Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што по завршувањето на диетата?

Дискусија во 'Диети' започната од angel4e121, 20 април 2011.

  1. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Подршка за да ја зачувате моменталната тежина

    леле мојот најголем и најчест проблем!!! |( едно големо браво за темава :clap:
    е ајде де,како да ја зачуваме моменталната тежина? :( јас ова прашање цело време си се прашувам,се обидувам да задржам,и многу пати сум вратила кила,па пак сум слабеела,и аман веќе! цел живот на диета.. Е,ај ако некој знае трик да каже :lol: да знам да си држам една рамнотежа :)
     
  2. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Поддршка за да ја зачувате моменталната тежина

    Ја мислам дека доволно ќе биде да не вечераш после 7-8 и редовно вежбање!
    Друго мислам дека не ти треба.
     
  3. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Совети за одржување на моменталната тежина

    Од мое искуство да ти кажам, пред неколку години користев диета што ми помогна,и од тогаш си ја одржувам тежината, е сега може сум додала или одзела некое килце , ама начинот на кој ја одржувам не е некоја филозофија, освен Умерено јадење, многу пиење течности, и секако физичка активност.
    Во последно заебав вежбање и видов дека сум накачила нешо повише од границата шо сум си ја поставила па се фрлив на вежбањее, и нема да престанам.

    Нема да ги добиеш назад килограмите доколку во почеток си сериозна дека несакаш да ги вратиш, подоцна станува навика. И ке немаш проблем. Само внимавај на храна, ако не си физички активна немој да јадеш многу масна храна. Зашо тоа мора да се потроши, нели . :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Совети за одржување на моменталната тежина

    Умереноста е најважна.
    Тоа не значи дека треба да се одречеме од некој покалоричен продукт ,туку да го редуцираме неговото внесување.
    Секојдневно вежбање или ако некој не смее да вежба од здравствени причини ,препорачливо е да пешачи што е можно повеќе.
    Нека пропадне такси индустријата :D
    Минимум два литра обична вода ,не било какви течности (тие се дополнителни),газираните сокови нека се лимитираат на една чаша дневно (кој може да ги исфрли од употреба - уште подобро),редовно консумирање на овошје и зеленчук ,како и храна богата со протеини ,кои се градивен материјал на мускулите.
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dorjanka

    dorjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    7
    Совети за одржување на моменталната тежина

    www.sportactive.org.тука имаш здрава диета за одржување на телесната тежина
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Совети за одржување на моменталната тежина

    Мешање на разновидна храна, зеленчув и овошје обавезно секој ден и вклучен и во главниот оброк и грицкање свежи во замена за грицки и благо одредени периоди, значи не целосно лишување.
    Вода, течности и бавно т.е џвакање до 20 пати едно залаче.
    Јадење секогаш ко ќе ти се сојаде ама во помали количини, не изгладнување и вежбање, тоа ти е тоа.
    Не е тешка филозофија :shake: , ама треба да имаш тежок карактер и да не попуштиш, треба да можеш да му одолееш на се прекалорично што ќе ти се најде пред тебе :^: :smirk: , потешко што е дури и да му одолееш после два-три залака.
    Гуд лак на сите што ја одржувате и пробувате да ја задржите, не попуштајте, само јако :muscle: , се трудам да ја одржам моменталнава, не е на одмет уште 3 килца да летнат и после да останам на таа тежина, под 50 и 50 сум, бев пред месец на 52 ко се здебелив, ама сеа сум испод, до 47-46 па може и 45 таман ќе бидам т.е и сега сум таман, ама по мене ми се чини моја идеална тежина е таа 47-46.
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    неконтролирана исхрана

    Прв пат се соочувам со овој проблем. Ја постигнав саканата фигурна и секојдневно вежбам минимум 30 минути. Но во последните 2 недели неможам да престанам да мислам на храна. Јадам по 3-4 пати на ден и тоа по пола леб на едно јадење...а после јадење обавезно јадам нешто благо или чипс. Стварно се трудам да не јадам толку многу,но не можам да издржам. Може ли некој совет како да го намалам апетитот? :sweat:
    благорадам
     
  8. Rock.Girl

    Rock.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    48
    неконтролирана исхрана


    На мене ми се случуваше истото минатата година. Паднав во тешка депресија и си наоѓав утеха во храната и се направив огромна. После се освестив ама касно беше ... поентата ми е ако имаш некој проблем кој не можеш да го решиш можеби несвесно си наоѓаш утеха во храната. Така беше барем кај мене. Пред да ми се случи тоа што ми се случи си јадев нормално и имав некоја нормална тежина, не баш како јас што сакав ама си јадев нормално и едниствено ми требаше вежбање за да си имам убава фигура, а сега имам и за слабеење и за вежбање :worried:
     
  9. Christina30

    Christina30 Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Совети за одржување на моменталната тежина

    И мене ми се случуваше истото... отпосле сфатив дека всушност тоа било компулсивно прејадување, во мојов случај. Не знам за тебе ама провери:
    psihologija/kompulsivno-prejaduvanje-t3586/
     
  10. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Што после диетата ???

