Пуштам музика и танцувам пред публика (кучката), секогаш ме гледа со некој чуден поглед во стилот -ми забегуваат домашниве-. Јес да, ова го правам и коа не сум сама дома Почесто знам да се зафатам на разубавување, депилирање, бањање 1 саат, па испробување алишта што долго време не сум ги облекла, шетање на штиклите низ дома... Јес да, и ова го правам и кога не сум сама дома Ми нема разлика
Седнувам на компјутер, пуштам музика и... и... тоа ќе да е. Понекогаш си се шминкам, и после 15 минути пред огледало со таков заводлив изглед и малку денс сесија, конечно одам во веце и си ја вадам шминката.
Убаво е кога си сам но само околу 2-3 саати. После ме. И тогаш да правиш малку партииии. Јас уживам кога моите се на пр. На свадба или сл.и кога знам дека ке се вратат а не сакам да ги нема повеке од еден ден.
навика ми е кога сум сама дома да си чистам, онака мерак ми е ( само тогаш ми се јавува таа желба ) инаку и пуштам гласно музика и танцувам пред огледало ко некоја ретардирана ии исто така ми се јавува и желбата за учење
Home-alone најубаво нешто на свет! Кај мене е ретко да сум сама дома, бидејќи сме 3 деца и + мајка ми и татко ми! Ама кога имам прилика да останам сама дома музика до даска, ечам, рипам, се што ми душа сака правам и по 10 минути (смрт) комшија, (кај мене во зграда сите се многу фини и ќе им кажам што правам, бидејќи знаат дека сум party girl па ме оставаат на мира и секогаш ми викаат: само ти продолжи си!). После си правам кафенце ( ) и си порачувам пица. Од кога и тоа ќе се здосади доаѓа јавување на едно 6-7 другарки ( ), обично носат некој пијалок ( ). После почнува спремање, шминкање ( ) и облекување. Пуштаме музика пак до даска и денсаме. После одима во диско, на роденден, забава ( ), или каде и да сме поканети. Aко таа вечер нигде не искачаме остануваат сите кај мене да спијам, бидејќи мене ми е страв сама дома да бидам ноќе ( ). A ако сум само на саат-два сама дома си пуштам фимче или си го викам дечко ми! . За се сакам home-alone, освен да бидам сама дома ноќе! Moра да е некој со мене или другарка/и или дечко ми!!! Поздрав
- Една од работите што ги правам е си пијам едно кафенце на раат сама, исклучена од надворешниот свет, без телефони, без интернет, само со некоја добра музика (по можност инструментал) во позадина. Овие десет минути прават чуда за мене во текот на целиот ден и без нив се чувствувам загушено; - Си седам на Фемина и си пијам кафенце (убава работа, ептен почнав со кафињава, одма муабет ќе ми излезе дека сум зависник ); - Обавезно зачистувам или правам некој покомплициран ручек. Овие двеве веќе не можам да ги правам ефикасно кога не сум сама затоа што не можам раат да средам, све живо тутори сме у фамилијава (не дека ја сум поарна), само коментираме, де поспоро вози, де стави повеќе сол во јадењето, де пропушти место со правосмукалката. Така уште поголем неред правам. Вака на раат, полека, по мој терк. Ако ми текне нешто друго, ќе се вратам.
Не знам дали е до мене и дали само јас сув ваков тип на човек...ама многу сакам да останам сама дома. Ете многу убаво се чувствувам. Слободно и опуштено. Можеби бидејќи по цел ден има некој во куќава и затоа едвај чекам да останам сама. Кога мајка ми одеше на работа по многу време бев сама. Ќе земев ќе зачистев нешто за да и помогнам. Некогаш се нудев и ручек да направам. Музика, кафе, испружени нозе....уживанција до бескрај
Кога сум сама не може да биде тивко мислам некој ке влезе ова она и затоа и компјутерот ук и телевизорот е уклучен и после или сумна Фб и Фемина или глеам некој филм