Слушам многу фина музика од телевизорот , пијам утринско кафе со многу мелко(поише е мелко од кафе) и кројам планови што ќе се прави денес да се утепа досадата
нова сум на форумот и премногу ми се допага!секој ден ве читам.моментано си слушам музика пијам кафенце и ве читам
Седам и се чудам за некои работи. Истовремено го чекам дечко ми, да се погушкаме малку , па да скитнеме некаде..
Јадам макарони...како да ми беше малку денес она од ресторанот па морав да пикнам уште нешто.. Ама ајде можам јас,линијата си ја имам стандардно иста. И слушам музика и гледам ТВ и сум на форумов.
Спуштам безобразни песни, барам рецепт за шпагети со пилешко и ги бројам минутите до гушкањето со лошото детиште...
Трачарам на фб со другарка ми ! Трчам до кујна за да не ми загори јадењето во фурна и читкам што има ново на форумов!