    За 9 месеци успеав да ослабнам 20 кг - со диетален режим на исхрана...немешање на протеини и јагл.хидрати..без ЛЕЕЕЕЕЕЕБ..без благооооо..и друга "грешна" храна....
    Е сега кога успеав да дојдам до саканата тежина, сакам да почнам АСАЛНО да јадам :$ :$ арно ама секогаш постои стравот да не си ги вратам назад килограмите..
    Дали и некоја друга од од вас мои феминки има или имала ваков проблем??? :)
    СОВЕТ И ИСКУСТВА!!!! :lol:
     
  11. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    Совети за одржување на моменталната тежина

    и јас сакам тоа да го знам, стинав до идеалните 52-3 кг, за 2 месеца ослабнав 7 кг, и сега не сакам да ги вратам... доага велигден, ајде да споделуваме мисленја кој што јадел за доручек, ручек и вечера
    јас пр кога станувам пијам чаша вода со 1 лажица јаболков оцет, па кафе без шекер, денес сабајле изедов едно мало тенко парче леб со павлака, сега 1 мала чинија грашок без леб, и околу 17 часот ке јадам пире...во мегувреме ќе пијам зелен чај
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Совети за одржување на моменталната тежина

    Пред породување мака мачев со килограмите. Нонстоп со некои диети, чаеви, врагови. После породување некако како хормоните да се ставија во ред :) и проработи метаболизмот. Бев 68-72кг на пораѓај се качив на бокс со 102 кг а сега имам 58 кг (и ја држам 4год) и 1кг стрии :)
    Не ми е поента да ви кажам да раѓате деца :lol: туку направив некој си режим-навика на исхрана.
    Имено, доручек е стандард некој си корнфлекс или некоја кифла,ѓеврек, баничка или ако носам нешто дома (одам на раб.) во 10часот. Околу 14-15 часот ме стрефи некоја криза по благо и обавезно јадам чоколадо или нешто др. што ми текне на памет (знам и цела кеса чипс да си лапнам). Ручек во 16,30-17 јадам само една чинија по могуќност без леб освен ако е чорба, бидејќи веќе ме држи сеуште благото и толку до вечер.
    Е сега нормлано, некогаш имам и јас доцни вечери кога сум излезена, пици, алкохол и сл. али во главно е тоа. Јадам благо ама таман до вечер да ги потрошам калориите а од друга страна пак не ми дозволува да се прејадам со ручек или пак навечер да ми се јаде нешто.
    Обавезно пешачам во текот на денот, гледам блиските релации да ги одам.
    Значи 2 оброка и трет ми е благо. Јадам се и претежно готвена храна, во салати се давам и овошје. Вода, пијам колку ми се пие а не 2л :$ и кафе си пијам па и капучино и нескафе.
    Многу е полесно кога психички не си оптеретен ,,држам диета, држам диета,, неее туку ,,само пазам што и кога јадам,, (покалорични јадења -ако сте гурмани и ви се јаде, во тек на ден за да до вечер можат да се согорат калориите).
     
    На silvice и kristii им се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.003
    Допаѓања:
    11.711
    Пол:
    Женски
    Диетата заврши, килограмите отидоа, ама доаѓа изгледа потешкиот дел- привикнувањето.
    Полесно е кога имаш лист пред тебе со режим на исхрана, се придржуваш до него, правиш некој прекршок, ама ништо страшно.
    А кога ќе завршиш со диетата одеднаш треба да се прилагодиш на секојдневно, разновидно мени, доаѓаат поголеми искушенија.

