-Weltraumteleskop
     
    На Lianna Anna и Briar Rose им се допаѓа ова.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Всушност, според Steven Schafersman, натурализмот е филозофијата која поддржува дека :

    1. Природата го опфаќа сето она што постои низ просторот и времето;

    2. Природата (универзумот или космосот) се состои само од природни елементи, односно од спатиотемпорална физичка супстанца - маса - енергија.
    Нефизичката или квази-физичката супстанција, како што се информациите, идеите, вредностите, логиката, математиката, интелектот и другите појавни феномени, или се надградени над физичкото или можат да бидат сведени на физичка сметка;

    3. Природата функционира според законите на физиката и во принцип може да се објасни и разбере науката и филозофијата;

    4. Натприродното не постои , односно, само природата е реална. Затоа, натурализмот е метафизичка филозофија која првенствено се спротивставува на библискиот креационизам;

    Се согласувам со еден мошне солиден цитат кажан од страна на Carl Sagan: "The Cosmos is all that is or ever was or ever will be."

     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Да, претпоставував дека вака постапиле со „Планк“ исто како што прават и со другите сателити кои повеќе не се во функција.
    Во секој случај навистина лошо бидејќи дури и да има гаранција дека нема да биде повлечен од гравитационите сили на планетата Земја, сепак не се исклучува можноста да се создаде судар со некој друг дисфункционален сателит и да предизвика уште повеќе вселенски остаток ...

    Ти благодарам за информацијата :)
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Нема проблем. :)

    Еве и нешто друго што има на германската википедија, а тоа е резултатот на овој сателит:

    [​IMG]



    Мислам дека ова е за секој сфатливо и разбирливо. Ако сепак треба помош за превод ќе преведам, не е проблем.
     
    На Lianna Anna и Briar Rose им се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @+++ ти благодарам. Многу добро разбирам и Германски јазик, нема потреба да ми преведеш :)
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Значи денес преовладува темната енергија и тоа со 72%.

    @+++ Ова се резултати кои се однесуваат за составот во универзумот, така?
     
  16. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058

    Да, горните се однесуваат за сегашната состојба на универзумот а долните за состојбата пред 13,7 милијарди години. :)

    Извини испуштив нешто, се однесуваат тие на 380 000 години после Големиот Прскот. Тие доле.
     
    На Lianna Anna и Briar Rose им се допаѓа ова.
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Да, и за тоа сакав да те прашам ама добро... :D
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Сега се прибрав од работа, ништо не ми се гледа во моментов. :D
    Али да не ја полнам темава со вакви работи, слободно прашај ме. :D
     
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Сепак според овие податоци, технички, темната материја се намалила од настанувањето на big bang и тоа за 40% .
     
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Не, во ред е. Ми кажа дека годините се сметаат после настанокот на big bang :)