Претежно сум на форумот, читам низ темите. И стандард инста и фб. Поодамна се случуваше да изледам неколку филмови и така.
Седам одмарам пред телевизор и си чачкам по интернет (Facebook, Google, Фемина форум)или правам планови за работа или проверување контролни и писмени.
Пишувам со некој од Фемина кој многу ми одговара за разговор и е многу пријатен. Се надевам ќе се препознае
Уффф...живеам во центарот на Прилеп од сообраќај од луди возачи на мотори кои намерно туражираат на семафор и од стартување со шлајвање немаме мир... Па затоа често доцна легнувам и рано станувам бидејќи одам само прва смена од 6 до 14. Знаеме со ќеркичката добро да се изнашетаме во некои од парковите или слаткарница, а кога ќе заспијат и таа и мм најчесто читам книги или гледам емисии поврзани со готвење обожавам да им спремам храна, некогаш едноставно ништо не правам, по форум си се дружам со вас❤️