Си го направив утреинското кафе, и сега си го пијам додека читам што сум пропуштила. Неосетно, приметив дека сум станала зависник од форумов
Читам на форумот...што сум пропуштила..и на фб си пишувам со една драга личност која одамна не сум ја видела...
Косата ми е пуштена, ја вее ветрот( климата), се чувствува нејзиниот цветен мирис кој ме остава без зборови...А јас, се врткам на столчето и пеам: Ноу мор, ноу мор....
Седам пред ширум отворен прозорец, ја гледам мојата мила и драга книжулка(читај книгиште) по Макроекономска, си го чекам чајот да ми се свари и излади, па да одам да си пиуцкам и ја гушкам баш таа книга. И да, се тепам по раце и нозе од овие пусти комарчишта
Ги слушам комшиите: 1.Брчи,изгледа сече лим. 2.Си го развозува Томосот Значи и он брчи. 3.Си слушаат музика. 4.Застанала на скали вика по децата Сега за сега толку ама глава ме здоболе