Шо ми ја копираат облеката,па дури и косата :О почнаа моите размислувања да ги крадат, секој треба да има став за нешто,сопствен стил на облекување ..Немојте да копирате бидете свои и уникатни.
Најискрено до сега не ми се случило да бидам копирана..читам и се чудам..сакам розеви штикли, во исто време и се допаѓаат и на другарка ми и таа си купува...Дали ова значи дека таа немала вкус и ме копирала...или обратно.. Па едно време со другарка ми имавме исти фризури, се исфарбавме со иста фарба, бевме црвени како семафор или како некој да ни истурил кечап.. Имавме и сличен стил на облекување, исти жаргони користевме, фрази и сл...ама не сметам дека сме копирале една од друга, туку сме се надополнувале, сме го креирале нашиот имиџ. Можеби затоа што различни ни беа сфаќањата, размислувањата и постапките не сум ни помислила дека се копираме.. Не сфаќам ни зошто се нервирате ако некој ве копира. ..ако некој нешто Ваше применува (тука запрашајте се колку е тоа Ваше или и Вие сте го копирале од некого), прифаќа и често го употребува, ако се води според Вашиот стил на живот, па дури и ако зборува како Вас, треба да се гореете со тоа, значи Вие сте нечиј идол, некој се угледува на вас, сака да биде како вас..тоа е позитивно, а не негативно... Кога мене некој би ме копирал би била горда и би се шеткала со глава крената, значи некому сум му оставила добар впечаток, сум му се допаднала и се угледал на мене.
најпрво знам да се изнервирам тоа секако ама јбг коа некој нема свои идеи и свое ЈАС главата горе и горда сум си значи мене ме копираат јас не копирам никого
Е ова е можеби нештото што наааааајмногу ме нервира !!!!!! Леле, прво се нервирам, потоа ми доаѓаат нагони да посегнам по оружје (огнено или ладно, сеедно иако преферирам огнено, господски) па се смирувам кога сфаќам дека е тоа само бледа копија но и понатаму продолжувам да се нервирам. Уффффф! Ќе почнам за секој мој направен чекор авторски права да си ставам
Mногу ми се глупи, прости, без свое јас луѓето што копираат некого и се трудат да изгледаат како некој само затоа што мислат дека на тој начин ќе бидат како него, ако му се восхитуваат или полесно ќе импресионираат. Се случува да се погоди да сакаш исти работи со некого, не е тоа копирање. Но кај некои тоа е очигледно, тоа се случува кај луѓе кои и немаат свое мислење за ништо и зависат премногу од некоја друга личност. Исто мразам копирање идеи, ќе кажеш нешто и одма глеаш некој друг си ја присвоил идеава ко своја и се фали... ауу тоа ме нервира.
Мислам дека против тоа неможе да се оди. Едноставно кога не некого сте му идол, кога ве гледа како пример несвесно почнува да се облекува, да размислува како вас. Едноставно како ваше огледало да е. Јас имав таков порблем со една моја другарка и знам многу добро како е. Можете само да и сугерирате, меѓутоа тоа нема да помогне многу пошто таа личност е убедена дека не копира никого. Јас на крај се тргнав на страна пошто во мое друштво две јас неможе Инаку многу ме нервираат луѓе без свој став, стил и мислење.
Се случува пречесто... И стварно ме нервира. Се случува најмногу за некои фрази кои ќе ги кажам кои веднаш во рок од пет минути се веќе реплицирани кај некој друг... Нешто што премногу ме нервира е кога ме копираат за состави некои оригинални и креативни реченици и кога ќе станам да прочитам ми се насмевнуваат и ми викаат: „Леле! И јас истото го имам.“ А сум го прочитала тоа... Ме нервира кога ќе ме копираат за стилот ќе направам некоја комбинација и веднаш... Ме нервира кога ќе ме копираат за личен стил на пример каква музика слушам по што се изедначувам, веднаш истото како свое си го прикажуваат! А најглупаво ми е кога на крај кога ќе им кажам јавно пред сите дека ме копираат и дека ми смета ја вртат приказната и испаднува дека јас нив ги копирам... Копирањето ми е навистина нешто што стварно ме вознемирува... И за крај мојов долг пост (не можев да се воздржам прв пат вака да си се изјаснам за мојот став за копирањето без расправии) да го завршам со тоа дека тие што копираат не не прават нас јадни туку самите себе, мизерни се со фактот дека се толку очајни да кажат или направат нешто оригинално што ги коираат сите... Тоа само докажува колку мизерија имаат во себе и колку се патетични што всушност не знаат да склопат ниту една проклета реченица без да повторат нешто! Хухх ми олесна вака да си се искажам..
