Другарка ми ме копираше цела година.Аууууууф каква нервоза беше тоа. Сите гледаа и знаеа,а таа имала свој вкус,никогаш не копирала,случајно се облекувала како мене,а 3-4 пати ги има истите работи купено како мене...Не се дружам веќе многу се неа и фала богу престана
Е и јас имам ваква другарка. Кога треба нешто јас да купам , или сум купила , неа не и се допаѓа. И една недела или месец после тоа, таа си го купила истото! На почетокот се нервирав...ама сега си викам Батали ја! некреативни, празни луѓе, без идентитет...гретока ми е
нема за шо да се нервирам, едноставно ги жалам луѓе без свое јас, ко ме копира, барем нека кажи постер да му дам од мене аххааахха позз
Не се нервирам кога ме копираат ама ми е смешно зошто луѓето си немаат свој стил во животот.Иначе имав другарка која ме копираше буквално во све, кога ќе купев нешто веднаш и таа го купуваше истото парче гардероба.Еднаш купив еден убав џемпер и ми го зема 3месеци да го носи додека не си нашла и она ист таков ама кога не си најде по продавници го однесе на плетачка да и соплете ист таков бидејки морала и таа да има ист.
Најлошо е кога во фаца ти зборува дека убаво си се облекувала, дека тоа многу добро ти стоело.. и истото утре си го купува и со него се прави како во облаци да е. и нормално сите прво нејзе и го приметуваат затоа што се перчи и мислат дека ти ја копираш.. - мојот случај има другарки кои ќе си купат исто, ама тоа не го прават на таков начин нити толку често. И јас знам некогаш да видам од некоја другарка, ама не стално од една иста или стално да гледам од некого
Таквите луѓе очигледно немаат свои животи па се огледуваат на туѓите,така да не се ни замарам кој ме ископирал.. Тие што ме знаат,знаат каква сум и која сум,уникатноста за мене е една од најдобрите особини на човекот.Тој што не ја поседува секако ќе ја прекопира од друг.ма ајде !
Па искрено ме нервира кога некој ме копира било тоа дали е за некоја изрека,облека,статија на фб итн..Но таквите луѓе се греота,што друго да кажам Имам една другарка која во уста ми гледа што ќе кажам,за она да каже нешто слично и да испадне дека ние сме тооолку слични..Пробува да си го мери г*от со мене ама кога не иде-не иде!Чека да кажам нешто и да каже Да да..Исто..Тоа мислам и јас,да да во право си! Ахххххххххххххх...патетично зар не?
Пукам од нервоза, мислам дека ќе експлодирам, многу ме нервира кога некој ме копира зарем не може да си изгради свое ЈAС! Ама затоа секогаш велам: Колку полоши копии толку подобар оргинал!
Навистина премногу е глупаво кога некој ве копира! Многу мразам вакви работи, а кога некој тоа го прави, многу ме нервира! Едноставно не разбирам како неможат свои идеи да имаат и да пробаат да бидат оригинални, и по нешто да се разликуваат од другите...но сепак постојат личности на кои полесно им е да направат нешто што некој друг го направил...но со тоа само испаѓаат глупави и паѓаат на многу ниско ниво!!!
Ухх..Ги мразам ваквите..Другарка ми е иста..Ме копираше и на фејсбук и на школо..А што е нај јакото??!! Најдобра другарка ми беше...Сега се скаравме нешоо...И такаа..Многу ја мразам..Ме копира цело време и јас не можам да ја поднесам...Сеуште е ваква..!!
нешто за кое најмногу сум се изнерирала е баш тоа...значи бевме другарки од мали и одсекогас сакала да биди како мене ... ме копираше буквално во се си преќутав ..за на крај кога јас се мажив, таа одма по мене, со првиот што и налета,а шо е најлошо проба да биде буквално иста невеста како мене...среќна сум со тоа не и успеа баш како шо планираше и сепак сите рекоа дека таа е таа без свое јас сто само посака да личи на мене но секако тоа не и успеа ни надворешно ни внатрешно..среќна сум што веќе не е ни дел од мојот свет и мојот круг на драги луѓе...и убаво ми е што си олеснав тука душичка...
