Седам потпрена на креветот со лап топот во раце. Поради тоа, ужасно ме боли вратот. Штракам по копчињата, лево десно. Го слушам нивниот интересен звук, кога веќе не можам да си пуштам музика. Очите ми се полу затворени, но ако си легнам, кој ќе дежурира на феминка?
Моментално пушам цигара, чекам еден филм да се наполни, пијам сок од ананас и си се чупам по ноџињата. Петок навечер тееееееее де тееееее
Џвакам кикиритчиња и гледам кое каде се фаќа, на задник, на бут И ја слушам мајка ми дека се дере уште дека не чинело толку да се јаде солени кикиритки. Доста беееееее!