Ужасно ме нервира ако тоа е мојата другарка, да е за некој друг небитн не се замарам но стварно ми пречи кога најдобрата другарка има се исто како мене имам мн примери за исто девојче: 1.На мајками и покажав едно елече на алиекспрес и деновиве ќе го порачам а таа одма кај мајката на другарками се и кажа и сега и двете ќе носиме исто. 2.Си порачав маскара од авон сега другарками зема иста како мојата порача. 3.Јас купив фустанче по 2 дена она со мајкаи исто како моето итоа од ист бутик. 4.Јас купив балетанки она за 1 недела пошла исти купила. 5.Кога почна летото јас си купив купачи она во истиот момент исти такви купи. 6.Си купив шалвари отиде таа со мајкаи скрос истите ги купи. 7.Јас земав нов телл. она одма како мојот да купи. Ако ова не е копирање незнам што е.На мајками не и пречи ама мене да зошто познаници викаат еј ова ви е исто, други ќе речат се имаат исто па близначки немаат толку исти работи како јас и другарками.Има уште многу примери итоа за исто девојче се да имаме исто ни боја да се разликува
Поради копирање се скарав со мојата „најдобра другарка“ па сега што сака нека прави, кога не е своја...
Ко што сум искрена,дирекно влице кажувам дека тоа го прави одма по мене и дека нејќам тоа да го прави повеќе и тоа што го направил да го нема веќе.А кога не успева се налутувам па сакале нејќеле па по мое ке е
Ќе ги гледам додека уживаат правејќи го она што го правам јас, па откако ќе завршат со филмот ќе им го плеснам во лице да си најдат нешто свое и да си прават. Се лутеле, не се лутеле.. јас важно да си кажам што си имам и мислам
Тоа ми се случува многу често и го доживувам како неискажан комплимент, личноста што ме копира само сака да биде бар во нешто слична на мене. Кога ке го забележам тоа си помислувам, абе, срцка, можеш да ја носиш косата како мене, да го купиш истото фустанче или кондури, накит...ама никогаш нема да бидеш јас.
Смешни се таквите, ни сами незнаат што сакаат. Јас вообичаено ги игнорирам и ги избенувам, повеќе сакам да имам уникатни пријатели
Ми се случувало да ми го копираат стилот на шминка на облека, ама игнорирам , сепак поминувам преку тоа, од такт ме вади исто кога некој нема сопствен начин на изразување и мора да ме копира мене и некои мои зборови кои си ги измислувам јас а не се во ниеден вокабулар..да не можел раат човек да си има сопствени зборови само за себе
Ako nekoj te kopira, znaci pravis nesto kako sto treba..I.ne mi preci sekako, no za zal kopija e samo kopija taka da ne se zamaram mnogu so toa..sreka jas nikogas ne ostanuvam bez idei pa nemam potreba od kopiranje Thank God
Море што сакаат нека прават кога ќе ме прашаат од каде ги купи му велам не знам мама ги купила а мене ми се бендисаја кондуриве. Да бе исти како мојте хахха
Иако ме иритира толку многу и ми се иде да ги задавам сепак се смирам и кажам им индиректно. Некогаш на кафе ќе одиме, или у школо и гледам да го извртам муабетот за да им текне. А ако после тоа пак продолжи им кажам така и така, прекини да правеш се шо правам јас и готово. И повеќето прекинуваат да ме имитираат, а тие што продолжат, ги прекинувам сите врски. Дека, другарките ние самите си ги бираме.
Што можам да правам, се нервирам. Но за среќа. сега тоа не се случува. Сега само дечко ми ме копира Имав една другарка која за се ме копираше, малку ми сметаше тоа, сепак другарка ми беше, не можам да се лутам и расправам.
Ауу јако. Порано ме копираа во некои работи што ги правев ама самите се откажаа.. ( ваљда се што правам не е по лесниот пат ) Ни тогаш ни сега не се замарам. Оригинал си е оригинал, а копија си е копија, таа разлика секогаш ќе се препознава.