Уживам. Најпрво правам генералка на собата. Тоа најчесто го правам кога сум сама ( а често сум ) затоа што само тогаш нема кој да вика по мене затоа што многу сум брмчела со правосмукалката и сум тропала. Потоа во зависност од расположение, правам овошни салати, топло чоколадо и слично. Откако се ќе наредам пред компјутер, пуштам некоја песна и завивам по дома. Живеам во куќа, ама ништо чудно да се слуша моето пеење докај комшиите и подалеку. Потоа откако ќе ја истрошам енергијата, легнувам да се одморам, ставам слушалки на ушите и слушам некоја релаксирачка музика.
се како и одбично слушам музика се опуштам некогаш викам другарки и ке танцуваме на омилените песни ке се потсетеме малку ма минатото ке се опуштеме со алхохол (вино вотка виски)
обавезно јадам нешто грицкам гледам телевизија легната покриена со ќебе или пак на компјутер со музика пуштена до даска
Ак имам обврска за учеше или вежбање, обавезно тогаш го користам тоа слободно време,зошто ми е најубаво и најмирно кога нема никоја дома. Или пак седам на форумов,слушам музика,гледам филмче. Или ако сум преуморна,ништо не е послатко од мирен сон
се смеаам гласно ! секогаш ми се дерат моите и сестрами, им смета кога многу гласно се смеам. епа кога не се дома си пуштам комедија и се смеам нааајгласно што можам и убаво ми е
Скоро секој ден сум си сама дома, не по цел ден ама углавном сум сама и ми е досаднооо нема што веќе да правам од досада
Пуштено релаксирачко музиче си се средувам јас и кучето се бањам па го бањам кучето се лакирам,па го лакирам кучето па потоа денсање до бесвест на на омилена музика,играње стомачен танц ,испробување комбинации,може и шминкање итн,итн...П.С обожавам кога сум сама
Книга у рака, ќебенце под мишка и се лоцирам у дневна пред телевизор. Гледам ,гледам ТВ, па читам малце, се масирам со масажерот и заспивам дневна шема Лепота, одмор до даска. Потоа станувам, пуштам музика, вежбам и претежно така ми поминуваат деновите кога сум сама. Прилично опуштено
Правам се што ме забавува и се што ми е ќеф на душата...Музика 100ка и назад .. Суредувам низ дома,и после си уживам