Го чекам овој момент одамна. Прво тогаш обожавам да си ја наполнам кадата до горе + со миризлива купка. Чувството е priceless. По долготрајото капење, се пробивам низ вечниот куп алишта во мојата соба и поврзувам појачало со компјутер. Рокам .
Пејам најгласно што можам,музика си пуштам до даска и уживам во времето кое го имам на располгање,јас и мојот дом..сами..
Искрено немам преголема разлика од тоа кога сум сама и кога се моите дома .. Истите работи.. шо ги правам ги правам и кога сум сама и кога моите се дома.. нормлно само кога сум сама + е шо можам да викнам повеке луге во исто време .. а кога се моите дома нема баш довлно место кај мене у соба .. така да искрено и кога сум сама на моменти ми е досадно кога ги нема моите.. и башка нема кој за јадење да ми напраи ... едно друго хахаха
Најпрво пуштам музика мноогу гласно , па се врткам низ дома и се мислам што да правам. Ама најчесто седам на компјутер или пак во кујна е обидувам да зготвам нешто хаха.
Koга сум сама дома...прво што правам е пуштам музика на сет глас,играм ко луда, пеам на сет глас и никој не може да ме слушне,јадам каде што сакам...едноставно уживам додека трае ахах
Музика до даска, лесно облечена, танцувам како лудак низ стан Понекогаш си комбинирам облеки, пробувам, се фотографирам итн
Пуштам музика гласно и денсам пред огледало (обично тоа ) А еднаш ми се има случено, моите на работа, брат ми на факултет, нас в гимназија патронат, до 16:00 сама дома. Седнав пред телеивизор од 10, FOX LIFE и додека не дојде мајка ми гледав, потоа не знаев ни што сум гледала, ни дали сум гледала...
си пуштам музика на пола глас (оти ако е на цел тешко мене хаха) ама и тоа е доволно, и си играм низ дома... dancing is my passion
Најчесто си читкам. Ако не читам, си средувам низ соба, гледам нешто на ТВ, филм или серија, си ги средувам ноктињата пропратено со музиче, си кулирам бе.