    Јас сум сеуште на диета, ама еве има девојки кои завршија. Може да споделат по некој совет за тоа како се снаоѓаат и прилагодуваат сега.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас и за време на „диетата“ и сега го практикувам истото.
    Јадам во умерени количини.
    За да не почнеш и да не завршиш диета, и за да не ги вратиш килограмите, според мене, за време на „диетата“ треба да ги смениш своите навики за исхрана, да научиш да се храниш правилно и здраво.
    Така не би требало да го имаш овој проблем. :)
    Нормално ќе си јадеш од се, ама ќе внимаваш колку внесуваш. За време на таа диета, организмот би требало да научи да ја кажува неговата точна потреба во моментот - кога е глад, а кога е стрв.
    Според мене нема тука некое конкретно решение.
    Ниедна диета (дури и да симнал човек 20кг) не е успешна, ако во неа не сме го научиле организмот да земе точно онолку колку што му е потребно, доколку не сме ги промениле своите навики кон поздраво, и не сме ги научиле потребите на нашиот организам. :)
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Леле да иако се уште сум на УН и сум презадоволна како ги губам кг, дури намерно си дозволувам понекои грешки така да ги наречам, некои пржени и помрсни јадења бидејќи се плашам што полсе диетава, сигурно дека нема цел живот да сум на ваква исхрана. Нема да се вратам на стариот начин на исхрана дефинитивно се промени мојот став кон јадењето, ама се плашам многу и баш си мислев да и пишам лп на анабела, па сега може овде да ни одговори, врати ли нешто од кг сега и како продолжуваш понатаму, искрено мислам дека после диетава следува потешкиот период на оддржување на килограмите, сега е лесно знам што треба и како треба
     
  16. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Е браво за темата!

    Еве неколку дена како ја завршив УН диетата и сега ми е многу потешко од времето кога бев на диета. Не знам ни колку, ни што, ни кога да јадам. Се плашам дека бргу ќе ги вратам килограмите.
    Кога бев на диета, имав поддршка од сите мои блиски, и од целото окружување, без да ми биде срам или незгодно, одбивав да јадам и им велев: „не јадам, на диета сум“. И навистина не јадев. Поминаа неколку родендени, свадби и други прослави а јас не прекршив ниту еднаш.

    А сега, од кога ми заврши диетата, како сите да чекале да ме понудат со нешто (а јас „јуначко срце“ :sweat: знаејќи дека веќе не сум на диета не знам како (читај: не сакам) да ги одбијам). Особено имам проблем од домашните (мајка ми, свекрва ми): „земи, земи, нели веќе не си на диета“, една инсистира да јадам - онака, зарем цел живот ќе сум гладувала :^) , другата се лути ако не јадам (не сум и ја бендисувала манџата |( ). дури и на работа сега некој, ако носи нешто за честење или слично, инсистира: „земи нели не си на диета веќе!“ Маки :sweat: . Ама си велам, ајде уште оваа недела, потем ќе заборават - а јас можеби и ќе си направам план и ќе си се држам до планот. Се мислам и да се вратам на пешачењето - веќе не е толку жешко нели?

    Ајде, со среќа на сите во борбата против килограмите и да не се вратат никогаш повеќе изгубените килограми!
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Кога завршував со диетата и ја постигнав целта, си викав дека ќе продолжам со истиот начин на исхрана само деновите како што ми одговараат, а не по пропишаниот редослед. Како што пиша некоја од вас, диетата секако дека ме научи да проценам кога сум навистина гладна (а не стрвна) колку ми е доволно и како правилно да ги комбинирам намирниците. Тоа го сакав, тоа и го постигнав - самоконтрола за благо и за тестенини...

    Бидејќи одам на одмор следната недела и знам дека и таму ќе има богата трпеза :rofl: си викав вчера и денес да ги терам само на овошје, и после двата дена пред одење пак на овошје како подготовка. Вчера си издржав цел ден само на грозје за појадок и ручек, но некако за вечера се полакомив за МекДоналдс (пошто нели паузирав два три месеци) и ај си викам ќе јадам пилешка салата :D дечко ми ми вика кој во МекДоналдс јаде салата??? ама ај...и погодете што??? јадев МекВрап!!! ете тоа ме плаши дека сега ќе си дозволувам и нешто повеќе и пак да не се вратам на старата килажа :x :worried: никако не сакам!!!

    Еве денес јуначки само на овошје, и тоа праски и гранола бар!!!

    Вежбам скоро секој ден, ама како заладува и мене мрза ме фаќа за вежбање...
     
