Слушам музика,медитирам,се бркам со мачката,како денес сабајлево до поручекта,бидејки имаше надвор луѓе од кабелска и ставаа некакви гајтани,мачкицава кога почна да ржи,како куче е да се чудиш некој звук произведува кога има некој пред врата,па си се бркав со неа,душичка каква е,многу е плашлива и нонстоп сум со неа кога сум сама дома.Обично си читам на интеренет или пак да гледам телевизија посебно ако начекам некој документарен филм и тоа.
rascistuvam po doma znaci najprvo da sozdadam atmosfera za funkcioniranje i posle pustam muzice taka ubavo i vo pogoooon ili vikam drugarki i se druzime ili gotvam nesto (zasto mn sakam da gotvam ) i na kraj go vikam decko mi na rucek
Kако прво, многу сакам кога сум сама дома, т.е.без моите, а нивните работни обврски за среќа и се такви, што сум навикната постојано да бидам сама дома. Значи, прво-попуштам музика до даска, играм, скокам, се шетам по долен веш понекогаш. Може да пуштам по некој порнич, се опуштам во када максималмо, пеам. Ако ми здосади, се јавувам на другарките и си правиме некое журче, или се вртат трач муабети...се на се, закон е кога си САМ ДОМА
па јас сум секој ден сама така да веќе ми стана досадно..Обично тогаш се опуштам со музика, знам да заиграм да запеам изигравам манекенка...ко да имам 12 години не 22
кога сум сама....а тоа е ретко многу ретко...постојано имам гужва дома и галама.... пуштам музика мноооооооооогу гласно и си уживам или викам некој на гости и пак не сум сама навикната сум постојано да има луѓе околу мене и чудно ми е сама (глуво некако) :roll:
Некогаш сакам да сум сама, тогаш сакам да седам во темница и во тишина и да се занимавам пред компјутер , евентуално ако не го правам тоа спијам
Како помала обично изведував некои невообичаени активности кога бев сама дома.Сега,може да се каже дека го правам речиси истото тоа што го правам кога не сум сама,со таа разлика што е попријатно чувството кога знаеш дека никој нема да вознемирува,прекинува или досадува некое време.
Uzivam...vikam nekoja drugarka na kafe i red-dva trac muabet, ili citam nekoja knigicka, ili pak jas izleguvam ,pa me nema cel den doma,... go vikam decko mi da se mazime, galime,sakame.... ops:
Слушам музика ама најгласно онака а и некогаш си гледам филм без никој да ми досадува .. и сакам да медитирам ,така се опуштам и не мислам на моите секојдневни проблеми
Откако ќе се изнаситам на некое убаво ритамче и ќе се доведам до состојба без здив од играње, започнува филмскиот маратон... посекако со чашка винце... Хм...одамна не сум си приуштила ваква терапија...
Па досега си ги поминував со друштво деновите кога сум сама дома.Ама последниот пат бев два дена дома сама и си кулирав.Долги купки,филмчиња,си експериментирав в кујна,музика в крај пуштена.Сфатив дека така ми е поубаво отколку дома друштво да викам
Четири дена сум сама дома .... што правам ??? Едноставно уживам, си дремам на нет, шетам, шопинг, кафе, муабетче, факултет, прекрасно. Само никако да успеам да си посветам малу време на себе, некако во големи мрзи сум,па само се излежавам додека сум дома
кога сум сама дома користам прилика да пустам музика многу гласно, бидејќи нема кој да вика... и пушам на раат
Сама дома.....го обожавам чувството... Прво спијам до 1-2, па полсе си свирам дур не ме заболат прстите, па пуштам ГЛАСНААААААААА музика, го гасам фиксниот телефон за да не замараат комшии и моите После си уживам во када...и на крај звони некој на врата...кој е ? -ТОЈ! ...и знаете што следува...луда ноќ
СЕ што сакам..незаменливо е чувството зависи од моментално расположение можам да викнам друштво а може и да останам сама и да уживам едноставно. немора да правам којзнае што за да ми биде убаво слушам музика, гледам филмови(можам на раат да се изнаплачам на филмот ), да си изнакупам грицки и чоколади и се дупнувам јадење..САМА во секој случај не е досадно
Боже !..што беше зборот сама дома-не паметам долго не сум била сама дома. Домот ми стана хотел -од пет члена станавме 55, понекогаш многу ми недостасува тоа сама дома
Кога сум сама дома си пуштам музиче и уживам до мене јаготки,топло чоколатце или нешто за прикаснување и уживанција