Не се замарам не обрнувам внимание за разлика кога бев помала мн се нервирав сеа имам многу поубави и побитни раб во животот
Смешно ми е, никако не реагирам, а многу се обидувале да ме копираат. Сега скоро не ми се има случено.
Се радувам. Тоа значи дека јас сум оригиналот. Затоа што само оригиналот сакат сите да го копираат. Копија може да биде секој Да се живи и здрави копиите. И вечно да не копираат
Боже сачувај, кај смее мене некој да ме копира. Ни под разлог. Вакво совршенство само еднаш раѓа Џизс.
Единствено што сум приметил да ме копира некој е брат ми кога бевме помали, бар во музички поглед и облакање. Не ми сметаше, мислам дека тоа е дел од улога на постар брат.
Јас не сретнав ваква тема али ако има слободно избришете ја. Пред се сакам да ве прашам дали ви се случило некој да ве имитира? Мене моментално ми се случува тоа и не само што ме копира во тоа што го кажувам, туку купи и иста ташна како мојата. Страшно ме нервира тоа. Еднаш се скарав со неа од оваа причина, но беше тука кога ми беше најтешко па некако и простив. Моите ми викаат да не се карам да ја прифатам каква што е и дека нема никој совршен, сите сме фалични малце. Но, јас го гледам тоа како нешто страшно.Многу ме интересира ваше мислење, дали вие размислувате исто како мене дека е лошо тоа? Дали можеби вие сте копирале некоја личност или секогаш сте се труделе да бидете свои? Јас да па колку и да грешам некогаш, сум гледала да бидам најсвоја и без да се преправам да бидам како некој друг само за да му се допаднам. Еднаш ми кажаа дека таа е патолошки лажго, но што и да е мислам дека сепак не е во ред тоа што го прави. Што мислите вие?
Лошо е според мене тоа. Што мисли другата личност дека може да биде како таа некоја друга што ја имитира? Не. Никогаш нема да биде она. Зашто е толку тешко да се биде свој? Мисли ли дека така повеќе ќе и се допадне? Баш напротив според мене. Повеќе ќе се оддалечи. Еве ако погрешно размислувам слободно кажи. Мене ми некои ми рекоа дека е убаво тоа значи дека добро правиш нешто чим ме копира.
Купувањето иста чанта не е копирање, мене повеќе ми изгледа дека е твој комплекс да си единствена, никој да нема работи како твоите. Ако на некој му се допадни чанта, облека, што и да е, без разлика дали ти е другарка или не има секакво право да ја купи, не имаш само ти право над неа. Колку пати со другарки сме си купиле исти работи па никоја не реагира вака. Самата си кажуваш дека си гледала да бидеш "најсвоја" , ама тоа нема врска со облеката, секој си ја комбинкра на свој начин.
Па и да си мисли другата личност дека може да биде како таа што ја имитира, што има врска? Остај ја нека си мисли. Ако тебе те гаѓа тоа во его, ти си имаш проблем со твојот идентитет. Мене не ми е гајле некој да ме имитира, негов живот, негов избор. Whatever, ништо не ми мења.
Имам купено иста блуза како другарка оти ми се свиѓаше, викам од кај ја купи? Вика таму и таму. Отидов си земав слична. Нит се налути нит дијагноза ми постави.
Искрено,не да се фалам,ама навистина имам добар стил за облека.И потоа забележувам по некое време онака како што сум јас облечена исто така и некоја друга ќе се облекува,или косата како што ми е средена така и ќе си ја средуваат,или пак како зборувам а зборувам стандарден македонски јазик и потоа сите се трудат така да зборуваат.