сакаат ама неможат посто јас сум си една и единствена сите други се пак копија и лосаааааааааа инаку нисто не правам оставам пат за такви луге сто немаат свое јас
ГИ МРАЗАМ СИТЕ ШТО КОПИРААТ ! За статус , незнаат што да напишат , ке го ископираат и после кога ке им речеш , НЕ го видов и се лутат
Јас имам една другарка што малце дури и нападно делува затоа што кога ке си купам нешто одма ме препрашува од каде е колку пари е и такви сл.работи.Aјде тоа и не ми смета толку блиска другарка ми беше па можам се да и кажам,меѓутоа ме нервира кога истото тоа што сум го купила јас утредента или по неколку дена гледам и таа си го купила без разлика дали и стои или и е чист промашај.Oва не е некакво фалење ама само мене ме имитира а има и др другарки што се облекуваат убаво.Или кога ке отидев кај неа на гости мајка и нејзина кога ке ме види одма ме прашува се таа па бетер е од ќерка и.Лани баш се сеќавам зимото беше отидов кај нив дома и си седам така јас и мајка и седеше со нас и ми ги видела чизмите и ми вика од каде ти се,колку пари ги купи има ли броеви уште и.т.н и и вика на ќерка и утре да одиш и исти да си купиш(тогаш се носеа и уште се носат тие што се без штикла високи до под колено некаде лаковани)и другаркава и вика па ја таквине носам сакала со штикла повеќе.По неколку дена отидов пак кај нив и ми вика гледај што си купив и ми ги покажува чизмите мене ептен ми беше за никаде затоа што што и да си купам ме копира и ми вика уште сеа ке имаме исти баш убаво па може и заедно да искочиме на кафе некогаш хахахахаха какви луѓе постојат
За жал решив нисшто да не правам туку да и се смеам само на таа особа една другарка која не ми е толку блиска на дечко ми од другар девојка уствари,приметив дека почна многу да ме копира.купува исти ствари како мене ме прашува од кај сум купила ако не најде исто слично,еве купи исти чизми ко моиве ,и приметив дека има иста козметика како мојава значи нонстоп кога е кај мене ми влага у веце и ја нема пола саат а таа све разгледала какви пудри имам маскари шампони капки за коса,кога да видам нареден пат ги наредила на биро и тоа исти ко моиве да ги видам исто почна и косава да ја носи како мене ако имам шишки и таа исто,кога се ишатирав и таа,ако на свадба сум носела таква и таква фризура-таа одма на прослава некоја со иста фризура и тоа е несакам да и викам ништо,плус и многу е терсене,а и кога ќе подразмислам малку па и добро е некој да те копира значи идол си му , ти дава ко мплимент
па ништо не правам ама нормално дека ми пречи тоа да бидеш излезен со некој кој е исто облечен како тебе.предходно се дружев со една која си немаше оформено некој стил на облекување и се што имав јас и таа го имаше да ве прашам дали е тоа нормално на секоја нова година да сте облечени со другарка како близначки ма ајде смешно е тоа па и цела вечер не се делеше од мене значи буквално исти од глава до пети фала богу веке не се дружиме ми олекна.таман завршија маките дојде друга со исти проблем повторно купува исти работи како моите облека ташни и се друго е тоа ти е кога човек не знае да се облече ке го гледа другиот наместо да си изгради свој сопствен стил по кој ке биде препознатлив.
Пречи да те копираат...Но искрено немам такви не-креативни луѓе во мојата околина Мразам кога ќе видам цело друштво другарки во диско со ист кармин и исти фризури, јајце на јајце (така лошо ми делува, што просто не можам да ги гледам). Пример има едни што често ги гледам по Зазабава и Кадевечер. Шатирана коса, зелен молив за очи и розев кармин - сето ова се зачинува со вештачки темен тен и надградби на нокти ---> ефект: МИСЛАТ ДЕКА СЕ ГЛАВНИ хаха
Пак ќе прокоментирам на темава, од причина што имав една ситуација во скоро време во која испадна дека се копираме со колешката една со друга Изборот на облека во Скопје е многу мал, за оние со мал буџет па некако врти-сучи сите ги поседуваат истите парчиња облека, но тоа може да се среди со различно комбинирање. Да се вратам на случката....бевме заедно со колешката на шопинг и јас си барав палто, таа веќе имаше купено едно од поодамна, јас пробав неколку ама сите ми беа големи....само тој модел како нејзиниот ми беше точен и после 3 саати шетање видов-невидов морав да го купам зошто ми беше потребно такво палто и сега имаме исто, тоа незначи дека ја копирам, се разбира го носам на поинаков начин и поразлично ми стои од неа Пред некој ден пак бевме на шопинг и си купивме исти фустани во различна боја, што да правиме кога ни се допадна истиот фустан, сега само се договараме да не го носиме во исто време Всушност ова не е копирање, но некој од страна така би помилсил За крај, не ми пречи да ме копираат....никогаш копијата неможе да биде иста на оргиналот
Еве ви интересна случка како мене почнаа да ме копираат во фрузурата Бевме нашколо и имавме физичко. Одам во пресоблекувална и држиме по две- три паралеки одеднаш час и во пресоблекувална полно девојчиња, мене косата ми беше собрана настрана во обична плетенка. Влегувам, слекувам палтото, и само што почнав да се пресоблекувам гледам веќе некои од прва почнаа да си ги плетат косите како мојата или на исти начин или во плетенка ама на средина Тогаш не ми пречеше ми изгледаше смешно, штом ме ископираа значи убаво изгледало И секогаш е тоа точно дека копијата не може да е иста со оргиналот
Спојлер ^^ Гоу, ако изборот на облека во Скопје е многу мал, тогаш што се случува за другите градови?? Ми се има случено некој да ме копира. И тоа моја поранешна најдобра другарка. Комплетно, стил на облекување, изразување, гестикулации. На почетокот се нервирав многу, ама потоа видов фајде нема и си кулирав. Си викам, што има да се нервирам јас за тоа? Со тоа што копира покажува колку е некреативна и независна, пијавица. Не се карав, едноставно решив да се оддалечам од неа, да не комуницирам повеќе. Јас сум задоволна од мојот живот, си имам свој стил, не копирам никого, а таа ене ја сега, во најлошо можно друштво, почна да ја копира најлошата во тоа друштво, а оваа „паметна“ почна да и пере мозок и да ја манипулира.. Ама што да кажам, сама си е крива. Во принцип сите што копираат некого (намерно) се зависни луѓе, залутани во околината и без свое јас. Хах, Лукс ме претркнала..