Што правите кога некој ве копира?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од OrdinaryGirl, 8 јули 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    476
    Често ми се случува да бидам ископирана во нешто, па тоа ми се случува и по форумиве. А за секојдневниот живот имам мал милион примери. Еве неколку: кога купувам облека, често знам да си направам свои комбинации на парчиња од различни бутици, а потоа да видам некоја што ми ја ископирала комбинацијата; многу често ми се случува на фејсбук некој мој статус (кој не сум го преземала од никаде) да го стават потоа неколку мои пријатели и да се исфраерчат со него; имам интересни фотки на профилот, бидејќи сакам фотографирање и експериментирам со тоа, па дури и идеите за фотографирање ми ги крадат, а да не зборувам за текстови, есеи или едноставно некои фрази кои ми излегле од главата.

    Моето прашање е: Дали ви пречи кога некој ве копира или ви ласка? Ако ви пречи, дали му давате ли до знаење на тој што ве ископирал? Дали се нервирате кога идеите ќе ви бидат преземени или ви е сеедно?

    *Во однос на темава, една позната мудра мисла: Не ми пречи што ги копираат моите идеи, туку тоа што немаат свои. ;)
     
  2. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    687
    Насмевни им се на таквите будали и биди горда ,тоа значи дека им се допаѓа тоа што го правиш и нема потреба од сцени и испади..Искулирај си,сите гледаат која си ти а која е таа глупавата малечка без гласно ЈАС ,а ако веќе претерува укажи им на некој интересен начин без оние сцените со кубење коси :D :)
     
    На ilovehim му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    178

    глеам дека у многу ствари те копираат..а дали ти копираш некој у нешо или си 100% совршена...


    без навреда ...
    позз и :* :* :*
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    5.117
    Многу се нервирам кога ме копираат. А тоа се случува многу често. Get a life! И стварно нема што да правам околу тоа, мислам дека не е во ред и да им се рече в лице, нели потоа ќе зборуваат: што и е на оваа, јас сум ја копирала или сл. Останува на луѓето сами да го приметат тоа, а мислам дека лесно го приметуваат во мојов случај, иако не е секогаш така па знам да зовријам во мене ама тоа е. Не сум направила ништо посебно околу тоа засега.
     
  5. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    178
    иначе да мразам коа ме копираат и да и јас сум копирала (пост) и не етоа нишо страшно нисшо лошо....поззззззззз :* :*
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    5.117
    И јас сум земала идеи од некоја шо ќе ја видам по чаршија или на телевизија ама не од некоја што се гледаме секој ден. Тоа да го почуствуваш е стварно иритирачки.
     
  7. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    615
    порано многу се нервирав, а сега ми одговара гледам дека сака да ме имитира изгледа сум и идол,ако убаво е тоа!!! :lol:
     
    На programerka-2nd и ilovehim им се допаѓа ова.
  8. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    881
    i jas se soglasvam so to :P
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.670
    Секако дека до некој степен ми пречи кога некој се кити со мое перје, но нека копираат еден е оргиналот, другите се само бледи копии. ;)
     
    На plawa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.346
    Ме копирале, ме копираат и ќе ме копираат, нивен проблем.
    Јас едно знам, јас никогаш не сум посакала да копирам нечиј стил или било што, текст еве на пример, ниту сум ископирала. Едноставно, таква сум по природа, сакам да сум уникатна. Уникатна да, но не до степен на Лејди Гага!! :o Порано се нервирав на овие така наречени ‘‘копии‘‘, но сега ги сфаќам како комплимент, ми ласка, како што спомена и анни. Убаво е чувството да знаеш дека си нечиј идол. Но, секогаш постои и тоа но,...и за тоа има граници, нормално дека ќе ми смета секој ден да гледам копии. Сега воопшто не се оптеретувам со тие работи, се знае кој е оргиналот, и кој нема недостиг од инспирација. ;)
     
  11. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.147
    И мене искрено тоа ми пречи некој постојано да ме копира...имам една другарка таква, се што ќе имам јас истото мора да го има и таа...зар си нема некои сопствени идеи во својата глава, зар не се чувствува глупо ??
     
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.609
    Јас многу многу не се замарам околу тоа.Порано мислев дека е којзнае што,ме нервираше ептен ама сега сфатив дека штом некој сака да те копира му се допаѓа твојот стил на живот односно дека живеам интересно и убаво па и тој некој сака да биде како мене.Гледајте и од другата страна вие сте му идол на некого. ;)
     
  13. Echo

    Echo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    80
    :D :D :D :D Се газам од смеење, зашто најесто тоа го прават луѓе на кои не им прилегаат тие работи што јас ги носам или ги правам, затоа што се целосна спротивност на мене. Така, изгледаат смешно и глупо и прават будали од себе... Нека им биде... :D :D :D
     
  14. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.081
    Па копирањето до одреден степен е прифатливо,но потоа иритира...Али секогаш имало и ќе има такви луѓе кои немаат своја уникатност па мораат да се огледуваат на некој друг...Па сфатете ги ..и ним не им е лесно :lol: :lol: А ако веќе ме копираат значи вредам и им се допаѓам на другите... 8)
     
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.148
    Допаѓања:
    13.782
    Пол:
    Женски
    Ах што имав на времето една другарка, толку ми завидуваше што дури и бившиот мој го фати. Колку пати шетаме низ град и ми се засвиѓа нешто блуза, фустанче не е важно и и речам : Леле колку е убаво, морам да го купам!, и ако верувате ја гледам вечерта на излегување го носи :@ :@ . Потоа се фарбам јас, по 2 дена и таа истата боја. Што и беше незнам??? Тогаш страшно се нервирам ама сега такви работи ни не допираат до мене. Можам само да се изнасмеам :rofl:
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.934
    Ова го прават девојки кои немаат свое ЈАС, немаат свои ставови и најнормално се завидливи на другите поради обратното,девојките имаат свое ЈАС и свои ставови знаат што сакаат(изградени личности)..Хмм имам искуство со такви..ме иритирале ама јас знам и да ги исфрлам од мојот живот така и направив.Инаку да, одговара и прија на некој начин кога некој сака да е ТИ ]:) .До одредени граници :!:
     
  17. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    29
    Многу ме иритираат личностите што се копии ајј :@
    Ги оставам слободно да ме копираат .. само се глупираат и ако де нека ми бидат копии али лоши коппии :D
     
  18. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    476
    Еееј, тоа ме потсети да споменам за фризурата. Јас ставив бели прамени, другарка ми исто. Јас си ставив и медови, ете ти и таа. Јас направив рамни шишки, другиот ден што да видам, си скратила и таа. Ко во огледало да се гледам, не зезаа дека сме биле ко близначки :D Не ми пречи кога ме копираат, но се си има одредена граница. Обично им давам до знаење дека не пасам трева, знам дека ми го украле есејот, фразата или идејата за фотографија.
     
  19. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Се знае дека никоја копија не може да биде како оргиналот. Пa нека ме копираат, само што до сега не им успеало, све је било само бледа копија :lol: :P
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    Ниту ме иритираат, ниту ми ласкаат.
    Едноставно научена сум да не ги регистрирам.
    Нивно право да прават што сакаат. Само едно не ми е јасно? Како не им е глупаво?
    Душички, гревчиња, за жалење ми се... :lol: :lol: