Наместо да го гледаш тоа како нешто лошо, некој ОД ТЕБЕ ЗЕМА ДЕЛ ОД ТВОЈАТА ЛИЧНОСТ, стил, вкус, итн, затоа што нема доволно од тоа „јас“, гледај го како нешто добро, КАКО ПРИМЕР ШТО ТИ НЕКОМУ МУ ГО ДАВАШ за да си ја изгради својата личност, вкус, стил, како нешто што го додава на себеси, благодарение на тебе. Всушност, имитацијата е сеприсутна во животинскиот свет, а имитацијата кај луѓето е уште повеќе изразена, затоа што е комплексно животно. Не можеме да избегаме од имитирањето, тоа е колективно и неизбежно. Неважно е во крајна линија, кој од кого зел, а кој дал сѐ додека е во добра насока. Не гледам што ти можеш да изгубиш со тоа што му даваш пример на некој друг. Тоа повеќе значи дека ти имаш повеќе идеи, во конкретниот случај. За нешто друго, можеби, ќе „преземеш“ нешто од неа, или од некој друг, свесно или несвесно. Сфати ја имитацијата, како меѓусебно инспирирање, а не како „крадење“. Ако така гледаме, сите ние „крадеме“ на овој или оној начин. Тоа е основата на целата колективна култура.
Ова звучи многу несигурно. Ако како што ти велиш дека си оргинална, своја, тоа никој нема да може да ти го земе, особено не со купување на иста ташна... Да не те потресувам ама таа иста ташна ја има во големи количини, може било кој да ја купи.
Имам една пријателка која често ја гледам на фб и е стварно добра во тоа што го работи. Небитно што, ама доста инспиративна е. Секогаш ја посочував како пример за човек што ужива во тоа што го работи и треба да е модел за останатите. И еден период почна да пишува безвезални постови како еден е оригиналот и останатите бледи копии па како луѓе краделе идеи демек идеите она ги измислила, трудот и желбата е тоа што ја делеше од другите, идеите можеше со неколку клика на нет да се добијат. Воглавно, очигледно беше дека си патела од посебнитис и во моментот кога луѓе почнаа да ја следат или копираат, се почувствува страшно загрозена. А требаше да биде горда што ете нешто ќе смени на подобро. Очигледно желбата да биде единствена била поголема. Се разочарав искрено, баш кул ми беше претходно Што беше овде муабетот, ташна?
Најубава си, најзгодна, најбогата, ташна најубава имаш, најубаво зборуваш македонски... Епа затоа те имитираат. А со мужите како стоиш, они те имитираат ли?
Една феминка ми кажа дека била патолошки лажго и она имала таква другарка. Еве неколку примери: еднаш и реков дека пијам б-комплекс и она одма вика и јас, после почнав да ги започнувам речениците со знаеш дека, а она не правеше така и кога ме виде мене и одма почна и она, друго она го викаше Господ ја го викам дедо боже еве ја почна и она така да го вика и вакви примери има уште многу… За секоја ситница викаше и она дека го правела истото или имала. Претходно сум немала ваква другарка и затоа ми е чудно сето ова што го прави. Што мислиш дека и е целта?
Те идеализира и те имитира затоа што (потсвесно) те гледа како подобра од себе и сака да биде како тебе.Сигурно и самата е малку несигурна во себе. А за работите што вели дека и она ги прави, можеби е само случајност и навистина ги правела и претходно.
Ја мислам дека имаш вишок време за да го анализираш секое движење на другарката. Што се однесува до ташната или шо и да е, ако не сакаш да има никој како тебе порачувај си нека ти изработат или купи од место каде што има буквално само едно парче. Инаку ако не е другарката, ќе биде некоја друга. Колку години имаш ако не е тајна?
Сигурно и Блаже Конески го земал за основа нејзиното зборување при формирањето на македонски стандарден јазик.
Нема да ми смета воопшто ако некој нешто купил исто како мене пример и јас сум правила така. Значи ако нешто ми се допаѓа не значи дека ја копирам, ми се допаднало истото нешто и јас сум го купила.
А е остај, ние кога растевме, со другарките уште гаќите што не си ги позајмувавме една на друга... Сега децава очи ќе си извадат за нешто исто ако имал некој или па чуј исто староградски збореле хаха све бетер и бетер идеме, што луѓе ќе бевме.
Не,не не ми смета воопшто,туку напротив ми е многу мило.На таков начин ми се зголемува самодовербата.
Хахаха,мажите ме имитираат во ставот,како се однесувам, и како зборувам,а жените како се облекувам,косата ,чевлите....А за најбогата не сум најбогата,воопшто,не носам брендови,во плакарот имам и алишта купени од 100 ден,ама знам добро да го искомбинирам тоа па затоа добро излегува на крај. Хахаха можеш и сиромашен да си со стил. Ама не е работата во стилот туку во душата,има луѓе облечени од глава до пети со стил, Зара Мара ама за жал немаат добра душа.
Па не звучи така како што пиша, некако доста осудувачки спрема девојката настапи. А ако самодовербата ти се покачила од некоја иста ташна како тебе што купила, делува како да си бааги самобендисана. Нормално е тоа, не е дека луѓето сакаат да се ти, едноставно сакаат да си купат убава ташна и не гледам зошто прво ти сметало, а сега викаш ти ја кревало самодовербата. Убаво ти кажаа, ако сакаш уникат, тоа се плаќа. На крај ќе испадне дојде да се пофалиш.
Хахаха ти и јас не се разбираме ! Овде не се работи А купена чанта.Туку начинот на однесување. Се гледа дек никој до сега не те копирал, не сакал да стане како тебе,па затоа ова не го разбираш. Ајде имај убав ден и не цитирај повеќе мои мислења! Кисс
Не ни сакам да ме копираат, една сум Не може да не те цитирам Што да разбирам жено за ташна се напна, очигледно имаш или комплекс некој па бараш рачка на било што да си кренеш самодоверба или си стварно нарцис. Како и да е, не е добро, поработи на тоа
Хахаха,кој рече дека сум напната за чанта.Напротив,не сум. Само што ме копираат и сакаат да се како мене.А мене тоа ми годи,бидејќи знам дека им се допаѓам.Не иницирам кавга,туку дискусија.И ако си добар во нешто или успешен,ЛУЃЕТО ИЛИ ТЕ КОПИРААТ ИЛИ ТЕ МРАЗАТ ИЛИ ТИ ЗАВИДУВААТ- цитат од безвремен писател. Поздрав!