Ништо само ме нервираат. Зар се до толку смотани да си направат нешто свое? Светот сака оригинали не копии
Абе и јас не ги регистрирам ама ме вади од такт кога пример: ќе ми текне, ќе си ја навиткам косата и ќе ставам една голема шнола никој што нема ставено дотогаш (повторувам: ПРИМЕР) и ќе се случи не ќе ме приметат толку луѓето, па утредента другарка моја да ја има направено истата фризура со истата шнола и да се шетка наоколу среќна,да ја приметат и да и речат неа: еееј супер фризура, како ти текна беее? и сите честитки кај неа,а таа да се смешка не ќе си пукниш в кожа? И нека не биде фризура, топик на мсн нека е или на фб, да ти го преземе некој, па некој што не го приметил кај тебе да и напише: еееј супер топик. Значи пример кажувам, не ми текнуваше друго. Мене ми се има случено, една не ми е ни другарка ни ништо, ме виде дека сум фарбана и не чекаше мн.и таа да се исфарба со истата боја. И ми иде и ми вика: еј, и ти имаш ко мојава боја? Лелеее како се погодивме исти. Едноставно неможеш да останеш рамнодушен на некои работи... А кога нема вакви ситуации едноставно си се смеам кога ќе ги видам, па и интересно е да си му идол на некого
Многу се нервирам!Тие немаат свое ЈАС и како што викаат се китат со туѓи перја! А после заслугите за прекрасната „идеја„ одат кај копијата
Лани за нова година бев да купам нешто ако има на попуст , не планирав да фрлам многу пари за облека . Без со другарка и видов нешто во една продавница , и вика не ми е убаво и јас си го пробувам . Ми стоеше добро , си го купив и вика добро ти стои и јас ќе си го земам . И така си бевме исто облечени за нова година . Од такт ме извади ова .. ама си преќутев. Знаев да купувам блузи , да ми дава пари да купам иста таква за неа . Еднаш и земав ама друга боја и грда ( намерно ова ) Другпат сакаше како моите фармерки и и реков дека нема да и стојат зашто е дебела . Злобна сум ама кога се нервирам правам такви работи . Јас никого не копирам , не сакам никој мене да ме копира. Од една страна гледаш дека ти завидуваат и сакаат да бидат како тебе , ама од друга страна се нервираш .
постои заштита на интелектуална сопственост бе.....патентирајте си ги работите мала шала иначе што се однесува до тоа дали ми пречи што ме копираат....па не премногу, само ако претера...е тогаш збеснувам и јас копирам или подобро да се изразам крадам идеи од списанија, од телевизија....од се околу мене, НО најбитно е што ги применвам на мој начин, онака како мене што ми одговараат, ги прилагодувам на мојот стил и начин на живот....никој неможе да биде 100% оригинален, секој црпи инспирација од нештата околу него.....сте се запрашале ли дали на вашите идоли им преши што ги копирате (ова е за оние кои имаат идоли) ??? оправдувам копирање или како јас тоа би го нарекла инспирирање од некого, но притоа да се стави личен печат на работите, односно да се видоизменат и прилагодат...да не биде тоа фотокопија по секоја цена...зошто тогаш е веќе бедно....само бледа копија и ништо повеќе... успат приметив на темава коментирала членка која копира и тоа на големо, а тоа се познава по мислењата на форумот....иако не ја познавам лично приметив дека нејзините постови многу наликуваат на други во даден момент...дури и истата конструкција на реченици ја користи....жалосно, ама сепак има време ќе созрее можеби ќе оформи сопствен начин на изразување, се гледа дека сеуште лута и неможе да се пронајде себе си
Гоу тоа ти се вика зајакот му рекол на магарето дека има големи уши, а Дамбо се скинал од смеење. (се разбираме и истото го приметив и јас само преќутев )
Се согласувам со Гоу дека не е возможно некој да е апсолутно оригинален во денешно време доколку е социјализиран и писмен. Ако е сам на пуст остров без никакви извори и средства за информирање и комуницирање,тогаш може да креира и да се фали со својата уникатност. Сите копираме и имитираме ,повеќе или помалку и тоа е е во ред,имајќи во предвид дека е апсолутно невозможно да се оградиме од влијанието на медиумите и воопшто на сите луѓе со кои постојано комуницираме. Но,сепак постои и разлика во копирањето.Едно е кога си одбираш сам нешта кои ти се допаѓаат и кои не треба да се само и исклучиво да се поврзани со една личност(макар била и селебрити која сака нека е)и на свој начин ги вклопуваш и усогласуваш со сопствениот стил и така постепено си го градиш.А сосема друго е кога од глава до пети се копира имиџот на некој,и тоа по принципот copy paste,кога не се вклучува ни грам мозок и комплетно си ја убиваш индивидуалноста,пример за ваков сама се себе убијал е копирањето на Ријана од страна на Сека.Мене ми е тоа смешно, очајно,дебилно и одвратно.
