Слушам музика,проверувам маил истовремено се расправам и со книгиштана а во меѓувреме чекам јадењето да се олади,ми се јаде умрев за јадење
Слушам некоја серија моиве гледаат на телевизија, ја слушам тетка ми како плаче задушница дека . И се мислам што музика да си пуштам да не мислам на ништо.
Ја слушам баба како ми расправа за најновите трачеви од маало. Бабичка зборува, а мене не ме интересира и штракам ли штракам тука. Да сум и го покажела момчето викаше. А по мојот негативен одговор ми викаше да сум си нашла момче и тој да не ме заповеЛал.
Седам на форумов си читкам по некоја тема, си одговарам кај ме интересира, си седам на фб, безцелно чекам да се уклучи а очајно треба да учам и така хахах се си се мислам што да пуштам музика, отупев само истото го слушам и тоа.
Што друго ако не шкрткање и тропкање по тастатура И музичето на цел глас, и телевизорот вклучен па одвреме навреме менувам канал
Си пивкам од големата шолја нескафе, слушам музика, гледам низ прозорец капките како паѓаат, врапчињата како се кријат на оголените гранки од лозницата, и планирам да го поминам цел ден вака убаво по дома