1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што по завршувањето на диетата?

Дискусија во 'Диети' започната од angel4e121, 20 април 2011.

  1. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Навики и одвики ... тоа е клучот кон успехот .
    Ја држев УН диетата и ја постигнав саканата тежина .
    После диетата не само метаболизмот и телото се променив и јас . Цело време сум опседната со калории со тоа да не се здебелам , верувајте секој ден живеам во страв и со грижа на совест ако апнам нешто калорично , знам дека цел живот треба да внимавам , тоа сум јас имам сконост кон дебелеење за жал :(
    Многу навики ми се променија благодарение на диетата , ги јадам сеуште некој од омилените калорични јадења па и јас сум човек , но внимавам да не претерам и како ги комбинирам.
    Доручек ми е секој ден овошје , мед , семки и житарици . ако ми се јаде благо го јадам на сабајле
    ручам во согласност со Ун диетата т.е. не мешам намирници , јадам салата и во текот на денот пијам зелен чај и вода
    вечерата гледам да ми е полесна , јогурт ,салата ,супа / барем летово немав мака со ова .
    Се запишав на фитнес и не смеам да прекинам со вежбање !!!
    Е сега и јас сум душа па денот недела ми е ден за се , тој ден си дозволувам да мешам намирници да јадам благо и глупости секакви што ке ми паднат на памет . Еден ден само само тој ден !!!
    И верувале или не тоа ме држи да успеам , подобро еден ден да си апнам се што сакам па 6 дена вежбање и дисциплина , отколку секој ден прекршоци .
    Се е до нашата психа и навиките кои сме ги стекнале и ги стекнуваме ,
    многу работи научив и сменив и сум многу посрекна сега ;)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Тажната вистина е дека ако еднаш се здебелиш или си бил подебел, и ослабеш, цел живот ќе си на режим. Нема стој.

    Го знаете мојот проблем,не знам колку пати имам пишано. Ама еве сега сум 51 кг без некои откажувања. Веќе втора (и нешто плус) година шибам во едни рамки на тежина. А да се разбереме,има периоди кога забегувам по нездрава храна,ама затоа потоа следи цела недела салати или тоа дома што се јаде,ама без леб,за појадок овошка и се враќам во нормала. Е сега што забележав, забележав дека ако не си правам два пати неделно прочистување,од тип глад да ме затепа,јас качувам кг. Еве имаше период кога не правев така,стигнав до 58 и од тогаш реков, вака секо не може. За појадок една овошка,повеќе и не можам,подоцна,па дури и после 8 вечер,си каснувам уште една(праска или диња,а некогаш и свежо морковче ако имаме и чаша јогурт),ручек имам што имаат и дома,каснувам и црн леб,ама крајчето,тоа крцкавото само откинато,не да речеш парче и после 8 нема јадење било каква храна. Еднаш неделно си приуштувам задоволство,што и да кажам дека ме мотивира дека светот без храна не е црн. Еве вчера испив повеќе чашки пиво и јадев чак што више дури и лесковачка,ама сабајле ја немав онаа подуеност,не ми беше лошо кога си легнав, што било случај ако јадам нормално преку ден и уште вечерта такво гомце да внесам,па нема да можам да го сварам до 6 попладнето утредента и нема да можам да спијам. Сабајлево мајка ми колачиња правела некои,од типот неможамдавиодолеамколкустеубави, па каснав дури 4 и не појадував,ниту ручав, се чувствувам уште сито, не ми се тресе снагата зошто се полни со јагленихидрати,повеќе од јасно, накај 7 ќе вечерам само пилешки стек,варен,со салата и тоа е тоа. Секако и ќе вежбам уште малце да подолади.

    Значи и после диетата,диета,ама поинаква и полабава. Не мислете на тоа леле ќе се здебелам. На зима особено сите се дебелеат,не дозволувајте тогаш да ве спука туга,зошто колку и да нејадеш, тој му е процесот на организмот,да таложи повеќе,ама на пролет се губат тие килограми и сами.

    И да,важно е да сте многу физички активни. Јас почнав да трчам, не ми се проблем да ги истрчам и 10 км со умерено темпо,истото е и на орбитрек. На орбитрек битно е да го држите темпото константно, некоја средна брзина,но никако споро,можете само да убрзувате од време на време и се разбира други вежби со тежина и тегови,во спротивно нема да има ама баш никаков ефект.

