Игнорирам. Се случувало, и е многу фрустрирачки ако се повторува, но впрочем не се заморувам толку со тоа бидејќи на некој начин ми е потврда дека добро го правам тоа нешто (во кое ме копира) и ми докажува дека таа личност всушност не е изградена, па се обидува да го прикрие тоа имитирајќи некој друг, т.е. се обидува да биде нешто што во суштина не е.
Лелее темава. Јас онака иам некои луди идеи на пр со облека и сакам да експериментирам и ги реализирам не се срамам да излезам така на улица, хах, и после од коа ке пројдат коментарите оп уште 10 девојчиња ке го напраат истото и ај сеа тренд-.- и на фб сликите уфф ама ај тоа, не зборам за секој детал или идеја дека е копирање ама да земеш неш и да го ископираш како целосен "проек" тоа богами е мизерно..
мене многу ми смета на пример кога ќе си купам нешто и ме прашуваат онака еј колку ти е убаво ова од кај ти е и по еден ден гледаш исто си купила.посебно ме нервира кога некоја другарка што излегуваме заедно ќе си купи нешто исто.мн грдо ми делува така кога ќе видам исто облечени.
Обично, не се нервирам многу, а и додуша немало некои толку драстични моменти, се до пред некое време. Леле не ми с еверува што ми се случува. Една девојка која што ја запознав пред неколку месеци, како поминува времето се повеќе ме иритира. Прво кога се запознавме ми велеше дека никогаш не запознала таква личност како мене - целосна нејзина копија, ептен сме биле исти, а јас не видов ниту една допирна точка, освен музиката(за што сега веќе знам дека нема врска), и некоја серија. На почетокот мислев дека е случајност, но веќе ми стана морничаво. Си ја скратив косата од многу долга во кратка над раменици - другиот ден и таа го сторила истото, и на фб ми вели леле каква случајност. Океј, можеби. Најдобриот другар ми го окупира и гледам како си го присвојува, и почнува да ме тепа љубомора, ама се воздржувам и се обидувам да игнорирам. Почна да се однесува како мене, т.е. да употребува мои реченици. Океј, не сум ги измислила јас, секој може да ги користи. Се скарав со дечкото, за еден ден и таа се скара - СЛУЧАЈНОСТ. Направив голема глупост, се опијанчив на журка. После неколку вечери, раскажува како таа се опила и ред други „подвизи“. Јас носам црно - која случајност, нејзината гардероба започна да менува боја. Ме нервира, и можеби јас сум ти едно љубоморно чудо, а сето ова е само СЛУЧАЈНОСТ,ама мене ме нервира..
Ништо. Што треба да правам? Да ги истепам? Од една страна тоа ми претставува комплимент дека некој се воодушевува од тоа што го правам/зборувам/носам и едноставно сака да биде како мене. Тоа се личности кои немаат свој живот и пробуваат на еден начин преку другите да допрат до самите себе Ако тоа ги прави среќни немам ништо против
тиее Personal Message често копираат од мене -.- е добро де, и јас некаде сум го прочитала тоа, ама понекогаш ке ми текне нешто, после кога гледам дека е ископирано... own:
Ме копира и тоа е многу жално. Да немаш доволно кликер за да си изградиш свој стил на облекување размислување, понашање. Ма ке и кажам некој ден кој ку*ац.
Не прочитав мислење каде некоја ќе напише - ЈАС КОПИРАМ ...можеби е случајност, сепа неверојатна сите овде да се копирани....а ниту една да не копирала, можеби свесно и намерно можеби несвесно, можеби не сакаме да признаеме.....за ситница или за некоја поголема работа, девојки па сите сме копирале некого Пример - се возам во автобус и гледам девојка која убаво искомбинирала некои бои, или пак некој накит кој и јас го имам дома, но не ми текнало на тој начин да го искомбинирам....во следна прилика веќе имам идеја како јас да го искомбинирам,зарем не е тоа копирање За она слепо следење и копирање за кое сите зборувате, јас го нарекувам обожување на некоја личност, или пак ајде како што милуваат да кажат во етерот - модна икона Немам идоли, не сум обожавателка нечија, но копирам идеи кои ми се допаѓаат Кога ме копираат, дај бе да не глумам лудило, па ми ласка тоа и си ги кревам акциите освен ако е без мерка копирањето па да ми се згади од личноста и нејзиното однесување
Баш истото ќе го кажев. Мене во суштина ми е мило ако некој ме копира, ако види некое убаво парче кај мене и си го купи истото, искомбинира на ист начин, почне да вежба, почне да јаде здраво...итн. Се додека копира убави работи си велам - па добро е што му служам на некој за пример. За арно, за убаво нека е. И ми ласка истото, да не се лажеме. Познавав една луда женска од Мароко, е нејзиното копирање веќе идеше до манијачки граници кои ни јас самата не можев да ги сфатам. Јас со детски 22 годинки тогаш, таа со тогашни навидум зрели 29. Ќе да е до менталитетот и до тоа дека беше растена во пустина, буквално. In the middle of nowhere. Прво се исплашив за потоа да ми дојде малку жал. Но како и да е, се тргнав на страна од девојката. Освен ова, ништо друго не ми пречи. А да, иако сум оригинал, и една и единствена впрочем како и секој на планетава, толку и знам да се инспирирам. Звучам алибистички сега ко сите писатели кои ги учевме а наликуваа во стилот на некој пред нив - не бе он само се инспирирал Ама вистина е така. Јас се инспирирам но никогаш не ми текнало да копирам нечии постапки или начин на живот, стил, што и да е во целост. Од проста причина што не сакам да сум ничија сенка. Но има луѓе кои се и те каква инспирација и таквите многу ги ценам и гордо покажувам на нив - ете од каде се инспирирав
