Не ни мора да е копирање , ако поминувате многу време заедно логички е да присвоите заеднички карактеристики на пример . Не знам може да е узречици едната што ги користи и другата да почне несвесно. Како и да е , не сте центар на светот , модата е таа горе доле , ако се дружите со истомисленици нормално е да имате слични алишта и муабети.
Meне не можат да ме копираат, можe само да ми се фатат. Нарочито оваа @Celltica тука што нешто ми се прави уникатна.
Ou yea @ElenaBUTTERFLY pesnava e kako za tebe fensi shmensi Sekoj vo svoj film da ne znae covek dali da place ili da se smee na vakvi ko tebe P.s. Se izvinuvam ako sum gruba AMA mi stois prilicno lesna vo pametot, prosta si a voedno imas i siromasen(da ne recam ulicen recnik) . Taka da mozes samo da se lazes deka si dama so prefinet recnik. Imaj edno na pamet lugeto sto navistina se nekoj i nesto vo zivotot svesni si se i ne odat po ulica ili po forumi da se falat kolku dobar stil imale, intelegencija i ne znam shto.
Да прашам нешто ама сериозно, сакам овие уникатниве да ми одговорат. Ви кажал некој досега дека сте оригинални, или сами себе си го доделивте тој епитет? Инаку, тетка Ники да ви каже, досега сите уникатни што ги познавам ептен уникатно завршија.
Леле стварно без везе е таа членка... Спојлер Ноџињава омилени почнаа да ми стануваат Немаш пишано за што да ти се фатат
Треба нарцис тежок да си да мислиш дека некој те копира, голема е веројатноста да се поклопат исти или слични интереси, мислења, стилови така да смешен тинејџерски муабет ми е ова...
Во врска со надворешниот изглед и облеката, не сум забележала некој да ме копира, веројатно затоа што стилот не ми е нешто уникатно и невидено, напротив. Сосема едноставен. Но и да забележам дека ме копираат, ќе го сфатам како искрен комплимент и веројатно нема да реагирам.
Да речам дека не презирам такви особи, ќе излажам, оти имаат крадлива природа. Настрана јас, општо ако видам некој да копира било кого, не ми се допаѓа таа личност. Особено ме чуди како е можно возрасен тоа да го прави, приметно да се труди да биде како некој друг.
најпрво секогаш се нервирам...потоа многу се смеам АМА сфаќаш дека си прв и дека другите те следат..Најверојатно правиш нешто убаво чим го прифаќаат и го прават
Ништо не правам. Го гледам како позитивна работа. Обично и во друштво несвесно се копираме едни со други во изразување, па мислам дека е знак за сличност и блискост. Така да ако некој би ме копирал, има веројатност дека би се согласувале во некои работи. Повеќе е шанса за зближување, отколку да гледам негативно на тоа дека имаат некои лоши намери.
Ништо. Секој си има право што сака да прави. Не сум крива на некого што му се свиѓа што правам Тие луѓе не ни можат да достигнат во животот друго, освен да копираат.
Вака тежок карактер ко мене незнам дали некој воопшто и би сакал да го копира. Незнам до сега дали некој ме има копирано.
Дали треба нешто да се направи кога некој те имитира? Значи како живот без компас да имала се додека не ме запозна ама веќе почнува да ми смета. Јас работа сменив она по мене дојде. Јас розев кармин таа розев кармин, а не се шминка никогаш. Пет години работи само втора смена, а јас само прва, и сега и текнало ќе прашувала за и таа прва. Јас влегувам во пекара, таа по мене. Јас косата плетенка, утредента таа плетенка. А никогаш не сменила фризура, секогаш во репче. И цело време ме прашува нешто, очигледно за после таа да го примени. Последно дали сум одела по долги или кратки на работа. Јас прва, таа втора и не се гледаме. И викам по кратки. А таа одела по долги. И вика и она по кратки ќе одела. Значи до толку некој да нема своја имагинација и поим за животот не можам да разберам. А темен тен е, никаква шминка и со карминот розев е како по грешка да го ставила, воопшто не и одговара и црна коса. Јас сум бела и плава коса имам и ми одговора розев. Ме потсеќа на прво одделение кога од мене препиша дете моето име и презиме кај него. Од мало значи детето треба да се остава само на себе, значи ако не може да отвори нешто остави го нека пробува, а не се на готово и после појма немаат, никаква креативност никаква идеја. Само знаат да копираат.