    На крајот,премисата го правам ова за себе и само себе,мене да ми биде убаво и на никој друг, би требало да ве одржува. Зошто да,животот е уживања, што е секс,ако го имаш само за да се репродуцираш,така е и со храната,ама колку ти е добро,толку ти е и зло. Од секс нема зло(ок има сифилис и Хламидија! :D ,ама тоа е друг муабет),ама од храна има дијабет,срцеви болести и ко.

    Опуштете си ја душичката и не паничете. Направете си необавезен план кој вас ќе ви одговара и кој ќе си го туркате засекогаш. Од прилика,знаете кои денови и кога најмногу имате јадачки (тоа е викенди и на собиранки) и одредете си го како денот кога можам да јадам што сакам и колку сакам, другите денови нека ви бидат јадење до 8 и јадење она што се има дома,без леб или со малку леб. ПМС е преседан,да се разбереме! :!: :D Ако затерате повеќе денови со лапачки,тогаш наредните денови казна, прочистувачка и тоа. Ако очекувате вечерта да имате гезме најт или филм и чипс,дента се што јадете нека биде малку и преполовено.Јас толку отрпнав што можат пред мене да ја јадат највкусното јадење у свет,да земам залче за да не ми падне пошто сум мушко и толку (освен коа сум у пмс де! :D ).

    И така девојчиња,среќно и само опуштено. И гледате дека колку и да ја достигнуваш целта, сакаш повисока цел што мислиш дека ќе биде подобра за тебе,тоа е природно и нормално,немојте друг пат да не карате! :D
     
    На JuLleE, MSkorpionka, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  3. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    Што по завршувањето ? Па најверојатно цел живот ќе си се дружиме овде во темава диети истиве лица, тешко дека засекогаш ќе излеземе од овде. И пак ќе ја започнеме и пак и пак и пак. Ќе станеме експерти за УН, само дај боже да ни делува секој пат кога ќе ја држиме и сила да ја издржиме. Тоа е мојата прогноза па здравје. За тоа денес се почастив така еден убав, сочен .... Па животот е пред нас има време и за Ун и за се по ред. ]:)
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Сакам да ја прашам Анабела каква беше реакцијата на соучениците кога ја видоа потполно нова на првиот училишен ден?
    Дали имаше изненадени фацички? Восхит и меркање на машките? Честитање за постигнатиот успех, па можеби и завидливи погледи? Ајде фали ни се(ако не си кажала до сега)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Keep..Smiling

    Keep..Smiling Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
     
  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Лукс, дефинитивно деновиве што изминаа - ми беа исполнети со пофалби, искрени и неколку зајадливи честитки, а чат - пат имаше и по некој љубопитен поглед. :D

    Многумина не ме ни препознаа, благо речено останаа со подзината уста и нормално со констатацијата Леле колку многу имаш ослабнато! ( и разубавено де :wasntme: :D ) Па тука следат прашања и објаснувања од типот каква - што диета, па дали и што сум вежбала.. И така.




    Битно, целта си ја остварив, задоволна сум од себеси пред се', а потоа од се' друго...
    Па да бееее девојки, ако се сака се' се може, колку и да звучи клише :sun:.
     
    На Dust, fashionista, babybelle и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Keep..Smiling

