обожавам да сум дома сама...да можам сама би живеела...иначе па што правам?! пуштам музика (конечно не на слушалки), некогаш гледам некои секси сцении од филмовии едноставно уживам
Слушам музика,си седам на компјутер,се што правам и кога моите се дома. А порано имав навика да си го земам далинското и да пеам на цел глас или пак да пуштам музика и да пеам плејбек .
Си варам кафе, си пуштам музика, ком во скут и си уживам пиејки кафе без никој да ме вознемирува. Ретки се овие моменти ама ги обожавам
Пуштам гласна музика, ако сум сигурна дека нема да пристигне тато брзо дома си варам кафе и палам цигарче, вежбам Тае Бо, ако ми е дојдено до муабет си ги викам другарките или братучедките. Најубаво е. Искрено едвај чекам да бидам студент заради таа слобода
Пуштам музика најгласно што можам. Пеам (читај: се дерам) на цел глас, играм, се глупирам, некогаш друштвото ќе го викам и така. Најјако е да си хоум алоун.
епаа,зависи до моето расположение понекогаш едвај чекам да бидам сама за да си се изнаплачам,а понекогаш си пуштам музика и си танцувам до бескрај
Многу ретко сум сама дома и затоа често се жалам дека немам мир и приватност во оваа куќа. И сигурно причината за трескањето врати и веќе три скршени глувчиња се поради тоа шо често се гледаме дома. И маани тоа, сите во пубертет... Во ретките денови кога сум сама си го викам љубовникот Океј начин да се прослави со тоа што нема да бидам сама Дури знам и нешто за јадење да му спремам, па да бидам културна: Сакаш ли сок или домашно вино? Ќе спремам чиниичка со нешто блачко, ќе му ја доближам до главата: А нешто блачко сакаш ли? Главната прослава е најчесто во креветот, каде тој се осмелува да праша: а Босилка? -Остај ја баба ми на мира бре, сами смеее јеј
Па си уживам никој не ме замара, а кога сме со сестра ми сами тогаш ја отвараме книгата за рецепти на мајка ми и пробуваме да зготвиме нешто, до сеа ни успеале само шпагети другото моравме да го фрлиме
Со оглед на тоа дека зивеам сама,кога сакам да сум сама,сама го исклуцувам телефонот цитам се излезувам па седнувам на нет,сијам на рака облека(хоби)
Сега сум сама дома,не отидов на училиште,се ослободив и си седам дома. Да ми се згрее собата и ке се депилирам и ке си ставам чајче а во позадина ке си пуштам музика и ке си уживам. После се тоа ке земам да учам ...(па не е се така совршено)
ууууу обожавам кога сум сама дома обично си седам на компјутер си пуштам некое разиграно музиче и си танцуваам
Ох, кој баксуз сум јас на оваа тема. Имам останато дома само 3 пати, кога баба одеше да размени чек, и тоа само на 2-3 сати. Епа, во тие моменти си пуштам гласна музика, пејам и играм, танцувам, како сакате наречете го. Тоа неможам инаку да го правам бидејќи им тропам многу долу во дневната, а тие неможат да го поднесат тоа. Па затоа тогаш ќе се изнаиграм и ќе се испотам и тоа убаво. Потоа еден туш и како нова сум.
собата под клуч музика до даска и си уживам или па некое филмче ке си пуштам зависи од расположението
Истото што го правам и кога има некој дома, не ми прави некоја разлика, (можам да си играм во моја соба, си пуштам гласна музика и во моја соба и дневна, можам да гледам филм и кога не сум сама итн да не набројувам се) . Освен можеби што можам да си се шеткам разголена. Се друго не ми е проблем кога и моите се тука (т.е. само едниот родител ми е тука, двајцата се само навечер пред спиење, така е направено со смените).
Од кога ќе ги испратам моите со злобна насмевка, си викам во себе итс парти тааајм, и се упатувам право во соба. Се пушта музика по желба, најчесто нешто сексилишс и се игра стриптиз. Потоа, си облакам штикли, и си шетам некое време по долен веш и штикли. Следува најубавото шминкање за цела недела, секако кога нема да излегувам , фризурче некое убаво и си правам фешн шоу. После тоа следат ритуали на бришење шминка, третмани на лице, капење и враќање во нормала. Зависно од расположение и по некој порнич се глеа Епа исто ко 7мо одделенка сум кога сум сама дома, само што не го пишувам споменарот веќе
Во какво стање сум, така и се понашам кога сум сама дома. Не се случува тоа често, ама се случува. Најчесто, палам цигара на тараса пошто дома не пушам никогаш. Баш онака ѓаволски осмех на лице, и чурам на раат. После, ќе рокнам некоја песна доста јако, од комшии немам гајле, во куќа сум па се разбираме. Ќе се обидам да ја доловам песната како оригиналот, и откако добро ќе се изнавикам и притоа ќе фатам некои асални тонови кои не наликуваат на „колење свиња“ се радувам као да сум го освоила Мон Еверест, и ја пуштам пак истата песна, и се обидувам да ја интерпретирам подобро. После следува некоја „shake that ass“ песна и заводливо се тресам као тресалица. Така да, воглавно, имам солистички концерти кога сум сама дома. Ама апла солистички. Трето но и најретко, облакам штикли, ќе се дотерам за мојот сценски настап, и пак завивам.