Истото и на мене ми се случува, имам среќа што мајками моментално е на работа. Инаку секој 5 минути ме посетува и ми вика Среди собата, исправи се коа седиш на компјутер, Стани малце од тој компјутер... Иначе моментално јас се мислам што песна да си пуштам..
Ама па мора и за после да размислам.. Си правам планчиња за каде треба да одам,што треба да правам..некои поважни работи.
Хахаах аннии ме изнасмеа.Моментално ништо само пишувам,а размислувам дали да ја пеглам косата или да ја фатам во бушаво репче.Предлози?
Пијам ладна вода и се нервирам по малку за некои бесмислени постови напишани ради ред... ии ја слушам мајками зад мене каде што зборува со ѕидот...па се стемни веќе,уште ли ќе зборува жената!?