абе ќе се пронајде девојката...зајаци-магариња се тоа произлегло од реалниот живот.....туку си викам и на сама себе и на вас сите дајте да не глумиме лудило...зарем има некој кој е оригинален...секој од некаде нешто видел....нели да не се правиме најпаметни и најпоштени копирајте ама со мерка т.е. инспирирајте се а за примерите кои ги имате наведено со другарките....тоа е веќе бедно и мизерно, за да падне човек на такво ниво да краде идентитет треба да има 0% самодоверба жалосно.....во секој случај бидете свои и секогаш чекор пред другите...оставете ги да ве следат
Нека си копира кога само тоа го може,а за да те копира мора да има нешто .. Ич не им се замарам на таквите,нека продужат далеку нема да стигнат
Порано многу ми сметаше некој да ме копира, не дај боже да имаше некој како мене блуза или фармерки не ги носев. Многу ме изнервира една бивша другарка кога купи исти чизми како моите и и викам абе ја и ти исти чизми имаме и ми вика не бе овие се малку подкачени, ме прави будала при чисти очи, ама ништо не и реков си поќутев. Нека копира, ама како мене не може да биде НИКОГАШ! Имам забележано едни од други многу си копираат слики на фејсбук и статуси исто.
Па што знам .. ни е за смеење ни е за жалење .. Не сум будала да коментирам свашта ! Едноставно гајле ми е Животот ме научи да бидам флегма за вакви работи .. Ако некој неможе да биде оригинален и мора да биде копија моја не ми пречи воопшто
Ги жалам таквите. Си немаат стил на живот, па крадат од другите. Но не ми смета, доколку тоа не почне да преминува во границите како на пример да купуваат иста облека како мене и слично. Така една другарка ми направи, купив едно џемперче и ми го виде, ми кажа дека и се допаѓа и утредента ја гледам со исто такво и ми дојде ми се испофали Е тоа веќе ми е иритирачки. Ма гајле ми е, колку и да се трудат, никој не може да биде тоа што сум јас А и општо, никој не може да биде тоа што е некој друг.
Не обрнувам внимание, искрено. Нека ме копираат ако сакаат, не ми смета многу, но за некои работи знам да се подизнервирам. Пр. За матурата со една имавме исти фустани и ми сметаше така -така и ми дојде на маса таа и се испонаша нешто ама ја "залепив" и реков дека мене поубаво ми стои фустанот и си замина. А инаку многу се нервирам кога некој го копира тоа што го зборувам, пр.јас ќе речам нешто и по некое време ( минута, час) ќе ја слушнам брачеда ми истото го вели како нејзе да и текнало или пак ние ќе купиме нешто ( двд, систем) и тие (брачедите) по неколку дена или недели - тап и тие одма Ама општо не се замарам, ако немаат сопствен стил, речник или идеја нека ме копираат, гајле ми е
Си се смешкам, нема проблем ако немаат свое јас нека копираат Жални се бидејќи најчесто тоа го забележуваат и другите а не само јас...
Тоа е една да не речам единствена работа што најмногу ме нервира. Ги има премногу, но најмногу ме нервираат оние девојки кои се прават како мене само за дечко ми да им обрни внимание. Вчера ми се случи тоа кога стварно се изнервирав дури и маусот си го скршив. Девојкава напишала на мсн име исто како моето (мене ме нема од кај другарка ми видов) на фб., ставала реге песни кои ми се мене омилени. Ја ставила оваа слика што ми е на фемина. И за крај пишала I reggae. Излегувам чаршија ја гледам девојкава..копија моја..останувам цела Слична облека па дури и две суканици си направила. Абе копија ... Се изнервирав многу но сега искрено ми е смешно бидејќи сето тоа го прави само заради дечко ми.
Лелеее мразам кога некој ме копира до вчера имав една таква другарка која се гледаше од мене уфф колку само се нервирав ама сега ја шутнав не само поради таа причина има и многу други ... да не набројувам
ме многу ме е гајле што сакаат нека прават ако и дошло до копирање нека копираат ако не знаат како да се облечат итн...имаше повеќе девојчиња што ме копираа,завист,љубомора...ама мн ме е гајле..девојки едноставно не се замарајте,оригинал си е оригинал