Oбожавам кога сум сама,,,прво средувам,чистам,па уживам....... кафе или чај,цигарчиња,и најчесто музика,фемина или размислувам,сакам некогаш да се изолирам и да бидам самата со себе си. Некогаш си готвам тоа што ќе ми се јаде,гледам тв,некогаш правам третмани за разубавување... Многу ми е убаво кога сум сама,не сакам баш галама и многу луѓе околу мене,а колку обратни работи сакав во средно и на фах кога бев,,,леле ми поминаа лудите години и сега сум за смирени и сталожени работи,тотално поинаква од тоа што бев јас лично не ми се верува кога го гледам напишаново дека јас сум ова прва за забава,друштво и галама бев јас(иницијатор).
Уф, колку ми недостасува да бидам сама дома Со мажот во последно време сме ко сијамски близнаци, по цел ден и двајцата дома дремеме...Инаку кога сум сама дома, обавезно си ја пуштам омилената музика, и си пеам на цел глас. Многу сакам па пеам, ама знам немам баш некое пејачко гласче, па не пеам пред мажето за да не ми се смее. Исто така си пуштам и музика за belly dance зашто и тоа многу го сакам и си играм сама пред огледало . Воглавно си уживам во слободното време, бев некој да ми бара да јаде, чаша вода, па му се мочкало, па кај е ова она.
Јас во принцип не сакам да бидам многу сама дома незнам зашто Еве викендов сум сама дома и обично стално имам некој на гости ,а кога ќе си отидат госитите седам на интернет ,гледам филмови и се излежавам
Па ништо попосебно од она што би го правела кога не сум сама дома. Не знам зошто, не ми е некој евент во животов да бидам сама дома. Секогаш сум научена да сум со луѓе, муабет, викање, музика... Дури и одбегнувам да останувам сама. Сега во Скопје треба некогаш и сама да поседам, па пуштам телевизор за да мислам дека има некој. Се вклучувам на Скајп, фејсбук, чисто колку да ,,има луѓе,, околу мене. Или пак, ќе викнам некој да ми прави друштво, ако нема никој, јас фаќам штрафта. Малку ми е глупо, дури и неизживеано кога олкави магарици, ќе останат сами дома, па ајде, журки, алкохол, другарки, глупиранции... Ми помина тоа интересно. Тешко мене ако не ми поминало, секој ден журчиња ќе правев во станот.
Во некои периоди од животот умирам за ден или викенд на само, а некогаш не можам да се замислам во самотија и не сакам да останам сама по ниедна цена. Кога сум сама, си готвам што сакам и јадам до пукнување, останувам у бањата со саати дури не сијам, филмови и музики се подразбираат. Понекогаш си се шминкам онака за вежбање и пробување нови ствари. Буричкам по плакари по цела дома. Се влечам од кревет до кревет. Пишувам.
Му звонам на дечко ми и го викам на една Спојлер не е на одмет и две жешка партија секс во домашна атмосфера!
Шетам гола и срамежливо ѕиркам кон огледалото. Се зезам Па најчесто тогаш се фаќам за крпата и правосмукалката и чистам ... глупача знам
Го користам времето максимално. Си посветувам време, полнам када, си правам пилинг и некои такви работи, или си го дозволувам на себе луксузот да гнетам како стока додека гледам крим серија. Ништо посебно. Истите работи кои ги правам и кога не сум сама.
Кога сум сама дома умирам од досада и наоѓам луѓе да ги замарам Се врткам низ дома со цел да најдам нешто интересно, ама многу тешко ми успева. Не сакам да сум сама дома