Доколку имам за учење ќе учам.Ако има некој буден ќе се чатам со него или еве ко сега ќе копам по стари теми на форумов бидејќи не сакам да доучам..
Избегнувам да останувам до доцна ама кога ќе се случи да останам, не правам ништо продуктивно. Затоа легнувам порано, станувам порано, наутро сум најпродуктивна.
Читам книга, размислувам, правам ретроспективи, понекогаш се оптеретувам и секирам, смислувам планови за кои ретко имам храброст да ги остварам, слушам музика, се едуцирам, цртам... Наједноставно - правам се што ми е драго, или се грижам за она што ме секира. Ноќта ми е суштината на животот. Да го немам ова време не знам која би била поентата на моето постоење... Ако не сум го дочекала изгрејсонцето - ништо не сум направила.