Ќе ја изгледам убаво (ако се однесува до облекувањето) и само у мозочево си викам Спаси ја Боже.. А ако ме копира онака во однесување е тогаш дури....има караница
па зависи за што м копира...ако ме копира по форумов некој мило ми е бидејќи тука јас сум јас без никакви маски , се што мислам си кашувам ...ако ме копира некој во живо ,на ушилиште в чаршија почнувам да го надоградувам мојот стил бидејќи тоа го сваќам како личен КОМПЛИМЕНТ
па коа ме копира некој свесно јас само иронично ке се насмејам и усвет ке фати..хахахахахахахаха се шаламм )))
Ако ме копира во облекувањето, и' се допаѓа мојот стил или го копира бидејќи нема свој. Ако ме копира во моите идеи, способности, изјаснувања, нема свој карактер и го бара на најпростиот можен начин. Ова е моето мислење и се држам до него, па затоа лесно се снаоѓам со таквите луѓе
Хахах, мене ми е убаво чувството кога некој ме копира. Идол сум и. хехехехе Шала на страна, не ми пречи ако ме копира некој, сепак таа е само копија, оригиналот си е оригинал. Оригиналот се познава од далеку!!
Често ми се случило да ми ископираат: текст, фотографии кој што лично јас сум ги сликала, многу идеи па и начин на однесување и облекување, кога бев помала многу се нервирав и често знаев да им кажам на тие што ми ископирале да избришат(доколку е текст или слика) бидејќи тоа не е нивен труд, јас сум се потрудила и сум била креативна да направам нешто, но сега не се замарам многу многу, но не е убаво да се китат со туѓи перја.
Бидна тоа времето кога како малечки во основно некој ќе купеше стегач во боите на виножитото и сите трк - купуваат ист таков. Денес ваквите работи ми се незамисливи и смешни и обично за таквите имам најголема доза на сожалување која може да ја пронајдам во себе. Фала Богу си имам одбрани луѓе околу мене, секој со свој изграден став, оформен во една зрела личност, кому не го интересира туѓата работа, ниту навики. Пресреќна сум што секој си е различен на свој начин, никој никого не копира, и сите се почитуваме меѓусебно. За тие останатите кои се справуваат со ваков проблем, што има да се каже, освен - High school is over!
Хмм...кога некој ме копира...заземам поза и позирам... Шала на страна, немам убаво мислење за тие што копираат (не се дооформени личности), ама во секој случај тоа би била само бледа копија, оригинал си е оригинал .
Во прв момент кога ќе видам некој дека ме копира се изнервирам, но кога подобро ќе размислам...тие не се мачат да го употребуваат својот мозок туку гледаат од другите, иако сите имаме иста големина на мозокот Можеби и јас некогаш некој сум ископирала но не ептен и мислам дека со тоа никој не сум навредила
Мразам кога некој прави copy-paste .... Ме нервира кога човек нема свои идеи,нема своја креативност, па налесна варијанта е да копира и да го применува кај себе. Го оправдувам однесувањето кое она што е мое и моја осмисленост да биде поттик за да се создаде нешто ново. Но кога некој не знае што сака па го одбира тој „полесниот“начин за да се оправда себе си, но во лажно и туѓо светло. Секој си го одбира патот по кој ќе чекори
Искрено кажано до сега сум имала неколку другарки кои ме копирале најчесто во стилот на облекување ,фриизура и шминка , а неретко и мислења, но моментално една моја другарка очајно ме имитира, што дури не знам ни како да се поставам веќе со неа ,сепак имам и други пријатели и дечко, и навистина ми е незгодно кога тие луѓе ја гледаат потполно исто облечена како мене , со иста фризура , па дури и боја на коса , чевли , чанти и шминка,па дури и сака да почне да оди на јога со мене само затоа што јас ја сакам, а претходно се обложувам и дека никогаш нема ни слушнато за јога ,фенг шуи и медитација.Последно нешто што ме полуде е што девојката дури сака да слуша и иста музика како и јас ,а апла гледам дека не и лежи и никогаш не го сакала тој тип на музика ,туку најверојатно очајно се обидува да изгради стил па не знае од каде да започне, иако не ми е јасно како некој нема изградено став, стил,имиџ на 23 години. Од сега натаму ќе се обидам некако да и кажам , затоа што ова не е само униформираност, јас имам специфичен имиџ и сакам да си останам и доследна и препознатлива по него. Искрено мислам дека на таквите личности треба во лице да им се каже, а подготвена сум и да и помогнам да изгради свој стил , а и секој кој има ваков проблем треба да го направи истото,т.е. можеби треба да сфатиме дека способноста за самоодредување и детерминација не ја има секој.
Кога некој ме копира тогаш акциите ми се креваат до небо Нз не се нервирам затоа што од ена страна морам да признаам ми ласка кога гледаш дека некој те гледа како пример ти се восхитува .... Од друга страна затоа што ***НИЕДНА КОПИЈА НИКОГАШ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОДОБРА ОД ОРГИНАЛОТ ***
Па кога првиот пат ќе забележам ми е непријатно и не знам како би изреагирала, а потоа се смеам . Но тоа всушност ме невира. Не знам што можам да направам во овој случај, да речам зошто ме копираш? Не го носи тоа? Ако толку сака нека ме копира, со тоа само комплексите ми ги лечи .
на оваа тема толку многу пати сум дискутирала ... јас го имам многу цесто тој проблем работата е во тоа сто некогас ми е симпати4но зосто е толку о4игледно и сите знаат која е копијата или пак кога другарките ме копираат во облекуванје или некои фрази сто ги користам но сепак не ми смета тоа зосто си признаваат во стилот те копирав хаха ...но најмногу сто ме вадило од такт е кога некој толку оцигледно ми ги краде идеите стилот ева не ми се верува па озгора на се се прави улава.ситуација, ги купува истите парцинја облека ама скроз исти па и ми вика еееее иста ни е маицката каква коинциденција а пред два дена ме прасува од кај сум ја купила ми иде да ја убијам исто со таснава си купив ја оригинал луј витон таа ја купува истатааааа ама плагијат и ми вика ееј гледај исти ни се таснивее леле во вакви ситуации верувајте ке се збудалааам ама не слуцајно е казано NE E DOBRO DA SE KRADE NO KOGA VEKE KRADES KRADI OD NAJDOBRIOT!
Се нервирам првите 15 минути, додека не се подсмирам и не им кажам на луѓето дека таквото однесување ми пречи. Од секогаш сум се издвојувала од останатите, дали по облека, или фризура небитно...И секогаш купувам нешто ми се допаѓа, без разлика на тренд... Па токму поради тоа веднаш забележувам доколку некој направи такво нешто, и очи ми пара таа појава, па морам да се соочам со личноста. Јас одсекогаш сум заљубена во стари работи (винтејџ стил) и со мали корекции на некои парталчиња од мајка ми, добивам уникатни прекрасни парчиња. Еднаш носев здолниште (од мајка ми) и една „другарка“ со која едвај муабет правев ме праша од кај ми е, (јасно ми беше што сака да постигне зашто и пред тоа често се случуваше да забележам дека ме копира), изнервирано и одговорив од Манго. Цурата се дрзнала, пошла во Манго барала и се распрашувала и другиот ден лута ми беше зошто сум ја излажала
Sekoj treba da bide originalen. Originalnosta go odlikuva covekot, negoviot karakter, licnost. ne e licnost kopijata. Toj go glumi DRUGIOT. [mod-kirilica:350aonv1][/mod-kirilica:350aonv1]