Седам дома денеска ЈУПИИИИ како пензионер сум , само што овој пензионер сурфа по нетот, пошто не е петок да шета по автобуси . Демек работно треба да го искористам сурфањето ама само почна, само отворив страна, и одма се префрлив да гледам убави и чудни куќички такви како за мене, со малечки езерца за пливкање Кафе сркам, се скајпувам, ги слушам Дорс и то за сега.
Онакаа од сабалје... самичка дома си уживкам... се расонувам си пијам кафенце и си барам некоја убава песничка иии тоаа.
Седам на столов(кој секој ден се повеќе и повеќе крцка,и очекувам секој момент да се најдам на земја)со испружени нозе на кревет,во една чудна положба се со цел да ми е удобно. Јадам овошен јогурт, го зјапам телефонов и чекам повик,ја слушам мојата омилена песна која ми е на рипит веќе не знам ни јас колку време..