Имам другарка....многу не прашале дали сме сестри.... 1. Се оптеретив со розева боја...го напнав татко ми ми купи нов мебел за у соба цел розев - После една недела типката си ја обои собата розева, си сошила розеви перничиња, розеви завеси 2. Се офарбав ја плава - после 5 дена и она плава 3. Си купив розев телефон - си купи розева маска 4. Купив чизми над колена - на нејзините чизми си додаваше греачи за да изгледаат ко да се над колена 5. Зачленета е у авон и кога ќе нарачам нешто од кај неа и она ги нарачува скроз истите работи 6. Се опседнав со бела гардероба и си изнакупив бели работи - си купи бели фармерки и бело капутче 7. Отидовме на шопинг, пробував едни црвени штикли ама не ми се свиѓаа доволно па викам ај ако не најдам подобри ќе ги купам - во средата ги купила 8. Почнав да го користам Јаболкчето од Нина Ричи - почна и она 9. Кога искачаме стално ми се јавува и ме прашува што ќе облечам и после ја глеам скоро исто ко мене облечена 10. Иако не сум голем фан на цвеќиња добив 3 саксии со љубичици и си ги стаив у соба на прозор, па сеа мили ми станаа и си се грижам за нив - отиде на пазар си купи цвеќиња си ги нареди у соба 11. Лани се шишав со шишки и она си напраи шишки 12. Кога идеме негде на кафе стално ме прашува што да нарачаме, дијалогот вака ни иде - Што ќе пиеме - Незнам ја нес - Епа ај и ја - Ај и швепс ќе зеам - Ај бе кока кола - Не бе ја знаеш само швепс пијам - Епа ај швепс И уште 1000 други примери, али ај да не оптеретувам сеа, плус се изнервирав додека го пишував постов Случајност???? Ај донт тинк соу И не ми смета што ме копира....ми смета тоа што луѓето што не не знаат незнаат уствари која која ја копира...
треба да си горда што на некој си му пример, но ако продолжи другар ка ти вака, може даимате проблемиод типот исто момче, работно место, невестински фустан и многу други работи на кои ние женските сме алергични да не копираат. другарка ти едноставно не знае што ска, па те копира, нема да биде лошо да разговараш со неа, да и кажиш дека не во ред да на некој нечин те копира,, дека ако ска да ти дите пријателка не мора да те копира, за да ти покажи дека имате исти интереси, но дека секој има свој вкус и дека и таа би требало да го пронајди нејзиниот стил ,дека е таа различна од тебе и дека некои работи што ти ги носиш не а не би и стоеле убаво како тебе, дека има работи кои неа би и стоеле поубаво одколку тебе, дека во некои работи таа би се чуствувала поубаво и би се пронашла себе си, а не се слични или исти како твоите работи, односно работите кои ти ги правиш. тој разговор би бил многу чувствителен и кога не би била внимателна би можел да заврши со голема расправија, па иди колку што можес искрена и нежна и внимателна и полна соразбирање, ако навистина тие другарка ке те разбери, ако не ќе ти го сврти грбот, но тоа е тоа.
И имам неколку пати од околу спомнато у стилот “не ја носи таа јакна исто ќе бидеме облечени’’ или “кога сум кај тебе во соба ко кај мене да сум’’ и го добивам одговорот “па најдобри другарки сме, значи исто размислуваме и ист вкус имаме’’ Еднаш се скара со една заедничка другарка и она и плесна у фаца дека се мене ме копира и дека што праам ја она прави... Али испадна дека наводно заедно сме се договарале да правиме исти работи пошо сме биле најдобри другарки.... А и прилично е препотентна, и да и спомнам нема да се скраме, само ќе испадне дека сум љубоморна или дека не ја сакам... Уште еден пример морам да наведам... Си купив нови фармерки и прво облакање ми се закачија кај коленото на една шипка пред зграда, а дека нови и плус многу си ги сакав, си ги исеков цели и многу убаво испаднаа, ко да сум ги купила такви. Дотичната здрави фармерки зема и ги испосече...БОЛНА РАБОТА
девојкава е опседната со тебе и јас би помислила дека е болна.зошто на пример не ја однесеш на шопинг и кога ќе пробаш ти нешто и таа најверојатно според претходните постапки нејзини ке го проба истото не и посочиш дек навистина не и стпи убаво и не и дадеш нешто со иста намена, а со различен изглед да проба и не и покажиш дека навистина тоа поубаво и стои, идека треба да имапоголема самодоверба и даизгради свој стил. тоа што сте најверни другарки не треба да има врска со вкусот. пробај така со повеке работи помогни и да се пронајде себе си. пабрави нешто што знаеш дек неа навистина нема да и с едопадне илитаа не би била во можност да го направи за да и докажеш дека ти си една и единствена, како и неа, но таа не е ти, ниту пак ти си таа. кога ке види дека не може данаправи нешто што ти можеш најверојатно ке се разочара и ако ти едругарка вистинка ке ти го покажи тоа, тогаш ке ти се даде шанса даи покажеш дек апостојат милион други работи што не аи стојат и таа што може да ги напаравиа ти не. дека таа е различна од тебе и дека треба да го покажи тоа. во спротивно таа е само твоја сенка, а не личност.
Многу добра идеа ми даде... А иначе пошо има куси нозе еднаш и реков дека не и стојат бели фармерки и само ми рече дека не сме сите совршени... Скептична сум некако дека ќе се поправи, али ништо не губам ако пробам.. Фала ти
Игнорирам, тоа боли најмногу. Или некако дискретно ставам до знаење дека ми пречи тоа. А да се карам и да ги губам нервите-никако.