Збеснувам во такви моменти... Имав другарка која во СЕ ме копираше. Многу иритира, навистина! Секогаш и префрлав за тоа, не можам да се контролирам едноставно кога ќе видам дека некој сака упорно да ме замени. Уникатноста не се крие во тоа да го градиш сопствениот стил врз туѓи темели. Затоа што тогаш сепак имаш нешто туѓо. Уникатноста се крие во тоа самиот да ги поставиш темелите, а потоа да го градиш стилот. Затоа што тогаш ќе бидеш целосно свој, а тоа е суштината на уникатот!
Земам пиштол одам кај дотичниот/а и ги пукам во глава. Се зезам. Па, искрено, не правам ништо. Само ќе се понервирам малце, па ќе ми текне дека не ме боли.
Не можам да поднесам кога некој ме копира, ама кога тогаш ќе се помирам со фактот и наоѓам начин да не ме копира!
Според мене малку е нарцисоидно да кажеш дека некој те копира, посебно најдобрата другарка. Денес со интернет комуникацијата и брзата размена на информации многу е тешко да се каже кој е оригинал а кој плагијатор. На пр. црвената коса на Ријана беше и сеуште се копира од девојки од целиот свет, што значи сега дека освен неа никој неможе да биде оригинален со таа фризура?! Немојте да бидете толку егоцентрични бидеќи можеби и вие несвесно сте ископирале нечиј стил.
АКо те копира, не е своја!Игнорирај и крај Спојлер иако на некои тоа му е убаво,и се чстуваат како ИДОЛИ
Си фантазирам како ја шамарам, онака во слоу-моушн после тоа станувам неподносливо дрска, безобразна кон дотичната особа за на крај да и спуштам се‘ што мислам и да ја испратам велејќи: ‘‘патувај чедо мое, патувај и оди што подалеку‘‘
Кога тој некој ќе ме копира, јас ќе го ставам под скенер, и ќе го згмечам, гмечам, гмечам. И на крај ќе го испринтам. За да ги увиди разликите, и дека мене неможе да ме копира. Спојлер Сега озбилно, обично на се одам игнор. Ама ако некој ја премине црвената линија, тешко му се пишува.
Ќе ја копирам и јас нејзе, со што кога ќе забележи дека ме копира мене, ќе сфати дека знам дека ме копира, и дека за да и докажам дека ме копира, всушност се копирам самата себе, и се надевам дека ќе се откаже од копирањето пошто изгледа многу незрело за да се копира некој. Ууууууф. Нејќум копиранции. Арно ама кога идам да копирам нешто во фотокопирница, ми се наоѓа. Така да еден сегмент од копирањето - поштувам.
Се нервирам. Најскрено кажано, се нервирам. Не сакам да бидам копирана.. Страшно ме иритира тоа Зарем при ТОООООООООООЛКУ други идеи на светов, мора моите да бидат земени од одредени луѓе?!? А посебно ме нервира, кога некој се обидува да ме копира во облеката. Ама само се обидуваат Треба да престанат да го прават ова и да имаат свое "JAС''
Многу луѓе у мојот живот пробуваат да ми го копираат карактерот како се однесувам и СЕ! Многу се чуствувам непријатно како со мене да се дружат заради тоа! И во последно време не се дружам со женски само со машки најубаво ми е со нив и тие ме подржуваат во се многу ме сакаат ко нивна другарка а и јас си ги сакам!
Ме копирале и тоа многу... Понекогаш многу ме нервираат таквите личности! Ете на пример имаше едно девојче (на училиште) што во секоја прилика мораше да ископира некого... Еден ден ке имав облечено некоја нова комбинација, другиот ден таа истата/слична комбинација... Ама пак нема потреба да си трошам нерви за такви луѓе, едноставно тие се за жалење, немаат свое ЈАС... Ме копирале, ме копираат, и ке продолжат да ме копираат, тоа го сваќам како еден добар комплимент и ке си продолжам понатаму - те копираат значи ВРЕДИШ, ИМ СЕ ДОПАЃАШ!
Ме Нервираат ! Еднаш на една и реков во очи дека ме копира и дали ќе престане со тоа, а таа кога почна да ми с еправи тука. Еве како беше: - Зошто ме копираш?? Ќе престанеш ли веќе со тоа?? -Оуу, јас те копирам. САКАШ ДА КАЖЕШ ДЕКА НЕМАМ СВОЈ СТИЛ??? Е колку ме налути мис еодеше да и лупнам една ама неможам. Таква сум тивка и секогаш кога ќе ме навредат поголеми или блиски неможам да се одбранам. Се тоа негативно влегува во мене и се таложи и кога ќе дојде до крајот отидам во соба се исплачам и пак како ништо да не е било. СЕ МРАЗАМ САМАТА СЕБЕСИ ПОРАДИ ОВА. НО што да правам едноставно неможам. а мои врсници леле ама спуштам муабети и можам искрено да им кажам се, ама на постари.Грутка во грло ми застана и едноставно неможам
Досега ме имаат копирано многу чупиња,можеби се нервирам ама не покажвам никогаш дека ми смета понекогаш дури и му давам совети како да личат повеќе на мене пример има едно девојче кое многу ми љубомори и стално ме прашва каде си ги кубам веѓите,ако ги кубам сама како бидеќи ми биле многу кренати а таа сакала баш такви и слично еднаш дури се понудив и да ја искубам сама,не ми смета тоа толку бидеќи знам дек сум поубава од неа и од сите останати кои ме копираат и сакаат да бидат како мене,тоа значи дека вредам повеќе од нив
Многу се нервирам. Значи тоа ми е ептен глупаво нешто и јас сметам дека копираат само личности кои немаат изградено сопствен карактер и вкус. Повеќе пати ми се има случено тоан и стварно ми паднало непријатно кога ќе ја видам мојата најдобра другарка облечена на пример со слично фустанче, со случни детали како што сум носела јас пред неколку дена. Значи .... Ако зборуваме, за копирање на дела, однесување и сл. е тогаш стварно не се замарам, тоа помалце ми смета во однос на ова копирањево на физички изглед.