Па обично некое машко кога копира друго нема некоја посебна замерка , Нека ме копира ..... да сме живи и здрави
Само се чудам како неможе сама да смисли нешто и како неможе да е оргинална, па мора да го копира мојот стил и да ги копира моите манири. Ужасно ме нервираат ваквите личности
Искрено премногу често ми се дешавало и сеуште ми се дешава. Некои личности се тотално некреативни, со ни мала доза на шмек за стил у нив што го одбираат најлесниот начин и одат со помисла- ќе го купам истото што и ти го имаш, ќе си ја направам истата комбинација баш убаво изгледа! Со друг збор за мене оние што немаат изградено нивен сопствен стил не се ни доволно изградени од внатре, незнаат што сакаат и што бараат од животот па тргаат по туѓи стапки што страшно ме иритира! Да, се случува да ми се допадне некое парче што ќе го видам на случајна минувачка или на добра познаничка, но не трчам во продавница и не фрлам пари за истото
... ........па.....се смешкам,и гледам како мојата копија упорно се мачи да го достигни оригиналот...МЕНЕ.. имв една пријателка која упорно ме копираше можи 3 год,..повеќето време бевме заедно и секогаш ,ако бевме во шопинг првин чекаше да види јас што ќе изберам и таа послето се фаќаше за истата ствар само во друга боја,било да станваше збор за парче гардероба,чевли.чизми,домашни потребштини,пијалок или храна во ресторан,начин на возење и сл....не потценувам луѓе од село или град,ама таа за разлика од мене беше порасната во селска средина,и беше ниска и неатрактивна...јас сум градска жена,висока и атрактивна,така да нормално сите оние копиии не и доликуваа на неа ни 10%.....исто и однесувањето,научени зборови од мене,гестови,така да и другите почнаа да го забележуваат тоа нејзино настојување да биде јас....ме прашуваа дали ми пречи...одговарав..НЕ...ми беше пресмешно,дури и ја бодрев да е како мене....јас отидов на раб во странство,така да се оддалечивме,контактите ги сведовме на минимум,скоро кога се видовме ја приметив дека нашла друга жртва за копирање,и ја жалев...едноставно не е никогаш своја....оригинал на себе си...... . ..мислам дека тоа се комплекси од детство,можеби била обезвреднувана како личност и мисли дека другите се подобри од неа и затоа сака да е како нив....
Ако е некоја особа што не ми е толку блиска можам и да разберам до некаде, ама најмногу ме нервира кога другарки ме копираат, па јас и да видам нешто на неа што би посакала да го имам и ми се допаѓа, пак нема исто ниту пак слично да купам..се нервирам како може некој да нема своја идеја...пред некое време им плеснав во фаца за една работа што сите до една ме ископираа, тие што беа искрени си признаа, тие што ги погоди почнаа да се правдаат...ај гледајте си таму во вашиот гардеробер молим!
А, што може да правам ако не полудам од нервоза, и колку и да и кажеш на таа личност дека те копира гајле си нема си продолжува по нејзино па аман бе веќе да ти се одмили животот од такви неспособни без мозок идиотки...
И викам мори бич ти најде мене да ме копираш а? Ти си цела копија бе,фејк си ти,срц! Не бе се заебавам,не сум напуфана неинтелигентна шмизла.Ништо не правам,може ќе се налутам на момент,али што ако? Нека прават што сакаат.
Не знам дали имам пишано во темава, но еве пак ќе си кажам. Имам една пријателка да ја речам, се знаеме од малечки плус и кај мене живее. Сега се гледаме така од време на време, но не толку често. Причината е различни животни правци. И отсекогаш ме копирала, но сега сфаќам дека не само мене, туку и од околу другите пријателки што и се, и нив ги копира. Кога имав фејсбук дури и тогаш ќе види песна кај мене постирано, после некој ден гледам кај неа истата песна. И некои интересни слики му пуштав на дечко ми на ѕид, и он на мене, после саат-два гледам таа му постирала такво нешто на дечко и, или тој неа. Мислам, воочливо е, ај да не се преиметува во ред, нека му прати пример во порака, таа не-исто како мене. И за облекувањето. Јас ќе бидам облечена некогаш така, после гледам сличен стил и она, на некоја слика што ќе ја видам и слично. Мислам, ок, мене не ми смета, нека копира колку сака. Јас никогаш не сум сакала да копирам или да одам по стапките на некој мој близок или некој пријател, секогаш сама гледам да создадам нешто, евентуално ако погледнам на интернет некој моден совет, или некоја нова идеја плус. По природа сум многу креативна личност, а за копирање нека копираат, не ми смета воопшто.
И јас имам такви пријателки кои ме копираат и ме нервира тоа не сами да одат и да изберат што ќе купат тие одма по мене ако јас имам нешто ново и тие мора тоа да го имаат ама што да им правиш тоа ти е. А за мислава тотално си во право копираат мои идеи бидејќе немаат свои А ако им речеш зошто ме копираш? Тие не бе не те копирам само ми се допадна како го искомбинира тоа ауфф навистина ми пречат
Порано ме копирале повеќе и кога сум го забележувала тоа секогаш сум кажувала во лице да престанат.Обично би било копирање во вкус за музика,облека,машки итн.Сега не сум приметила да ме копира некој и да ме копира, да би ми пречело и веднаш би каажала во лице .
Имам една изрека јас за таквите copy-paste луѓе "Џабе ме копираат, ме имитираат кога само се бламираат"