ништо посебно..читам коментари од други членки , си ги прегледувам некогаш и моите , шетам низ темите..
Хехе, давам мислења за се и сешто на форумов ко ненормална, слушам музика, пиам сок, јадам овошје, се допишувам на messenger...
секако морат да имам кафенце покрај мене иначе претежно од работа сум уклучена па си работам на друг програм,малце фб,малце муабети со колегите и опп дошло време за дома
Не се допишувам но најчесто коментирам по некои теми, ако нешто ме интересира барам и најчесто висам ан темата вашето козметичко катче низ лични фотографии.
барам некои интересни теми за читање, пијам кафе, јадам квики и слушам музика а во последно време и многу се оптеретувам со барање на факултет на кој ќе се запишам и барам нешто околу проектната задача
Најчесто седам во Нови Мислења...и ако нешто ми е интересно го читам и потоа давам мислење, а исто и на лп ако има потреба
некогаш ми се случува со месеци да не се логирам ами така си читам. а насмевка темата обавезно ја отварам, после религија, политика, рецепти, диети и фитнес... Не пишувам лп не влегувам на чет не го читам фемина како сајт само форумот и колумните ги читам.