Како што ме фати криза за спиење, затварајќи ја устава т.е. криејќи ја со двете раце се мислам да не треба да одам директ во зоолошка и да изигравам Хипо во друштво на Чипо?!
Си пијуцкам вода и на ЈутубЕ ги слушам Амадеус како изведуваат туѓи турбофолк ХИТОВИ. Оу мај гааааад????
Едноставно гледам кои се моментално атрактивни теми на што највеке овој ден обрнале внимание форумџиките музиче у позадина и тн.
Седнав да работам нешто за на работа и завршив тука на форумов .Од мојата работа остана само р Леле ова мрзава лоша работа Еве и синов ме прашува, мамо заврши со работата ееее мајка ти многу вредна , растур систем направи
Седам пред ПЦ, со раката во уста и мобилниот до мене. Ме фаќа криза да му се јавам, на минута погледнувам во мобилниот случајно да не свртел. Ко некоја зависничка сум на која и недостига дрога.
Работам или си мислам дека работам т.е. мачорот не е тука, па глуФците играат оро. Како тргнало и стварно ќе заиграме
се трудам да не заспијам...пошто ене го Петар пан ме вика да летнеме накај Недојдија... Да не беа гласните патриотски автобуси на ЈСП гарант до сега ќе бевме над 15тиот облак. Кладба?