Тоа се мои моменти и не ги давам на никој Никогаш не сум била од оние кои едно останување дома прават журки и слично.Најмногу штп ме радуваше кога останував дома сама,е што можев да пуштам музика ,со максимум тон,да затворам прозори и да пеам Пустата,не ме бива за пење ама ич ,ама при така гласна музика дури и си мислев дека убаво пеам Се дур еднаш не ме изненади татко ми,додека ја пеев My heart will go on ,можете да замислите какво завивање е било штом он ми се изнасмеа Е потоа ми беше срам некој период,па онака само си слушав музиче,убедена дека така е подобро Бидејќи до скоро играв балет,вежбав кореографии,смислував нови,и ова ми беше најдобар начин за исфрлање на негативната енергија. Едноставно кога бев сама дома,си уживав како што сакам,без миење садови и слични обврски дур не се наближи денот кога ќе се враќаат моите. Не сум се сменила ни денес.Си слушам тивка музика,си седам на нет,на тераса,уживам во миговите сама со себе си
Охоо кога сум сама дома ке пуштам гласна музикаа ке се изнаиграм, или ке пуштам караоке и ке пеамм (повеќе се дерам отколку што пеам ) си ја правам интересна
Го правам истото што го правам и кога не сум сама дома. Не сум била таков тип на личност, што одвај чека да испаднат родителите и да се прави журки
Чистам, раскревам, средувам шифоњер, биро.... сериозно! Добивам силен нагон да направам нешто корисно низ куќа. Најпрво се фаќам за чистење. Не дека куќата ми е нечиста или нешто туку ќе најдам некоја ситница и ќе и се посветам нејзе (средување полици, прередување книги, средување козметика, чистење огледала, ма што ми дојде). Се си е пропратено со фино музиче, фрцкање со задникот и по некој испеан рефрен за среќа подалеку од ушите на било кое човечко суштество Тогаш не ми се искача од дома. Ќе си направам јадење само по мој ќејф, со зачини, тракатанци колку јас што сакам. Обавезно се експериментира нешто И на крај најубаво кафенце сама по мој ќејф или на тераса на лулашка испружена, или внатре пред компјутер испружена како кинеска кралица ... мераци
Едвај чекам да сум сама дома поготово додека сум на факултет во сред колоквиумска или во сесија да можам да си учам на глаааааас
чистам, се лакирам, со саати седам во бања отрештувам музика, ги викам другарките и правиме party, фотосесии се сликаме, итн.итн
Најчесто пуштам гласно музика и играм по дома, на долна облека. Пробувам комбинации од плакарот на мајка ми и мојот. Одам на таван и буричкам во кутиите од на мајка ми и татко ми детството. Цртам на ѕидови, доле во подрум. Има еден бел ѕид само за тоа. Средувам, читам стари споменари и дневници. Лежам и размислувам со отворени очи. Ја полнам кадата со вода, ставам морска сол, редам свеќи, земам каетофонот и уживам.
Ауу, ретко се случува да останам дома сосема сама , а кога останувам музика до крај,и правење лом по мојата соба играм.. понекогаш се чудам како прозорците не се скршија од толку силна музика ахахах , шала на страна обожавам кога сум сама дома се опуштам и едноставно уживам во самата себе !
Прво ќе викнам другарки, кои ќе ме одбијат секако и нема да дојдат. После ќе седнам пред компјутер, ќ си пуштам музиче како и секат т.е нема да трешти од музика. И тоа е тоа. А сум била сама, а не. Кога немаш друштво не е интересно.