Претурам по гардероберот, чевлите, накит...Има време до недела, ама пак и блиску е. Да си бидам спремна јас. А еве, гледам ме чекаат листови за учење. Како убаво сум подвлекла што да учам со дреч маркер. И да сакам и да не сакам ќе ми боде очи. И ми се спие, и ми се плаче. Проверувам меил.. И тоа.
Конечно најдов малку слободно време, па си гледам сликички. Мада, би требало нешто друго да правам во моментов. И се спремам за на кафе кај другарка...2 саати се спремам.
Лежам на бирото и чекам повик од другарката-ќе излеземе, шетам низ почетната на фејсбук, ама повеќе на фемина..
Учам,учам,учам.... во ниедно време кај и да е ќе се откажам доста е за денес туку арно не учев навечер претходно,сега пак што ми текна така,незнам
Си ги средувам ноктите, се мачкам со некојси миризлив лосион кој мириса на ванила и какао, па ми доаѓа да си се изедам Башка што сум гладна. Башка што се мачам бидејќи си ветив дека после 18.00 не јадам. Башка што си слушам Сити радио. Тупцс тупцс. Реторика. И го чекам чајот да ми се олади. А со едно окце гледам навака. Абе! Жена ако не ја бива за мултитаскинг не знам кој?!
Слушам музика, се допишувам со другарка ми, јадам смоки, правам сет на поливор, читам по форумов и барам слики од Абу Дабууу!
Го отварам другиот таб и плескам покер на фејсбук... Не сум јас за коцка родена, никако! Сите пари-пепуни...
Моментално ве читам и си го правам планот за утре. А сега ќе и стиснам риплеј на песната што си ја слушав .