    Keep..Smiling Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    истото ми се случува и на мене .. потполно.
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ова сакав да го споделам со вас.
    Богами делува за намалување на апетитот. Доволна е и слика од голото тело за да ви се одјаде, не па да јадам гола. Ако се слечам гола ќе го изгубам апетитот сосема. Ама кога не живееш сам не е изводливо ова, не можеш гола да се шеташ. И да, го зедов ова здраво за готово зошто вистина е така, самиот мозок ќе има одбивност кон храната.
    Многу убави совети за зачувување на линија и за слабеење, имаат логика.
    Конечно убаав статија да прочитам.
    [​IMG]
    Ангелот на Victoria’s Secret, Мариса Милер, има неверојатно сексапилно тело и пар необични совети за тоа како да го постигнете посакуваниот изглед. Оваа убавица јаде гола, а од неодамна повеќе не ги дели намирниците со својот сопруг. Колку и да звучи неверојатно, манекенката Мариса Милер тврди дека доколку јадете голи, помалку ќе се поправите!
    Овој факт таа го поткрепува со тврдењето дека доколку го гледате своето тело додека јадете, ќе се храните попаметно.
    Еве четири правила коишто ги следи таа за да изгледа заводливо.
    Нудизам во кујната
    Мариса верува дека ако не ни се допаѓа изгледот на нашето тело во огледало тогаш ќе се потрудиме да не го уништуваме со нездрава храна и премногу калории. Ретки се оние жени кои ќе продолжат да јадат непотребни нешта, додека гледаат какви ефекти има таквата храна по нивното тело. Таа вели дека има многу помалку шанси да посегнете по парче чоколадна торта откако ќе видите дека сте ставиле неколку килограми повеќе во задникот или стомакот.
    Планирајте однапред
    Секогаш при рака имајте некоја закуска како интегрален ориз или пак препечен леб кој ќе ви помогне во оние критични мигови кога ќе добиете напад на глад, а во близна немате здрава храна. Секогаш подготвувајте помала количина јадење кога ќе почувствувате дека сте гладни. Доколку јадењето го сервирате во помала чинија и го изедете целото јадење, ќе внесете помалку калории, а мозокот ќе добие информации дека желудникот е полн и нема да чувствувате глад.
    Не јадете со сопругот
    Мариса вели дека се поправила неколку килограми кога го запознала нејзиниот сопруг. Тој има сосема поинаков начин на исхрана. Бидејќи неговото мени се разликува 90 отсто од нејзиното, Милер избегнува да јаде заедно со својот маж бидејќи последниот пат кога го направила тоа се здебелила 3 килограми. Заедно готвеле и попатно си поткаснувале од јадењето. Мариса вели дека била најадена и пред да биде готова вечерата. Почекајте додека не биде готов целиот оброк, па дури потоа седнете и најадете се.
    Домашното милениче личен тренер
    Доколку имате куче, заедничката прошетка ќе ви користи и на двајцата. Вие ќе си ја одржувате линијата, а кучето ќе ужива во ваше друштво. Шетајте го барем три пати неделно и резултатите нема да изостанат. Освен тоа што вежба интензивно, светски познатата манекенка вели дека троши дополнителни калории при шетањето на нејзиниот миленик.
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.988
    Допаѓања:
    233.326
    ^
    А замисли и да си неисдепелиран :puke: .
    Цела недела нема да ти се пријаде :D .
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Баш ова и ме мачи, готово стигнав на крајот, почнав со 80, целта ми беше 55 и остана уште само 1кг и официјално завршувам. За висината од 170цм ми се топ килограмите, баш сум задоволна од сегашниот изглед, имам и облини, баш некако се осеќам таман. Слабеејќи приметив дека максимумот ми е до 62кг, над тоа веднаш би изгледала дебела, бидејќи имам градба со голем задник и бутови и тие 2-3кг кај мене праат голема разлика. Сакам да се оддржувам на некоја килажа од 55-59кг и смислив некој план, па сакам совет дали со тоа ќе ја одржувам килажата, а мора да кажам дека веќе повеќе од ова не смеам да слабеам, пошо ќе фатам анорексија, доста е веќе. :D
    Планирам доручек да ми е околу 9-10ч обично тоа што до сега го појадував, околу 12-13ч да имам ужина шо би била смути исто како и до сега, ручек околу 15ч исто и тоа нормално ко до сега, само да воведам плус и вечера околу 18ч, нешто полесно, салатичка или нешто слично ко од доручекот, бидејќи секогаш имам лесен доручек. И до сега јадев искрено благо, понекогаш и брза храна, си дозволував понекогаш...планирам и благо да почнам 2-3 пати неделно да си дозволувам, наместо ко до сега по 1 неделно...и во 2 недели пример еднаш да јадам пица или било што, да си дозволам малку задоволство. :lol: Вежбав секој ден, но и тоа планирам на 5 пати неделно да намалам, премногу мускулеста се напраив...:?: Па дали вака ќе може да оддржувам тежина? :D
     
    На AURUA и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  11. rokiroksana

    rokiroksana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    93
    Можеш да пишеш на кој начин ослабе? Какви оброци имаше ? И за колав период?
    Фала
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    https://forum.femina.mk/threads/Успешни-стории.6050/page-7
    Имам тука напишано инаку за пола година :) ако ти треба нешто подетално пиши слободно во лп за да не праиме тука оф топици.

    Лесно е слабеење, да видиме одржување како ќе иде :D
     
    На rokiroksana му/ѝ се допаѓа ова.