Ми текна на нешто глупаво ама пак е некој вид копирање. Една другака постојано го пишуваше истото име како мене на фб. Ќе додам буква, збор ете утредента и таа. Ставив надимак пак и таа утредента... ДОБРО ДЕ СИ ВИКАМ СМИСЛИ САМА НЕШТО! И пак сменив се пишав со чуди букви - што ќе видам истото! па почнаа и луѓево да не мешаат. И нормално ја избришав од фб и ја блокирав - ако што се знам добро со неа! ама ме изнервира
Ништо, луѓето знаат да по препознаат оригиналот А и секогаш сум чекор пред другите така да копијата останува копија
Буквално ништо, што би можела да направам побогу да и појдам ко едно време кога бевме мали и кога си викавме „е од утре не ти ги давам моите играчки, така да си знаеш! “. Имав цимерка година и нешто заедно живеевме и го практикуваше тоа да си купи исти фармерки ко моите, иста блуза ко мојата, иста колекција ко мојата. Ајде човек ќе рече случајно се погодило, ама ова беше некако симптоматично цц едно подруго со прилично многу работи, кои станаа како нејзин заштитен знак. Освен што ми се одмилија тие ствари што исто и таа ги имаше и решив повеќе да не ги облечам и сменив дури и козметика друго тогаш и не направив. Само осетив некое грдо чувство, кое не го ни демонстрирав, пошто не ми изгледаше ко нешто битно за покажување.. мада можеби требаше да и ги џитнам преку прозор, пошто токму под прозор имавме контејнер шаааала Ништо прифаќаш и се носиш со тоа де. Ако уште ти се омилени стварите носи си ги со гордост, само глеј да не се погодите дента ко близначки да шетате хахаха
Јас некни бев ископирана во стајлигнот. Моме шо го познавам и шо јако јако ме нервира, си купила идентична блуза како мојата! Дури и се сликала типката и на фб си стаила и ми пишуе на чет „ае лајк ако може?? “ .. Леле како ми зовре ми се идеше секако да ја испцујам и да ја прашам шо и е проблемот. Али не реагирам никако. Добро е да знаеш дека некој сака да биде како тебе а уствари ќе биде само копија!
за болдираното- Уат д фак?!?! Тоа како прво не е копирање, ако некој си купил иста блуза како твојата. Секаде по продавниците има се исти модели и фала богу од секој модел се произведуваат по илјадници исти парчиња облека. И значи сега илјадници девојки тебе те копираат оти си купиле иста блуза а? Ама логика Изгледа не си ја разбрала темата, се зборува за копирање во смисла на комбинација на парчињата облека, употребување фрази кои ти си ги измислила, однесување како твоето итн. А не иста блуза. На пример ако ти си облечеш врз фармерките фустан, и следниот ден некој истата комбинација ја направи е тоа е копирање. Прост пример беше ова.
Таквите луѓе немаат свои идеи и незнаат што да прават....за греотичка мене кога ме копираат им кажувам и не се лутам многу но непак не треба така да прават..нека си измислат нешто а нека не копираат од други
Не ретко сум копирана. Додуша во последно време тоа и не го приметувам, порано или беше позачестено или пак повеќе внимание обрнував. Ме вадеше од кожа ваквото нешто, и премногу време трошев пцуејќи ја дотичната. Не сум давала до знаење никогаш, може да летнел некогаш некој саркастичен коментар само, а да бидам поласкана ни на крај памет не ми паднало некогаш. WTF?! А што тоа треба да прави тоа моме? На шнајдер да шие за да немате иста маица?! Сигурно не си ни ти првата што ја купила истата, та копираш некој друг. Што се не ќе прочитам бре.
Да,но јас веќе превземам некои работи Пратив на таа страна жалба или како се вика дека е копирано Бидејки тоа е илегално