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Сега може ќе се повторам со коментаров, ама сметам дека тука би бил попрегледен :)

    И јас кога ја завршив Ун-диетата (воедно и моја прва успешно завршена диета), паѓав во трансови со тоа што како ќе јадам, па дали ќе се здебелам, па си имав умислено дека со едно парче пица или една топка сладолед изедено во месецот - лицето и стомакот ми се здебелиле, а исто си ставив во главата еднаш дека нозете ми се направиле огромни, што си немаше везе ништо, ама ете, мава на психа. Дури кога бев месецов на одмор, дека немав евиденција никаква за килажата (затоа што јас секој ден се мерам) од што ми маваше на психа тоа, држев и три овошни денови. Која глупача човече, за да сфатам кога дојдов дома дека килажата ми нема мрднато.

    Е сега, да се навратам на прашањето. Што после диетата?!
    Јас сосем го сменив режимот на исхрана. И еве до сега ми оди предобро, при што јас сум задоволна. Се хранам здраво колку што можам и вежбам редовно. Одам на зумба, пешачам.. Еден просечен ден мене ми поминува вака: насабајле јадам обично јаглехидрати - за во текот на денот го потрошам тоа, пример овес со малтекс + аронија + јаболко + какао си цимет + аронија. Ручекот гледам да ми биде варен или печен оброк, пример печена риба, некоја манџа без запршки(леќа, грашак, компир, грав..), риба конзерва, пире,соја.. Со ова огромна количина на салата. За вечера нешто лесно (пример пола од ручекот), обавезно со салата.. Бидејќи вежбам имам и меѓу оброците од типот на непечени бадеми, семки од тиква/сончоглед, овошје, зеленчук...


    Исто така зејтинот го заменив со маслиново масло, сол употребувам умерено - колку што е доволно а не претерано, шеќер внесувам преку овошјето, леб не јадам, тестенини интегрални само. На пржени работи и работи како мајонез, кашкавал, салама и сета онаа нездрава храна, не ни помислувам. Исто така јадам и црно чоколадо некогаш насабајле со минимум 70% какао и обавезно во денот јадам и 2,3 лажици ленено семе - ми го забрзува метаболизмот. И секое сабајле пијам какао си цимет за железото. Сокови никакви не пијам, чат-пат шумливи таблети од тие мултивитаминските. Тоа би било тоа.


    И најбитно, научив да се контролирам во јадењето.
    Порано се губев после диетата - немав контрола што и како јадам, ама кога ми светна алармантната црвена сијаличка, научив да јадам умерено и пред се' здраво.


    [​IMG]
    :)
     
    На Annath, lackygirl, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Јас се одлучив на доживотна диета :D
    е токму поради стравот од ова прашање „Што после диета?’’,јас се одлучив да си се хранам здраво,значи тотално да го сменам начинот на исхрана.Од газирано веќе се откажав,освен кога сум на гости и кога ќе ми турат нормално нема да одбиеш,и некако со сила пијам.Од благо не можам да се откажам но практикувам да јадам некаде до 12.00 часот.За ручек јадам тоа што има дома,и гледам да не ги мешам намирниците (тоа е тајната на слабеењето).Кога јадам протеини јадам само протеини,кога јадам скроб-само скроб и така.Навечер нешто полесно,некоја салата,варено јајце,сирење,јогурт и такој :)
    Подобро да слабееме здраво и побавно отколку да ослабиме брзо и за една недела да накачиме дупло килограми..
    И не се секирајте толку ако понекогаш си касните пица,тост/пржени компири и некои покалорични јадења.
    Секако не да ви се случува често,но понекогаш можете да си се почастите.
    Па луѓе сме,неможи да бидеме 1 век на диета а и онака го немаме тој век.
    Значи се сложувам со Џинџер,она и јас успеавме барем да го постигнеме половина од тоа што го посакувавме :)
    Со среќа на сите!
     
    На dunika му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.768
    Допаѓања:
    93.724
    Пол:
    Женски
    еве ме и мене во темава,и да Ви кажам право сега ми е потешко..дур траеше си слабеев и имав мотивација секој ден,сега дојдов до пасакуваната килажа и форма,ама се навикнав да јадам по малце и секој ден сум послаба..убаво ми е стомакот ми се преполови си добив фино струкче,ама клучниве коски ми рипнаа почна ликов да ми се мења ептен се испив во лицето,не си се допаѓам,а од друга страна не сакам да јадам прженици и леб,и кифли и било што калорично,имам страшна грижа на совест..психа!
    ај што ке биде,биде!
    отидов кај грозјето сеа :lol: