Чекам да ми се јават за конф кол, и чекам нинџиве на gmail да направат нешто - ама не прават ништо Ах Ливинг, ме превари да си ја сменам темата. У суштина се нешто чекам, чекам на големи одлуки, чекам да ми се јават, чекам да ми кажат, чекам да направат нешто. Чекачот.
Истото се случува и кај мене.. нон-стоп .. исплакни очи.. над книга.. исплакни очи... над книга.. исто и профил.. почетна... профил.. почетна
Имам едно лигаво топче што се лепи за стакло, го плескам од прозор, тоа ќе се залепи како `рканица, зелено е плус, го одлепувам и пак го плескам. Ги гледам книгиве (ама само ги гледам ), слушам музика, пијам нес или пукам едни топчиња на фб.
Еј на сите страни сум.....правам муабет со мајка ми, викам по ќерка ми да се смири, му одговарам на татко ми со ДА, а појма неам што ме прашува, Ве читкам Вас....леле....
Грицкам нешто како и секогаш по навика,слушам музика,читам, си коментирам на некои интересни темички и така
Обично јадам , грицкам нешто и ги разгледувам темите..има навистина интересни теми и разноликост во мислењата..вреди да се прочитаат сите .
јадам салата, чатувам ваму-таму, фб шема и си викам требаше да учам ... ааа и да си го толкувам сонот вчерашен на соновник
Моментално, дремам. Докторката ми препиша витамин ц, за лижење. Овакви во шише, и јас си се филмам, демек сум во филмовине, демек се предозирувам со апчиња.